Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
МакедонијаПерински од Кисела Вода: Сите општини и граѓаните кои живеат во нив се подеднакво важни„Нашата определба е да бидеме постојан партнер на општините и да обезбедиме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна.Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински, оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде одржа средба со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот на општината и општинската администрација. На средбата се разговараше за тековните активности на општината, развојните приоритети, реализацијата на капиталните инвестиции и потребите за понатамошно јакнење на административните капацитети во насока на поефикасно извршување на надлежностите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните. Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството за локална самоуправа обезбедува стручна, техничка и советодавна поддршка за општините во различни области од нивното работење. Министерот Перински истакна дека директната комуникација со локалната самоуправа е неопходна за навремено препознавање на предизвиците со кои се соочуваат општините и за креирање соодветни решенија. „Нашата определба е да бидеме постојан партнер на општините и да обезбедиме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Преку Ресурсниот центар создаваме систем преку кој на нивно барање, ќе им помогнеме на општините полесно да ги надминуваат административните и техничките предизвици и поефикасно да ги реализираат своите развојни цели“, изјави министерот Перински. Тој посочи дека Владата продолжува со силна поддршка на локалниот развој преку капитални инвестиции во општините. „Во рамки на двата владини јавни повици, за Општина Кисела Вода се одобрени вкупно 24 проекти во вредност од 528.529.882 денари. Овие средства претставуваат значајна поддршка за реализација на проекти кои директно ќе придонесат за подобрување на условите за живот на граѓаните и за понатамошен развој на општината“, нагласи Перински. Градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска потенцираше дека директната соработка помеѓу централната и локалната власт е клучна за ефикасен развој на општините, па оттука и денешната работна посета на министерот за локална самоуправа, Златко Перински е исклучително важна. „Ова е можност за суштински дијалог за предизвиците и стратешките цели пред кои се наоѓа Кисела Вода. Во рамките на денешните состаноци, како со мене така и со претседателката на Советот, советниците и раководителите на општинските сектори, разговаравме за конкретни модели за поддршка од страна на Министерството. Од особена важност е што министерството за локална самоуправа стави на располагање Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Ова за нас претставува вреден дополнителен инструмент кој нуди стручна помош и дигитални алатки, што ќе ни овозможат уште подинамично и поуспешно да пристапиме кон изработка и реализација на нашите идни проекти“ Министерството продолжува и во наредниот период, со посети и непосредни средби во општините, со цел зајакнување на соработката и унапредување на локалниот развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново МаалоОпштина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите. „Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку ЗеленскиТрамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter