Македонски карате херој во Бразилија – Вукашин Јовановиќ светски шампион - Канал 5

Македонски карате херој во Бразилија – Вукашин Јовановиќ светски шампион

Македонскиот репрезентативец Вукашин Јовановиќ (-67 кг) оствари историски успех, освојувајќи го златниот медал на Светското универзитетско првенство во боречки спортови што се одржува во Бразилија.

Македонски карате херој во Бразилија – Вукашин Јовановиќ светски шампион

Во финалниот меч, Јовановиќ се соочи со белгискиот натпреварувач Амин Абделмалки и по израмнета и тактички зрела борба славеше со резултат 2-2 (3-2 по судиско изјаснување), освојувајќи ја титулата Светски универзитетски шампион.

Патот до златото го трасираше со серија убедливи настапи. Во групната фаза ги победи Мартин Асерето од Чиле со 7-0 и Сирапат Чимвонг од Тајланд со 3-0, додека против Иранецот Хосеин Вафа ремизираше 5-5. Како второпласиран во групата се пласираше во елиминациската рунда, каде што со убедливи 8-0 го совлада Кабело Заморан Шоте од Шпанија. Во полуфиналето повторно се сретна со Вафа и оствари победа од 8-4 за пласман во финалето.

Златниот медал на Јовановиќ е четврто одличје за Македонија на шампионатот во Бразилија и најголем успех на македонската експедиција. Претходно, Стефан Стојановиќ освои бронза во категоријата над 84 килограми, машката кумите репрезентација стигна до сребрен медал, а женската кумите селекција освои бронза.

Со овој резултат, македонските каратисти уште еднаш ја потврдија својата конкурентност на највисоко светско ниво во универзитетскиот спорт.

На Светското универзитетско првенство во боречки спортови настапуваат повеќе од 1.500 студенти-спортисти од 46 земји, што го вбројува меѓу најпрестижните и најсилни универзитетски спортски настани во светот.

Резултати на Вукашин Јовановиќ (-67 кг)

Групна фаза:

Вукашин Јовановиќ – Мартин Асерето (Чиле) 7-0

Вукашин Јовановиќ – Сирапат Чимвонг (Тајланд) 3-0

Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 5-5

Осминафинале:

Вукашин Јовановиќ – Кабело Заморан Шоте (Шпанија) 8-0

Полуфинале:

Вукашин Јовановиќ – Хосеин Вафа (Иран) 8-4

Финале:

Вукашин Јовановиќ – Амин Абделмалки (Белгија) 2-2 (3-2)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во четврток и петок во Европскиот совет ќе се дебатира за предлогот за воведување квалификувано мнозинство наместо едногласност при одлучувањето во текот на пристапните преговори за земјите кандидатки. 

Земјите членки на ЕУ неделава ќе го разгледуваат предлогот на Европската комисија за реформи на процесот на проширување

Во пресрет на систанокот еврокомесарката за поршпирување Марта Кос порача дека проширувањето ќе биде можно само за земјите кои ја имаат усогалсено безбедносната политика со Унијата.

„Безбедноста станува се поважна за ЕУ и станува се поважна за процесот на проширување. Не можеме да си дозволиме да примиме нови земји членки кои нема да ја зголемат нашата безбедност, затоа стратешкиот правец станува се поважен. Минатата недела кога ги представивме резултатите од предпристапниот извештај, јасно кажавме дека само кандидатите коишто се во стратешка линија со нас, ќе можат да ни се приклучат“– Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Иако идеја за промена во начинот на одлучување од консенсус во квалификувно мнозинство потекнува од Унијата, дел од аналитичарите не се оптимисти дека предлог ќе помине.

Додека се чека конечната одлука на Европскиот совет за замена на едночасноста со квалификувано мнозинство, за пристапувањето на Западен балкан кон Унијата ќе се разговара и на Самитот ЕУ-Западен балкан кој ќе се одржи кон крајот на ноември во Брисел, на кој ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски кој претходно ќе оствари средба и со еврокомесакраката за порширување Марта Кос. Дали дотогаш ќе има уште една средба со бугарската страна, Мицкоски не прецизираше, но порача дека надминување на блокадата е можно само преку дијалог и прилижување на ставовите меѓу двете земји. Според аналитичарите добор е што дијалогот ќе продолжи, но се скептични дека само преку разговори може да се дојде до решение.

Идната недела премеирот Мицкоски ќе биде дел и од Берлинскиот процес кој ќе се одржи во Црна Гора, која пак денеска затвора три преговарачки поглавја со Европската Унија, наместо претходно најавените две. Според тамошните власти ова дополнително ја приближува Црна Гора до целта да стане членка на Унијата до 2028 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?

Ако се реализира предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците, во тој случај денешниот ден би бил работен бидејќи празникот 11 октомври се падна во недела – токму поради тоа денеска ги прашавме граѓаните што тие мислат за овој предлог.

Денеска е неработен ден, поради празникот 11 Октомври – каква ќе биде судбината на предлогот на комората?

Најголемиот дел од граѓаните со кои денеска разговаравме, а кои го искористија слободниот ден за прошетка сметаат дека законот не треба да се менува – велат за нив неработниот ден е законски загарантирано право и тоа никој не смее и не треба да им го одзима.

– Стопанската комора имаше предлог ако празникот е недела понеделник да биде работен ден, како вие гледате на тоа, еве сега е таа ситуација? Па што знам да ви кажам, сепак треба одмор за овој народ, мислам дека треба одмор и секогаш кога се празници, ако се падне недела барем понеделник да биде слободен, малку со фамилијата да бидеме, сепак ние сме таква традиционална фамилија и сакаме да сме поблиску до фамилијата.

– Треба да остане неработен бидејќи значењето на празниците не е само уште еден неработен ден, туку е давање на почит, за самиот повод којшто е празникот. Така да сметам дека не треба да се гледао д призма на неработен или работен ден кога се има празник.

– Неработен како што си е и досега. (Да си остане вака?) Да. (значи не треба да се менува?) Не. (зошто сметате дека е подобро вака?) За повеќе неработни денови да имаме.

– Искрено мислам дека треба да си остане вака, доколку се промени ситуацијата со просечна плата и како што кажав работното време на работниците да си се скрати, како што е во европските земји, таква статистика треба да се земе предвид, тогаш мислам дека можат да се скратат и празниците, доколку си остане вака мислам дека треба вака да си остане.

И покрај тоа што многу граѓани бараат да нема промени, предлогот на Стопанската комора за кратење на празниците ќе се најде на маса на некоја од наредните седници на социо-економскиот совет, потврдува за канал 5 Ангел Димитров, претседател на организацијата на работодавачи. Според него предлогот на Комората начелно е добар, но допрва ќе треба да се доработува.

– Очигледно е дека треба нешто да се промени таму, не станува збор само за кратење, туку станува збор за поедноставување на примената затоа што во овој момент зависи од вероисповеста – некои имаат повеќе прзници, некои помалку...Па да речеме имаме некои дејности кадешто недоаѓањето на едни луѓе на работа, смета на работењето на другите и можеби тука треба да се поедностави да постојат државни празници, да не се поделени на верски, и кои ќе важат за сите граѓани на Република Македонија, во кои ќе бидат вклучени и дел од овие верските празници моментално,- изјави Ангел Димитров, претседател на организација на работодавачи.

Стопанската комора на 5 октомври го презентираше предлогот за кратење на празниците – Ако државен празник е во недела, понеделник да биде работен ден, а вработените да можат да изберат кои два верски празници ќе ги користат како неработни денови. Идејата на комората е вкупниот број на празници во Македонија од 16 да се намали на 13, а со тоа велат дека ќе се зголеми продуктивноста на работниците.

Сепак, предлогот веднаш предизвика бурни реакции во јавноста – премиерот Мицкоски повика на почитување на стекнатите работнички права, додека за сојузот на синдикати на Македонија е недозволиво граѓаните да работат на празник без тоа да им биде дополнително платено. Предлогот на комората допрва ќе треба да биде испратен до Министерството за економија, а последниот збор за евентуално кратење на празниците ќе го имаат пратениците.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема крај на листите на чекање за операција

Листи со стотици имиња на пациенти што чекаат на ред за операции, но и по година до две не се искачуваат на врвот за да добијат термин за интервенција. 

Нема крај на листите на чекање за операција

Полни се тефтерите и електронските списоци во скопските клиники, но „чаре“ за ефикасен систем и операции без одложување засега нема.

Пациенти од Скопје кои се обратија до Канал 5, но поради страв за понатамошниот третман сакаа да останат анонимни, велат дека и по речиси две години од сообраќајните несреќи по кои им биле вградени метални делови во телото, сè уште чекаат да бидат повикани за нивно отстранување. Стравуваат дека долгото одложување може да им го загрози здравјето, а при секое јавување, велат, добивале ист одговор – операционите сали се реновираат.

Директорот на ТОАРИЛУЦ (Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар) д-р Игор Мерџановски признава дека листите на чекање навистина се долги, од ден на ден дополнително се зголемуваат, а проблемот го гледа во централизираноста на системот во Скопје.

-Ние имаме еден гап, една дупка од 10 години во кои овие болници лоцирани надвор од Скопје немаат кадри со кои што можат да ги извршат овие операции. Па, од цела Македонија притисокот се слева во Клинички, поточно во Скопје.

-.Па листите на чекање нагло растат, не можеме да постигнеме бидејќи постојано имаме нови пациенти кои доаѓаат во Клиничкиот центар, но и во ГОБ „Осми септември“ и стара градска, трите болници што се најмногу на удар. Листите на чекање се високи, долги, незадоволството на пациентите е доста големо...И покрај тоа што ние работиме некогаш и за викенди, имавме некои коментари дека ние сме лекари и треба да работиме 24/7, сетоа тоа е во ред, но капацитетот на кадарот е тој, толку луѓе сме ние. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ.

Мерџановски вели тимови од Скопје одат во Гостивар, Куманово, Тетово и Прилеп за да оперираат и таму, а за проектот за реновација на ТОАРИЛУЦ објаснува дека не е целосно завршен, но е при крај. По хируршките сали сега трае реконстукцијата на одделот за интензивна нега.

-Проблемите можам да ги насочам со текот на реновирањето што го имавме, сите тие работи што моравме да ги направиме, да ги поправиме, но остана уште интензивна нега реновирањето со кое сме при крај. - д-р Игор Мерџановски - директор на ТОАРИЛУЦ.

Операционите сали на ТОАРИЛУЦ двапати беа официјално промовирани – во април и во јуни, но пациентите и понатаму чекаа за операции. И покрај свечените отворања, салите профункционираа на почетокот на август, откако, според објаснувањата на надлежните, биле надминати проблемите со изведбата и завршиле и безбедносните и санитарните процедури. Во меѓувреме, најголем проблем се создаде за пациентите, оние не толку „итните“ бидејќи дел од нив за операција чекаат од периодот пред и официјално да започне реконтрукцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер