Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп - Канал 5

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случила на патот Градско - Прилеп пред исклучокот за Кавадарци. Според билтенот на МВР, во  судирот во кој учествувале две возила со прилепски таблички загинале две лица. 

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

-На 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило ,,шкода" и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф", констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот., информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата привела штипјанец кој палел сува трева во околината на градот

Полициски службеници од Штип вчера лишиле од слобода 25-годишен жител на градот кој бил затекнат како пали сува трева во атарот селото Долни Балван, соопштија денеска од министерството за внатрешни работи..

Полицијата привела штипјанец кој палел сува трева во околината на градот

Според информациите, станува збор за лице со иницијали Б. С., кое вчера околу пладне било забележано како пали сува трева помеѓу пат и нива, покрај магистралниот пат Штип – Кочани, во атарот на Долни Балван. во случајот, додаваат од МВР покрај сува трева, била опожарена и една бала детелина, сопственост на 36-годишен штипјанец.

Инаку, изминатите два дена во околината на Штип се случија два пожари, кои беа локазирани, а потоа и угасени во интервенција на поголем број пожарникари од локалната противпожарна служба, како и нивни колеги од територијалните противпожарни единици од Кочани и Свети Николе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Реакција на вработените во Јавното обвинителство против предложениот закон за јавнообвинителска служба

Вработените во јавнообвинителската служба реагираат дека предложениот нов закон за јавнообвинителска служба, не претставува реформски исчекор.

Реакција на вработените во Јавното обвинителство против предложениот закон за јавнообвинителска служба

-Предложениот закон ги задржува постојните механизми на зависност во управувањето со човечките ресурси, не ги надминува проблемите со недостигот на кадар и не предвидува суштинско подобрување на материјалниот статус на вработените. Дополнително, во верзијата што се разгледува во собранието е задржан постојниот систем на пресметка на плати, велат вработените во обвинителството и додаваат дека особено ги загрижува што законот се претставува како значаен реформски исчекор, а при неговата анализа произлегува дека најголемиот дел од одредбите се преземени од постојниот закон за јавнообвинителска служба, додека измените се ограничени и не обезбедуваат суштински промени во системот.

-Наместо да обезбеди поголема самостојност на јавното обвинителство и вистинско издвојување на јавнообвинителската служба од системот на јавната администрација, предложениот закон ги задржува постојните ограничувања, не ги надминува кадровските проблеми и не нуди решенија за долгогодишните предизвици со кои се соочува службата – се вели во реакцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании

Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија.

Мицкоски во економска офанзива: Ги презентираме можностите на македонската економија, голем интерес на турските компании

„Добар ден од Истанбул.

Овде сум заедно со владина, но и со бизнис делегација присутен.

Ја продолжуваме традицијата на организирање B2B настани и B2B средби, односно тоа што го отпочнавме во Унгарија и тоа што го продолживме во Австрија, потоа со хрватската бизнис заедница на билатералната средба во Охрид, го продолжуваме сега овде во Истанбул.

Нашата цел е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овдека во Истанбул, Турција.

Постои навистина голем интерес кај турските бизнисмени за инвестиции во Македонија, а она коешто ние ќе го правиме овие два дена овде во Истанбул е да ги презентираме можностите на македонската економија и сите оние можности и поддршка што ние како Влада ја даваме за привлекување на странски директни инвестиции.

Така што еве веќе првиот дел од овој настан заврши, очекувам многу успешни состаноци, очекувам силни пораки да бидат испратени и продолжуваме да информираме од нашата билатерална посета во Истанбул, Турција.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер