Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
1Ревизија на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија: Слабости во набавките и управувањето со залихите
3Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
НБАНикола Јокиќ го потпишува најголемиот договор во историјата на НБА лигата!НБА се соочува со нов финансиски тектонски пресврт, а епицентарот на „потресот“ повторно е во Колорадо. Еден од најдобрите светски кошаркари во последната деценија, Србинот Никола Јокиќ, главната ѕвезда на Денвер Нагетс, на 31-годишна возраст е пред потпишување договор што ќе го редефинира концептот на богатство во светскиот спорт и ќе ги сруши сите претходни рекорди. Според најновите проекции од јавната сцена преку океанот, Јокиќ е виден како првиот играч во историјата на кошарката што ја сруши магичната бариера од 70 милиони долари годишна плата. Иако Нагетс претрпеа тежок удар годинава и беа елиминирани уште во првото коло од плејофот од Минесота, раководството на клубот нема дилема, иднината на франшизата е сто проценти врзана за трикратниот МВП Никола Јокиќ. Пред популарниот Џокер се две опции за продолжување на својата лојалност кон Денвер, двете носат огромни финансики средства. - Договор со Супермакс: Доколку ја одбие опцијата за сезоната 2027/28, Никола може да потпише нов четиригодишен договор вреден астрономски 278 милиони долари. Со просечна плата од 69,5 милиони, Јокиќ би го симнал од тронот досегашниот најплатен кошаркар во НБА, ѕвездата на Тандер, Шаи Гиљус-Александар . -Вториот, пократок пат вклучува активирање на постоечката опција со тригодишно продолжување во вредност од 214 милиони долари. Во ова сценарио, Јокиќ веднаш го пробива споменатиот лимит и станува првиот човек во историјата на лигата што собрал над 70 милиони долари за само една сезона.Тагови: НБА Никола Јокиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
МакедонијаТошковски: Отворени нови простории за разговор со деца во СВР СтрумицаОтворени нови простории за разговор со деца во СВР Струмица – чекор кон похуман и посензитивен пристап во постапувањето со децата.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше и се обрати на свеченото пуштање во употреба на новоуредените простории за разговор со деца во Секторот за внатрешни работи Струмица, активност што се реализира во рамките на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во Република Северна Македонија“. На настанот присуствуваа амбасадорот на Кралството Шведска во РепубликаМакедонија, Ола Солстром, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, како и претставници на институциите и проектните тимови. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека отворањето на овие простории претставува значаен чекор во унапредувањето на системот на правда за деца и воспоставувањето повисоки стандарди во постапувањето со децата кои доаѓаат во контакт со институциите. „Со отворањето на овие простории не создаваме само нов функционален простор, туку воспоставуваме повисок стандард во третманот на децата. Заедно со веќе воспоставените капацитети во СВР Битола и планираните простории во СВР Тетово и СВР Скопје, градиме систем кој ќе обезбеди еднаков, професионален и достоинствен третман на секое дете на целата територија на државата“, истакна министерот Тошковски. Тој нагласи дека новите простории ќе овозможат полициските службеници и стручните лица да постапуваат во средина прилагодена на возраста, психолошките и емоционалните потреби на децата, што е особено важно во случаи на семејно и родово базирано насилство, кога безбедната и доверлива средина е предуслов за навремена заштита и ефикасно институционално постапување. Министерот потенцираше дека квалитетот на една институција се мери и според начинот на кој се грижи за најранливите категории граѓани, нагласувајќи дека секое дете, без разлика дали е жртва, сведок или лице во судир со законот, заслужува достоинствен третман, целосна заштита на своите права и професионален пристап кој ќе спречи секундарна виктимизација. Воедно, Тошковски упати благодарност до Амбасадата на Кралството Шведска, Шведската агенција за меѓународен развој и Мисијата на ОБСЕ во Скопје за нивната долгогодишна поддршка во јакнењето на капацитетите на Министерството за внатрешни работи и унапредувањето на полициските реформи. Министерството за внатрешни работи останува цврсто посветено на континуирано унапредување на професионалните стандарди, развојот на капацитетите и зајакнувањето на соработката со домашните институции и меѓународните партнери, со цел изградба на систем кој ќе обезбеди најдобра можна заштита и поддршка за секое дете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
ЕвропаРусија го нападна Киев, најмалку 18 луѓе се убиениРуските сили ноќеска извршија масовен напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев.Според последните информации, загинале најмалку 18 лица, меѓу кои и деца, а повеќе од 40 се повредени. Силни експлозии одекнувале низ градот во текот на ноќта, додека системите за противвоздушна одбрана биле активирани во повеќе делови на Киев. Поради нападите, неколку населби биле евакуирани, а избувнале и повеќе пожари. Оштетена е и амбулантна станица во централното подрачје, при што едно лице се наоѓа во критична состојба. Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите има и деца. Украинската Државна служба за вонредни состојби соопшти дека досега се спасени повеќе од 50 луѓе, додека спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани на погодените локации. Нападот следува само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува нов бран воздушни удари. Новата серија руски напади доаѓа по неодамнешните украински удари длабоко на руска територија, во кои, според украински извори, биле погодени нафтени рафинерии и воени објекти на руската армија. Од своја страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека извело напади врз воени бази во централна и источна Украина, како и врз украинската одбранбена и енергетска инфраструктура, наведувајќи дека станува збор за одговор на претходните украински напади врз руски енергетски објекти. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин призна дека земјата се соочува со недостиг на гориво, што е редок јавен коментар за последиците од нападите врз руската енергетска инфраструктура.Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Наместо планираните 5.000, обезбедивме 7000 денари за зголемување на пензиитеПремиерот Мицкоски изјави дека владата успеала да го надмине првичниот план и изборно ветување за зголемување од 5000 денари на пензиите, со плус уште 2000 денари. Според него ова покачување довело до подостоинствен живот за пензионерите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР најави кривични пријави за малолетничките и родителите за бруталното насилство во Аеродром15:00 По силното невреме: УХМР најавува пороен дожд, грмежи, ветер и град08:37Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10