Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија - Канал 5

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

Бегство или пропуст на граница – засега останува мистерија како обвинетата Ива Михаилова синоќа замина за Бугарија. 

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

МВР тврди дека по извршените проверки во системот за гранична контрола било утврдено дека Михаилова, која е на СТОП листата, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, вакви проверки се направиле и во Бугарија и резултатот бил ист – легален влез нема. Последен премин, според потатоците, Михаилова направила во септември 2025 година, од Бугарија кон Македонија. Михаилова, е под мерки на претпазливост, односно одземени и се и македонскиот и бугарскиот пасош и има забрана за напуштање на престојувалиштето, а за спроведување на истите е задолжено ОВР Кочани.

-МВР изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, не е евидентиран излез од територијата на Македонија. Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полицијам од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Р. Бугарија,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Веста за заминувањето на Михаилова ја соопштија утрово бугарските медиуми, за кои и итаа и нејизниот адвокат Николај Димитров дадоа повеќе изјави.. И двајцата тврдат дека поминале на легален премин со македонска и бугарска лична карта, иако тие документи не се валидни за премин на македонско-бугарската граница. Не кажуваат ниту на кој премин поминале, но велат дека граничните службениците биле коректни.

-Сосема легално, преку граница си дојдовме, заедно со мојот адвокат вчера. Сега ни претстои да влеземе во болница и следува лечење,- Ива Михаилова – Обвинета.

-Преку граничен контролен пункт, си извадивме документи и поминавме, на луѓето од македонска страна им беше потполно јасно дека тоа е Ива Михаилова и никој ништо не ни кажа и тргнавме. Министерството за надворешни работи не е должно да знае, министерството си работи по дипломатски пат, нашиот пат не е многу дипломатски, но во случајот требаше да се дејствува по овој начин. Ќе има ли последици? Нема поголеми последици од тоа да биде без адекватно лечење,- Николај Димитров – адвокат на Ива Михаилова.

Сепак, оваа верзија на Михаилова и нејзиниот адвокат не ја потврдуваат ниту бугарските инситуции... Министерот за внатрешни работи Демерџиев вели планираат да ја испрашаат како се нашла во Бугарија..

-Ќе бидат преземени дејствија да биде извршен распит и да се види, кога, каде и како ја поминала границата и сите други околности, и дали има потреба од нејзино обезбедување, и ако има, ќе биде обезбедена,- Иван Демерџиев – Министер за внатрешни на Бугарија.

Ова не е прв пат член на семејството Михаилови да ја напушти Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување. Дали ќе се врати, допрва ќе одлучела и Ива Михаилова.

-Знаете ли колку време ќе останете? Во Бугарија? Не знам, не можам да кажам. Мислите ли да се вратите во Македонија? Ќе проценам во иднина. Имате ли некаков страв дека ризикувате? Не, се е легално и нормално и добро, штом сме тука се е во ред,- - Ива Михаилова – Обвинета.

Ива Михаилова беше меѓу главните теми и на средбата помеѓу министрите за надворешни Муцунски и Петрова – Чамова изминатиот четврток, но бугарската министерка вели дека тие како институција немаат врска со ваквиот потег на обвинетата.

На таа средба, како што беше соопштено, било договорено единствено да се овозможи бугарски лекари да дојдат во Македонија и да дадаат мисење за здравствената состојба на Михаилова.

Таа тврди дека мора да се лекува во Бугарија поради повредите кои ги добивала во тешката сообрајаќана несреќа, во која е обвинета за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, откако едно лице го загуби животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Според пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија.

Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари.

„Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х.

Скопје, 1.11.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.

Шампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер

Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна.

Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот 7 на 6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23.

Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, шест даде Да Силва, четири Фадуил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер