50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа
150 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа
3Од 1 септември почнува да сообраќа градски воз од Зелеинково до Скопје, за почеток ќе сообраќаат два воза
2Кумановецот со шизофренија заминува на неколку месечно лекување во Психијатриската болница во Скопје
МакедонијаМицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компанииГи презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија.„Добар ден од Истанбул. Овде сум заедно со владина, но и со бизнис делегација присутен. Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул. Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција. Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции. Така што еве веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци, очекувам силни пораки да бидат испратени и продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
Македонија50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работаОколу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24
ЗдравјеДали роботската хирургија ќе стане дел од македонското јавно здравство?Скалпел во рака на робот наместо кај хирургот.Лекарот не е врз пациентот во операциона сала туку на страна, седи и управува со роботските раце кои нудат милиметарска прецизност, помалку болка и побрзо закрепнување на пациентите. Вака изгледаат првите операции на Урологија со роботика или роботска асистенција извршени врз четворица пациенти над 60 годишна возраст на кои им е отстранет карцином на простата. Сите се добри и наместо подолго време време да лежат во болница за неколку дена ќе бидат пуштени дома, вели д-р Башким Шабани, Директор на Урологија кој учествувал во операциите. Применети се две методи на оперирање со робот апаратот, вели Директорот Шабани, и планот е во иднина да продолжи едукацијата за работа со овој апарат на робот кој не оперира туку асистира и е од Кина и чини околу 1,8 милиони евра. Засега овој апарат е во Македонија но не е набавен, роботот е донесен привремено. Во четирите операции под менторство на проф. Гу Ди освен Директорот д-р Шабани како научен соработник, во робот асистираните операции вклучени се и проф. д-р Огнен Ивановски, доцент д-р Александар Трифуновски и д-р Оливер Станков како научен соработник. Тагови: хирург Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈавна расправа во Собранието за предлог законот за оружје заради усогласување со ЕУ регулативата Физичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишноФизичките лица ќе може да поседуваат најмногу 10 парчиња оружје и да купат до 500 куршуми годишно, ерсофт и пејнтбол направите за спортски игри ќе мора да се пријават, листата на забранети оружја ќе се прошири, а ќе се воведат и построги правила за трговија и трансфер.. Ова се дел од новините кои се предвидени со новиот закон за оружје кој го предлага Владата со европско знаменце. На јавната расправа со собранието од МВР порачаа дека целиот текст е скроен за усогласување со ЕУ регулативата, да се намалат ризиците за јавната безбедност и да се стави крај на досегашните проблеми во пракса. -Овој закон не е пишуван зад затворени врати. Гласот на луѓето кои секојдневно работат со оружјето – ловците, стрелците, стопанствениците, е вграден во решението што го предлагаме. Главните придобивки може да ги сублимираме во три зборови – побрзи процедури, зајакната безбедност и подобри услуги за граѓаните.Јован Алтанџиев помошник министер за граѓански работи. Засегнатите организации како комората за приватно обезбедување, стрелачката и ловечката федерација, ги кажаа своите критики во Собранието. Дел од нив целат дека воопшто не биле повикани за консултација кога се пишувал законот, други пак забележаа дека се воведуваат неприменливи правила. -Зошто за некое оружје за кое се бара само потврда а не и дозвола за набавка, треба да има дозвола за носење? Во овој случај ние сметаме дека е сосема доволен налогот за носење оружје и легитимацијата бидејќи работниците за приватно обезбедување додека стигнат до моментот на легитимација тие веќе ја поминале обуката за ракување со оружје.Верица Милевска Стефановска - Комора за приватно обезбедување. -Успеавме да се зголеми годишната количина на муниција и истата да се купува без одобренија за имателите на оружје, додека истата да биде неограничена за активните спортски натпреварувачи. Исто така голем бенефит е дигитализацијата за поднесување барање за оружје и муниција.Јордан Тасевски –Македонска спортска стрелачка федерација. -После неколку децении исчезнаа зборовите пневматско и тетивно оружје, а останаа само зборовите огнено оружје, што не е фактичка ситуација бидејќи во оплимписките спортови се употребува и огнено и пневматско и тетивно и ладно оружје,-Владимир Пандовски – дипломиран детектив. Постоечкиот закон за оружје е донесен во 2005 година и е менуван 15 пати. МВР одлучило овојпат да изготви целосно нов текст бидејќи поголемиот дел не бил во согласност со европските критериуми. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook