Реакција на вработените во Јавното обвинителство против предложениот закон за јавнообвинителска служба
Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании
1Реакција на вработените во Јавното обвинителство против предложениот закон за јавнообвинителска служба
2Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании
3Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
МакедонијаВработените во клинички протестираат против поскапувањето на паркинготВработените од клиничкиот центар „Мајка Тереза“ паузата од половина час ја искористија за протест по одлуката на Град Скопје да се зголеми цената на паркинг местото од 300-та на 800тини денари. Вработените се незадоволни, бидејќи со зголемувањето на цената на паркинг местото немаат никакви подобри услови за паркинг. За нив пред се за персоналот техничкиот, болничари, медицински сестри оваа сума е висока. Претседателот на синдикатот Горан Беговиќ најави дека доколку Градот не ја повлече оваа одлука од утре ќе ги блокираат напалтните пунковти на ЈП„Градски паркинг“. Од Град Скопје не отстапуваат велат дека оваа одлука ќе се спроведе и цената за вработените ќе се зголеми. Сликата за паркинг место во клинички е иста секој ден, метеж, автомобили што работат во место додека чекаат да најдат паркинг место. Изградбата на катната гаража се уште не е започната. На местото каде беше стара гинекологија е само покриено со земја и тука се паркираат возила и се зема пари за паркинг. Двата ветени излези, посебен влез на возилата за брза помош останаа само најава. Граѓаните велат нема никави услови, а сумите се високи. Во Клинички центар дневно влегуваат и излегуваат над три илјади возила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компанииГи презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија.„Добар ден од Истанбул. Овде сум заедно со владина, но и со бизнис делегација присутен. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции. Така што еве веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци, очекувам силни пораки да бидат испратени и продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Јамал „непознат“ за АмериканцитеВирално видео од Ламин Јамал во американски маркет. Нема никој околу него, никој не го препознава.18- годишниот шпански фудбалски виртуоз Ламин Јамал, една од најголемите ѕвезди на Светското првенство, е фотографирана како пазарува во американски супермаркет. Шпанскиот крилен играч изгледа опуштено и се чини дека никој од муштериите не го препознава. Иако Шпанија има големи надежи за него, Јамал се движеше низ продавницата во Форт Оглеторп, Џорџија, сосема мирно и опуштено без вообичаената гужва која го следи кога се појавува во Европа,како да не е светски познат спортист. Lamine Yamal & Walmart is a combo we never expected 😂 (via TT/poopyyyunderwear) pic.twitter.com/th0mDSQ4cv — FOX Soccer (@FOXSoccer) June 11, 2026 Видеото објавено на социјалните мрежи од „Фокс Сокер“ стана вирално. На него се гледа како Јамал излегува од продавница со намирници без никој да го запре или забележи. Треба да се напомене дека младиот фудбалер не носел опрема за шпанската репрезентација и бил околу триесет километри од Чатануга, Тенеси, каде што е сместен неговиот тим. Непрепознавањето на Јамал се вклопува во пошироката слика дека треската на Светското првенство сè уште не ги зафатила Соединетите Американски Држави, каде што американскиот фудбал, кошарката, бејзболот и хокејот се најпопуларните спортови.Тагови: Ламин Јамал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров спроведува дератизација и дезинсекција за заштита на јавното здравјеОпштина Ѓорче Петров продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија.Во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина. Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани. „Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски. Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина. Ѓорче Петров – чисто, безбедно и одговорно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter