МакедонијаМицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адреса на Скопје на вчерашниот Самит во Софија не се нови – во сила е она што било прифатено во 2022та година како дел од преговарачката рамка, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Барањата кои Бугарија повторно ги испорача на адресата на Скопје на маргините на вчерашниот Самит во Софија не се нови – во сила е она што било прифатено во 2022та година како дел од преговарачката рамка, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Меѓутоа, токму тоа што претходната власт го потпишала пред четири години ќе ја отвори Пандорината кутија на идни барања особено во контекст на работата на Историската комисија, каде има суштински разлики во идентитетските прашања меѓу Македонија и Бугарија, дециден е премиерот. -Јас разбирам дека некој има потреба да манипулира, затоа што потпишал капитулација, затоа што бил политички неуспешен, затоа што бил национално исплакнат, затоа што бил обременет со криминал и корупција и бил подготвен бел лист хартија и да прифати се. Македонските граѓани мора да знаат – не се само промена на Уставот и дел од бугарската заедница во преамбулата. Не, тоа е само почеток, со тоа ја отвараме Пандорината кутија. Следи Акцискиот план, следи работата на Историската комисија, следи Протоколот 2 каде што работата на Историската комисија е само едно од барањата. Таму има можеби едно 15-тина нови барања кои што ние како држава ќе треба да ги исполниме-изјави премиерот Христијан Мицкоски. Од Самитот во Софија претседателката Сиљановска Давкова потенцираше дека барањата од Бугарија не се ограничени на уставните измени туку и од протоколите што произлегуваат од работата на Историската комисија. Оттаму таа како и министерот за надворешни работи – Тимчо Муцунски повикаа на конструктивен дијалог како начин на надминување на разликите, додека пак, од Бугарска страна порачаа да се исполни тоа што било прифатено во преговарачката рамка. Сепак, она што било дискутирано во Софија е сосема различно од билатералните средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Самитот во Тиват минатата недела – посочи премиерот Мицкоски. Иако не откри повеќе детали од средбите, вели и натаму останува оптимист во контекст на придвижувањето на македонските евроинтеграции. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44