Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето - Канал 5

Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето

Во Собранието ќе заседава Комисијата за одбрана и безбедност на која ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето.

Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето

Со предлог-законот за оружјето се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, превоз, претовар и друго и пренесување преку државна граница на оружје.

Со донесување на законот се очекува унапредување на постојните законски решенија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на јавната расправа се поканети претставници од различни институции, организации и експерти од областа на одбраната и безбедноста да учествуваат на седницата и да дадат свои мислења и ставови во врска со темата на јавната расправа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари

На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари, затоа се здружија со над 10 илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик.

Манасиевски: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари

Иако со месеци се работеше на консензус на сите политички партии за носење на нов Изборен законик, коалицијата на Венко Заев и Апасиев излезе повторно на виделина и со над 10 илјади амандмани здружено го блокираат реформскиот закон, односно Изборниот законик.

Венко Заев и СДС свесни дека поддршката ја губат се повеќе и повеќе, директно се спротивставуваат за тоа македонската дијаспора да гласа по електронски пат, со единствена цел да го намалат оној убедлив пораз којшто им следува на следните парламентарни избори.

Венко Заев се плаши од народот и сега, откако претходно го избрка народот од сопствената држава, денеска тој се противи истите тие луѓе кои си отидоа надвор од државата токму поради него и Зоран Заев, да гласаат по електронски пат.

Затоа Венко Заев и СДС одат директно против македонската дијаспора и нејзиното гласачко право.

Од друга страна, Апасиев и Левица алчни за пари, иако претходно им беа прифатени сите нивни барања да бидат внесени во новиот Изборен законик, а тие се однесуваа стриктно само на тоа да добијат што повеќе пари како политичка партија, истите денес го блокираат Законот.

Апасиев и Левица сакајќи да глумат тврдокорни пред своето мало гласачко тело, рекоа дека нема да се потпишат за носење на новиот Изборен законик, а притоа ќе повториме дека сите нивни барања беа прифатени, а се однесуваа стриктно на поголема финансиска можност во делот на финансирање на нивните кампањи.

Почитувани граѓани,

Алармот се вклучи токму кога Венко Заев и Апасиев сфатија дека рејтинзите им одат надолу, па заеднички здружено поднесуваат десетици илјади амандмани, со цел да си создадат алиби за поразот на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму стои со отворен предлог да ги повлечат амандманите, да поднесат амандмани за начинот на гласање и за начинот за поднесување на преговори, а тие да ја поддржат дијаспората да гласа по електронски пат на следните претседателски избори, со кои како држава ќе заштедиме огромна сума на пари.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Калимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...

Оваа уметничка акција и скулптурата на Калимеро имаат цел да нѐ потсетат на две различни, но тесно поврзани неправди.

Калимеро, Македонија и ЕУ – Нема правда...

Од една страна, Калимеро гласно зборува за Македонија, која со години се соочува со бројни неправди и блокади на патот кон Европската Унија. Но, од друга страна, истиот тој Калимеро не може, а да не констатира дека, иако можеби за Македонија нема правда во процесот на европската интеграција, правда нема ниту во самата Македонија.

Недоволното владеење на правото, корупцијата, нефункционалното судство и слабите институции се меѓу клучните забелешки што Европската Унија со години ги упатува кон државата која е заглавена на својот пат кон ЕУ. Токму затоа Калимеро гласно се спротивставува на ваквата состојба и потсетува дека без правда нема ниту достоинствен живот, ниту европска иднина.

Во одередна смисла, Калимеро всушност го претставува обичниот граѓанин на Македонија кој секојдневно се соочува со неправди – од бавно и неефикасно судство, преку корупција, до проблемите во здравството, образованието и јавната администрација места каде владее неправдата против која Калимеро се бори. Затоа пораката на оваа акција е едноставна: сите ние сме Калимеро. Со години ја бараме правдата, а сѐ почесто останува чувството дека за обичниот граѓанин таа е недостижна. Или, едноставно, како што би рекол Калимеро – „Нема правда!“

Преку оваа уметничка интервенција сакаме да поттикнеме јавна дебата за тоа дали правдата ќе остане само ветување или конечно ќе стане реалност – и во македонските институции, но и во односот на Европската Унија кон Македонија. Во спротивно, како и Калимеро кој на крајот секогаш некаде заминува, сѐ повеќе македонски граѓани ќе бидат принудени среќата, достоинството и правдата да ги бараат надвор од сопствената држава.

Акцијата е поставена на плоштадчето кај Ким на прва партизанска и е дело на групата Урбани уметнички акции

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди-Погледнете ја неверојатната трка – еве зошто рекордот не важи.

Видео: Џејкобс истрча 100 метри за 9,67 секунди - но, рекордот не важи

Марсел Џејкобс ја истрча трката на својот живот и го постигна најдоброто време во кариерата, но потоа му соопштија дека неговиот рекорд нема да биде валиден.

Италијанскиот атлетичар Марсел Џејкобс триумфираше во трката на 100 метри, одржана во средата во рамките на турнирот „Austrian Open“ во Ајзенштат, со неверојатно време – 9,67 секунди!

Тоа е третото најдобро време во историјата и само Јусеин Болт трчал побрзо од Италијанецот, но рекордот на Џејкобс нема да биде официјално признаен.

Причината е силниот ветер во грб (+4,1 м/с), кој значително ја надминува дозволената граница, поради што резултатот на Џејкобс нема да се смета за официјален рекорд.

Слична беше ситуацијата и со резултатот на Болт од 9,63 секунди, иако знаеме дека тој и без помош на ветерот истрчал 9,58 секунди, што и понатаму важи како рекорд.

Марсел Џејкобс, олимпискиот шампион од Токио, немаше најчист старт и накратко се најде зад Британецот Ромел Глејв и светскиот рекордер на 400 метри, Вејд ван Никерк.

Но, штом фати полн чекор, Италијанецот силно забрза, се издвои од конкуренцијата и на крајот победи со предност од околу еден метар. Патем, тие постигнаа и одлични времиња.

Ромел Глејв ги истрча 100-те метри за 9,76 секунди, а Вејд ван Никерк за 9,83.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер