Фото: Џеј Ло во бикини на филм - Канал 5

Фото: Џеј Ло во бикини на филм

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез повторно предизвика хаос на социјалните мрежи.

Фото: Џеј Ло во бикини на филм

По серијата беспрекорни изданија на црвениот тепих, луѓето имаа можност да видат еден нејзин жежок стајлинг и далеку од гламурот.

Џенифер Лопез работи напорно на промоцијата на филмот „Канцелариска романса“ во кој игра една од главните улоги.

Сега мегапопуларната Џеј Ло изненади со жешко издание кое го покажа во филмот.

Таа „контроверзна“ сцена брзо стана вирална и предизвика разни чувства меѓу гледачите - многумина останаа без здив од еден поглед на нејзиното тело во мало бикини.

Во кадарот латино дивата ужива на плажа во друштво на нејзиниот колега од филмот Брет Голдштајн, а нејзиното издание во бикини привлече најголемо внимание.

Позната по својата нереална фигура на 57-годишна возраст, Џеј Ло не се срамеше да им покаже на своите обожаватели што има на располагање овој пат - нејзините стомачни мускули и прекрасни облини беа забележливи, и не е ни чудо што на многумина им се допадна оваа сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа вчера се случила на патот Градско - Прилеп пред исклучокот за Кавадарци. Според билтенот на МВР, во  судирот во кој учествувале две возила со прилепски таблички загинале две лица. 

Двајца починати во вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Градско - Прилеп

-На 11.06.2026 во 13:30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на експресниот пат Градско-Прилеп, после исклучокот за Кавадарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,шкода октавија" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Р.(51) од Прилеп и патничко возило ,,фолксваген голф" со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Прилеп. Во несреќата на местото починале возачот на патничкото возило ,,шкода" и 42-годишната Б.Б. од Прилеп, спопатник во возилото, а смрт констатирал лекар од екипа на Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило ,,голф", констатирани во Општа болница Кавадарци и бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. Сообраќајот е нормализиран во 17:00 часот., информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

НБА се соочува со нов финансиски тектонски пресврт, а епицентарот на „потресот“ повторно е во Колорадо. 

Никола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

Еден од најдобрите светски кошаркари во последната деценија, Србинот Никола Јокиќ, главната ѕвезда на Денвер Нагетс, на 31-годишна возраст е пред потпишување договор што ќе го редефинира концептот на богатство во светскиот спорт и ќе ги сруши сите претходни рекорди.

Според најновите проекции од јавната сцена преку океанот, Јокиќ е виден како првиот играч во историјата на кошарката што ја сруши магичната бариера од 70 милиони долари годишна плата.

Иако Нагетс претрпеа тежок удар годинава и беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота, раководството на клубот нема дилема, иднината на франшизата е сто проценти врзана за трикратниот МВП Никола Јокиќ.

Пред популарниот Џокер се две опции за продолжување на својата лојалност кон Денвер, двете носат огромни финансики средства.

- Договор со Супермакс: Доколку ја одбие опцијата за сезоната 2027/28, Никола може да потпише нов четиригодишен договор вреден астрономски 278 милиони долари. Со просечна плата од 69,5 милиони, Јокиќ би го симнал од тронот досегашниот најплатен кошаркар во НБА, ѕвездата на Тандер, Шаи Гиљус-Александар .

-Вториот, пократок пат вклучува активирање на постоечката опција со тригодишно продолжување во вредност од 214 милиони долари. Во ова сценарио, Јокиќ веднаш го пробива споменатиот лимит и станува првиот човек во историјата на лигата што собрал над 70 милиони долари за само една сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави

Денеска во работна посета на Истанбул, Република Турција, учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави., објави на својот фејсбук, премиерто Христијан Мицкоски. 

Мицкоски во Истанбул: Учествував на Бизнис форум посветен на бизнис соработката меѓу двете држави

Во своето обраќање истакнав дека Македонија и Турција негуваат традиционално пријателски односи изградени врз доверба, почит и силни врски меѓу народите, а токму тие односи претставуваат цврста основа за продлабочување на економската соработка и нови инвестиции.

Посочив дека Македонија денес се позиционира како стабилна и конкурентна бизнис дестинација, со стратешка географска положба, поволна инвестициска клима, модерни индустриски зони и пристап до регионалните и европските пазари. Турските компании преку инвестирање во Македонија добиваат можност да станат дел од европските синџири на снабдување и да го прошират своето присуство на пошироки пазари.

Нагласив дека нашата цел е да градиме долгорочни партнерства кои ќе создаваат нови работни места, поголем економски раст и заеднички успех. Ги поканив турските инвеститори да бидат дел од развојната приказна на Македонија, држава која има јасна визија за иднината, отворена врата за нови инвестиции и силна определба за економски развој, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер