Дваца турски камионџии со фалс зелени картони фатени на Деве Баир - Канал 5

Дваца турски камионџии со фалс зелени картони фатени на Деве Баир

Според МВР, на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција.

Дваца турски камионџии со фалс зелени картони фатени на Деве Баир

-На 11.06.2026 во периодот од 21.30 до 21:40 часот на Граничен премин Деве Баир, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Деве Баир ги лишиле од слобода Х.Х.(47) и М.Д.(47), двајцата од Република Турција. При извршени пасошки контроли и гранични проверки било констатирано дека Х.Х. кој допатувал со товарно возило „ман“ со полуприколка со турски национални ознаки и М.Д. кој допатувал со товарно возило „рено“ со полуприколка со турски национални ознаки, на увид приложиле фалсификувани зелени карти за возилата и приколките. Тие биле предадени на полициски службеници во ОВР Крива Паланка и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода

Наместо будилник – ова е звукот кој во шест часот утринава ги разбуди станарите од населбата 11 – Октомври во Скопска Кисела Вода.

Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода

Силниот рафал кој одекнал откако се запали доводната инсталација за струја предизвика паника и страв во најблиската зграда – повредени за среќа нема.

Станарите ги разбудил звук како од рафална пушка, а среќа, во целата несреќа е што пожарот бил рано изутрина, па во тој момент никој не поминал на ова место.

Први на местото пристигнале полицајците, кои заедно со оние кои први се разбудиле по детонациите ги буделе и соседите кои поцврсто заспале и се од другата страна на зградата. Евакуацијата, велат станарите била отежната, оти светлата во случај на пожар во објектот не се вклучиле.. Кој во пижами, кој во долна облека, се бегало во темница со децата во раце и со по некое светло од мобилните телефони, додека чадот полека се ширел нагоре низ влезот на зградата.

-Со децава во раце, голи и боси, кој како спиел така излезе, беше стравично. Го земав детето, немав телефон, среќа пред мене имаше некои соседи, жена ми и другото дете беа позади, тие светеа позади, јас пред мене немав светлина каде да се движам, сосетка една со поголемо детенце ми светеше за да излезам надвор. Малечко е ми е детето, три години, во ќебенце го зедов за да излезам надоле по скали. Општа паника беше, луѓе тропаа, викаа.

Паника, бегање, деца плачат, имаше една комшика и се слоши се онесвести пред гараживе, лоша ситуација се виде. Нас лично, бидејќи сме од другата страна на зградата не разбудија соседите, но имаше и многу соседи кои слушнале како рафал од каблите што пукале. Успеавте ли да се облечете? Јас лично не, како што спиев така излегов.

Жителите реагираат и високонапонските кабли во соседното градилиште, но од ЕВН уверуваат дека не биле под напон и дека засега останува непознато како избил пожарот. Велат дека соработуваат со надлежните институции и работат на санација на состојбата.

-На терен е констатирано дека од непознати причини е запалена надворешна изолација на кабли кои не биле под напон. Пламенот ги зафатил постоечките ормари што ја напојуваат соседната зграда, по што биле зафатени и нисконапонски кабликои во тој момент биле под напон.

Случајот во моментов го испитува МВР, а од Обвинителството велат дека досега немаат добиено исвестување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство.

Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

Во просториите на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, амбасадорот на Република Франција во земјава, Н.Е. Кристоф Ле Риголер, и министерот за правда Игор Филков денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ (CEJ Convergence).

Меморандумот ја утврдува рамката и модалитетите за соработка меѓу институциите во насока на спроведување на проектот, чија цел е унапредување на пристапот до еколошката правда, зајакнување на учеството на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина и поддршка на поефикасна примена на еколошкото законодавство во согласност со европските стандарди.

Во своето обраќање, заменик министерката Лашкоска истакна дека заштитата на животната средина и владеењето на правото се меѓусебно поврзани процеси кои бараат силна институционална соработка, меѓународно партнерство и активно учество на граѓаните.

„Со потпишувањето на овој меморандум поставуваме цврста основа за продлабочување на соработката со нашите француски и европски партнери и за понатамошно усогласување со европското законодавство и најдобрите практики во областа на животната средина. Оваа иницијатива е важен чекор во исполнувањето на обврските од европската агенда и во зајакнувањето на владеењето на правото како еден од клучните столбови на процесот на пристапување кон Европската Унија“, изјави Лашкоска.

Таа додаде дека проектот ќе придонесе кон создавање поотворен, потранспарентен и поефикасен систем во кој граѓаните ќе имаат поцелосен, полесен и подиректен пристап до механизмите за остварување на нивните права во областа на животната средина, како и поголеми можности активно да учествуваат во процесите на донесување одлуки кои влијаат врз квалитетот на животната средина и нивното секојдневие.

Проектот „Конвергенција на климатската и еколошката правда“ претставува значаен придонес кон реформите во рамките на Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, како и кон зајакнувањето на владеењето на правото и демократското учество во креирањето на јавните политики. Преку партнерството со Франција и европските институции, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе продолжи да работи на воспоставување современ и ефикасен систем на еколошко управување, во кој заштитата на животната средина, правната сигурност и интересите на граѓаните се неразделен дел од европската иднина на МК.

Со реализацијата на овој проект ја потврдуваме заедничката заложба на нашите институции и меѓународните партнери за градење поотпорно, поинклузивно и поправедно општество, во кое еколошките права на граѓаните се препознаени како составен дел од современите европски демократии и одржливиот развој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата привела штипјанец кој палел сува трева во околината на градот

Полициски службеници од Штип вчера лишиле од слобода 25-годишен жител на градот кој бил затекнат како пали сува трева во атарот селото Долни Балван, соопштија денеска од министерството за внатрешни работи..

Полицијата привела штипјанец кој палел сува трева во околината на градот

Според информациите, станува збор за лице со иницијали Б. С., кое вчера околу пладне било забележано како пали сува трева помеѓу пат и нива, покрај магистралниот пат Штип – Кочани, во атарот на Долни Балван. во случајот, додаваат од МВР покрај сува трева, била опожарена и една бала детелина, сопственост на 36-годишен штипјанец.

Инаку, изминатите два дена во околината на Штип се случија два пожари, кои беа локазирани, а потоа и угасени во интервенција на поголем број пожарникари од локалната противпожарна служба, како и нивни колеги од територијалните противпожарни единици од Кочани и Свети Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер