3ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
СветТрамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку ЗеленскиТрамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Гостивар, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 01.11.2026 во 00:40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.Ј.(48) од Гостивар затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана.Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде подонесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
АвтомобилизамДали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат? Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици. Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже. Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото. Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето. Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла. Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот. Извор: Б92Тагови: кочење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банкатаДавор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај. Наскоро повеќе информации. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45