Костадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“
2Костадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“
Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
2Видео- фото: Шакира ја „запали“ Ацтека: 80.000 луѓе танцуваат на химната на Светското првенство „Даи Даи“
МакедонијаСтрумичкиот суд досега изрече 85 парични казни за непочитување на полицисикиот часОд Основното јавно обвинителство во Струмица до Судот се поднесени вкупно 124 предлози за издавање казнен налог и еден обвинителен предлог.Основниот суд во Струмица досега изрече 85 парични казни во износ од петстотини до три илјади евра за кривичното дело за „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, информира Мариета Дукиќ, портпаролка на Основниот суд во Струмица. Од Основното јавно обвинителство во Струмица до Судот се поднесени вкупно 124 предлози за издавање казнен налог и еден обвинителен предлог, рече Дукиќ. Toj додаде дека одреден број граѓани имаат поднесено приговори на издадените казнени налози и според Уредбата роковите за приговор не течат и ќе се разгледуваат во редовна постапка по завршувањето на вонредната состојба. Граѓаните кои не поднеле приговор треба во законски определениот рок да ја платат изречената казна. Според информации од ОЈО во Струмица расте бројот на пријави против граѓаните од Струмичко кои не ја почитувале забраната за движење и во фаза на подготовка се нови 27 пријави./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров спроведува дератизација и дезинсекција за заштита на јавното здравјеОпштина Ѓорче Петров продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија.Во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина. Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани. „Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски. Општина Ѓорче Петров и во наредниот период ќе продолжи со активности за одржување на јавната хигиена и заштита на јавното здравје, како дел од заложбите за создавање чиста, безбедна и уредена општина. Ѓорче Петров – чисто, безбедно и одговорно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
МакедонијаКостадиновска-Стојчевска: СДСМ предлага воведување на државните награди „Блаже Конески“ и „Ремзи Несими“Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата го поднесе законот за изменување и дополнување на Законот за државни награди, со којшто предвидуваме воведување на две нови државни награди. Овој закон предвидува воведување на Државна награда „Блаже Конески“ и Државна награда „Ремзи Несими“. Советот за македонски јазик, со иницијатива доставена до Владата во 2019 година, предложи да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на македонскиот јазик во земјата и во странство, за која се предлага да го носи името „Блаже Конески“, кој е основач на современата македонска наука за јазикот, лингвист, литературен и културен историчар, поет, прозаист и преведувач. Значењето на „Блаже Конески“ е непроценливо и сестрано: тој е прв претседател на Друштвото на писатели на Република Македонија, претседател на Друштвото на писатели на Југославија, член на првата генерација академици и прв претседател на МАНУ во два мандата, колку да напоменеме некои од неговите достигнувања. Исто така, со иницијатива на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, се предлага да се воспостави нова државна награда за оддавање признание за високи стручни и научни достигнувања од областа на албанскиот јазик и албанологијата во земјава, за која се предлага да го носи името „Ремзи Несими“, кој е лингвист, просветен работник и учесник на Конгресот за правопис на албанскиот јазик во 1972 година. Ремзи Несими е истакнат лингвист, просветител и универзитетски професор со богата научна и образовна кариера и со врвни заслуги за албанологијата во Северна Македонија, но и за едукација на голем број филозофи во земјава. Тој е единствен делегат од Македонија кој на Конгресот за правопис на албанскиот јазик, одржан во периодот од 20 до 25 ноември 1972 година, учествувал со научна тема и е потписник на Резолуцијата за албанскиот правопис. Почитуван од сите албанолози во земјава и во светот, сè до неговата смрт бил референца за секое прашање поврзано со албанскиот стандарден јазик. Прес-конференција на СДСМ , Бисера Костадиновска-Стојчевска, пратеничка Скопје, 12.06.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00Ангелов: Локализиран е пожарот што избувна по удар на гром во близина на Штип08:24Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Сиљановска Давкова по средбата со Јотова: Не се во прашање само уставните измени, туку има и други барања20:15
Култура60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. Две награди за МНТ со Страв и надеж“ МНТ ја доби главната награда гран при за уметничко остварување во целина за претставата „Страв и надеж“ на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“На јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ претставата „Страв и надеж“ е добитник на две награди. Жири-комисијата, во состав: Снежана Коневски-Руси, актерка, која активно работи како режисер, педагог и уметнички координатор на многубројни театарски, едукативни и културни проекти и претседател на жирито; Дарко Лукиќ – академски истражувач, педагог, консултант и театарски практичар од Хрватска; Аида Буквиќ – театарска и филмска режисерка и редовна професорка на Академијата за драмска уметност во Загреб, ги додели наградите: Главната награда ГРАН ПРИ за уметничко остварување во целина како и за најдобра музика во претставата за композиторката, Ирена Поповиќ-Драговиќ. Македонскиот народен театар со претставата „Страв и надеж“, по мотивите на Франц Ксавер Крец, а во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, на 10 јуни учествуваше во официјалната натпреварувачка програма, во конкуренција со уште осум театарски куќи. Во претставата игра извонредна актерска екипа: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. Свеченото затворање на фестивалот и доделувањето на наградите ќе биде на 12 јуни со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Во чест на наградените ќе се одигра претставата „Црно злато“ по текст на нашиот култен драматург, Дејан Дуковски, а во продукција на Београдско драмско позориште. Фотографиите се превземени од архивата на МТФ Војдан Чернодрински и од архивата на НУ МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter