Поранешната сопруга на Џони Деп на суд покажа снимки од издрогираниот актер (ФОТО) - Канал 5

Поранешната сопруга на Џони Деп на суд покажа снимки од издрогираниот актер (ФОТО)

Амбер Херд продолжи да сведочи во судскиот спор меѓу неа и поранешниот партнер Џони Деп.

Поранешната сопруга на Џони Деп на суд покажа снимки од издрогираниот актер (ФОТО)

На вториот ден од сведочењето, Херд покажа фотографии од онесвестениот Деп, за кои тврди дека се направени откако актерот конзумирал дрога. Запрашана зошто воопшто го фотографирала Деп во таква состојба, таа рече дека тогаш почнала да го забележува моделот на однесување што сакала да го документира.

Фотографиите се направени во 2013 година.

„Можев само да погодам што користи од индициите што ќе ги најдам. Ќе се онесвестеше и ќе ја изгубеше контролата врз себе, а потоа луѓето ќе го земаа, ќе го исчистеа и ќе го поправеа“, рече таа на говорницата во судот. „Не се сеќаваше, не можеше да негира или да ме обвини дека лажам дека тоа се случило. Немаше кој да ме поддржи“, рече таа.

Таа тврди дека сето тоа време била „нејзиниот збор против зборовите на неговите вработени“ и затоа сфатила дека мора да почне да ги фотографира тие ситуации за да има доказ. Првата фотографија што ја покажа, тврди таа, е направена на остров каде што летувале. Таа тврди дека бил „нормален“ на почетокот на тоа лето, но дека сѐ се променило кога почнал да се дружи со својот пријател Пол Бетани.

Таа пред судот презентирала и фотографија која наводно била направена на 22 март 2013 година откако тој „се обидел да ја запали сликата на нејзиното поранешно момче“. Во сведочењето еден ден претходно, таа откри дека Деп ја обвинил дека го изневерувала со тој поранешен партнер.

Таа тврди дека тоа се случило откако Деп постојано се дрогирал неколку дена. „Ќе се уништи себеси, ќе му требаат неколку дена, а потоа ќе започне „чист“ период бидејќи ќе се чувствува лошо“, тврди Херд. Таа рече дека Деп често пиел дури и пред децата кои не знаеле како да реагираат на тоа. Тврди дека безуспешно би се обидела да го сокрие пијалокот од децата.

Таа, исто така, се присетила на еден инцидент во Јапонија кога Деп наводно ѝ викал дека е „досадна кучка“. "Ми кажа дека не му е добро со мене, дека ќе се ослободи од мене. Тогаш ми кажа некои одвратни работи", рекла таа.

Во 2018 година, Херд напишала есеј за Вашингтон пост во кој се опишала себеси како „јавна личност што трпи семејна злоупотреба“. Иако Деп никогаш не бил спомнат по име во написот, сѐ алудирало на него.

Неколку дена пред почетокот на судењето, Херд на Инстаграм напишала дека планира да се одмори од социјалните мрежи. „Џони ме тужи за статија што ја напишав во Вашингтон пост, во која го опишав моето искуство со насилство и семејна злоупотреба“, објавила таа на 9-ти април.

„Напишав за цената што жените ја плаќаат кога зборуваат против мажите. Сè уште ја плаќам таа цена, но се надевам дека кога ќе заврши овој случај ќе можам да продолжам понатаму, како и Џони“, рече таа. Деп ѝ бара отштета од 50 милиони долари, а Херд го тужи во исто време барајќи отштета од 100 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици.

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување.

Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек.

Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи.

На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка.

Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции.

Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација

Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.

Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација

Училиштниот базен „Партизан“ денеска се примопредава на пливачката федерација. Уште во 2023 година во Општина Карпош почна изградбата на затворен пливачки базен од втора категорија, кој од властите беше претставен како значаен капитален проект кој ќе придонесе за унапредување на спортот, образованието и здравиот развој на младите генерации. Денеска, три години подоцна најавуваат дека училишниот базен „Партизан“ од Општина Карпош официјално ќе биде примопредаден на националната пливачка федерација на македонија. Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сос

Во вторник (06.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Зоран Рудан-Цеки.

„Гответе со Дракче“ - Пиперки во сос

Состојки за денешниот рецепт:

5 зелени пиперки

2 црвени пиперки

3 домати

3 чешниња лук

80 гр. фета сирење

2 млади кромитчиња

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер