ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
2ЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
БалканДва брода погодени од дронови во Црното Море кај Бугарија, еден потоналДва брода беа нападнати од дронови во близина на бугарскиот брег на Црното Море, при што еден од нив потона. Премиерот Румен Радев ја потврди веста и изјави дека ова е втор таков инцидент во изминатата недела.Бродот „Челзи 3“, во сопственост на украинска компанија и кој пловел под малтешко знаме, бил погоден од три дрона околу 1:30 часот по полноќ. Нападот се случил на приближно 18 наутички милји, односно 33 километри, од бугарскиот брег. 🚨 BREAKING: Bulgarian PM says drones attacked two ships in the Black Sea. One has sunk According to Rumen Radev, all 15 crew members of the Chelsea 3 have been rescued, with five receiving medical treatment. The merchant vessel was struck by drones 33 kilometers off the Bulgarian coast. A second ship was attacked near the village of Krapets, approximately 31 kilometers offshore. The vessel sank. Following the latest drone attacks on ships, Bulgaria is summoning the Russian ambassador in Sofia. Radev said the Bulgarian government does not have sufficient evidence to blame any particular side, but added that “logic suggests” the consequences benefit the Russian Federation. — NEXTA (@nexta_tv) October 13, 2026 Екипажот се состоел од седум Украинци и осум Азербејџанци. Сите биле спасени, а пет члена на екипажот добиле медицинска помош, но никој не бил сериозно повреден. За вториот брод, за кој официјалните лица дознале на вонредна седница на Советот за безбедност, било потврдено дека потонал на околу 17 наутички милји источно од Крапец. Според првичните информации, спасен е еден член на екипажот. 🇧🇬 BREAKING: TWO NEW SHIPS HIT BY DRONES JUST OUTSIDE BULGARIA’S TERRITORIAL WATERS - ONE SUNK Bulgarian PM Rumen Radev confirms two vessels were struck by drones in the Black Sea overnight. Vessel 1 - CHELSEA 3 • Malta-flagged, Ukrainian-owned cargo vessel • Reportedly struck by three aerial drones • Approximately 15–18 nautical miles off Byala, Bulgaria • En route from Giresun, Turkey, to Giurgiulești, Moldova • All 15 crew members evacuated Vessel 2 - Unidentified • Struck approximately 17 nautical miles east of Krapets, near the Romanian border • Vessel reportedly sank • One crew member rescued; remaining crew status unclear Both incidents occurred just beyond Bulgaria’s 12-nautical-mile territorial sea limit, reportedly within or near its Black Sea EEZ. Bulgaria is seeking consultations with NATO and Russia’s ambassador. The origin of the drones and responsibility for the attacks remain unconfirmed. — Coffe Report (@CoffeReport) October 13, 2026 Политички реакции „Ова е целосно неприфатливо – уште еден напад во непосредна близина на бугарските територијални води“, рече Радев во телевизиско обраќање. Тој најави дека има намера да разговара за инцидентот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Премиерот истакна дека нема јасни докази за тоа кој го извршил нападот, но додаде дека исходот ѝ оди во прилог на Руската Федерација. Поради овој настан, тој најави дека ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор. За инцидентите се известени и постојаните претставници на Бугарија во НАТО и во Европската унија. Бугарија не граничи со Украина или Русија, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и двете завојувани страни имаат важни пристаништа. Постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади со дронови извршени од Русија паралелно со војната во Украина. Извор: Индекс.хрТагови: Бугарија дронови Црно Море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Гевгелија се развива со конкретни проектиНови инвестиции и подобри услови за живот, се градат и реконструираат улици, паркови, трговски центри.Изминатиот период, Општина Гевгелија продолжи посветено со реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за забрзан развој на општината. Еден од значајните проекти е реконструкцијата и реставрацијата на фасадите и партерното уредување на Старата чаршија, со што се зачувува автентичниот изглед на овој простор и се создава нова туристичка атракција, а во тек е и реконструкцијата на улицата „Маршал Тито“, од градската библиотека до Железничката станица, при што ќе се зачува препознатливиот изглед со калдрма. Целосно е реконструирана и спортската сала ДТВ „Партизан“, а по завршувањето на опремувањето со спортски реквизити, наскоро се очекува нејзино ставање во употреба, со што се создаваат подобри услови за спортски активности и за развој на спортот кај младите. Во делот на капиталните инвестиции, пуштен е во употреба новиот објект на детската градинка „Сончогледи“, со капацитет за дополнителни 140 деца и реконструкција и асфалтирање на улици во Прдејци, Богородица, Давидово, Моин и Гевгелија. Особено значајни се вложувањата во комуналната инфраструктура, при што во урбаниот блок 4.4 во Гевгелија изградени се нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација на повеќе улици, фекална канализација во Милетково, а во Мрзенци се реализирани проекти за нова водоводна линија и фекална канализација и атмосферски канализации на повеќе улици. Посебно внимание се посветува и на уредувањето на јавните простори и заштитата на животната средина, при што на булеварот „Гевгелија“ на улицата „Деко Ковачев“, се изгради нов урбан парк на површина од 3.150 квадратни метри, со детско катче за најмладите, додека во Миравци е уреден модерен урбан парк со површина од 2.500 квадратни метри, а во Негорци реализацијата на нов урбан парк со детско катче на површина од 2.000 квадратни метри, е во завршна фаза. Во наредниот период се предвидува уредување на зелената инфраструктура кај Сува Река, на површина од 25.000 квадратни метри, со што Гевгелија ќе добие значајна нова зелена површина, во рамките на еколошката акција „Да пуштиме корени во Гевгелија“ засадени се 14.000 нови чемпреси, а поставени се и специјализирани контејнери за текстилен и електричен отпад. Вложувањата во образованието и грижата за најмладите продолжуваат со подобрување на условите во основните училишта, при што од оваа учебна година сите ученици во основните училишта добиваат бесплатни униформи, а се инвестира во нови инвертер клима-уреди, паметни табли, компјутерска опрема, прочистувачи на воздух и подобрување на училишните простории, додека во ООУ „Владо Кантарџиев“ е опремена и сензорна соба со потребните помагала за децата со попреченост. Се отвори и Дневен центар за стари лица со капацитет за 50 корисници, кој обезбедува социјални, културни, едукативни, креативни, рекреативни и здравствено-превентивни активности, создавајќи можности за активен и поквалитетен живот на повозрасните граѓани. Во општината се реализирани две големи трговски инвестиции како што е Mega Shopping Park, на површина од 20.000 квадратни метри, и Gevgelija Mall со Vero Jumbo, лоциран покрај автопатот Е75, во близина на граничниот премин Богородица. Овие инвестиции носат нови содржини, над 400 работни места и дополнителен потенцијал за развој на трговијата, услугите и туризмот. Паралелно, продолжуваат активностите за подобрување на туристичката понуда, зачувување на културното наследство и создавање подобри услови за спортски и културни активности. Во завршна фаза е и реконструкцијата на старата училишна зграда во Серменин, која ќе биде адаптирана во туристички информативен центар и простор за одржување настани, со предвидена велосипедска патека во должина од 1.005 метри до манастирот „Св. Илија“. Ваквите вложувања во инфраструктурата, образованието, животната средина, социјалната заштита и економскиот развој ја поставуваат Гевгелија на патот кон уште помодерна, поуредена и поразвиена општина. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛДП за скандалот со Ива Михајлова: А да го укинеме судството, ионака не добива пари колку треба од Владата, а и министерствата не функционираат?Либерално-демократската партија (ЛДП) изразува длабока огорченост од секојдневните скандали кои ја потресуваат македонската јавност, а кои укажуваат на натамошно пропаѓање на државните институции и градење систем на неправда. Случајот со Ива Михајлова го апстрахираме од етничкиот предзнак и нема да им дадеме простор на тие зовриени национал-шовинистички глави во регионот да си прават етно-популистички кампањи на човечки трагедии. Пораките од Софија се скандалозни и грозни и говорат за земја во која постои целосно помрачување кога станува збор за владеење на правото, а уште помалку за европски систем на правда. Михајлова сега треба да биде гонета за ново кривично дело, а скандалот да биде уште поголем, нејзиниот адвокат изврши кривични дела и пред бугарската и пред македонската правда со јавната изјава дека си ја „зеле судбината во свои раце“. Каква правна хаварија! Во овој случај, вистинска трагедија во Македонија е тоа што целосниот крах на функционирањето на институциите доведе до тоа лице, кое е осомничено за предизвикување смртни последици во сообраќајна несреќа, наместо да се соочи со правдата и да ги почитува судските забрани, добива статус на наводна жртва и шоу-ѕвезда, како од некое одвратно евтино реално шоу. Нема човек во Македонија кој не е згрозен од фактот што вакво нешто беше воопшто возможно. Живееме во држава во која би требало да има функционална полиција, безбедносни камери на граничните премини и служби што осигуруваат дека лица на кои им се одземени пасошите и имаат забрани за излез, ќе бидат достапни на органите. Ако сѐ тоа е нефункционална фарса, пораката е кристално јасна: во Македонија можете да убивате, да крадете, да уништувате и на крајот, слободно да си прошетате во странство и да се сликате како жртва. И тоа се случува во земја каде што власта има апсолутна контрола – со целосна законодавна власт, уставно мнозинство, целосна контрола на локалната власт, доминација над медиумскиот простор, па дури и целосен преглед на безбедносните камери. Пораката која ја добија криминалците во власта со менувањето на Кривичниот законик и ослободувањето од вина на функционерите беше дека од позиција на власт може да прават што сакаат. А сега, пораката која ја добија останатите криминалци со скандалот Михајлова е дека слобода на акција имаат и тие. Ова неодоливо личи на почеток на општ хаос и анархија. Имаме ли сѐ уште моќ да го спречиме ова пропаѓање? ЛДП верува дека во народот постои огромен бес, кој заедно наскоро ќе мора да го изразиме и да му ставиме крај на ова секојдневно државно тонење. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДојава за бомба на лет од Њујорк кон Израел: Патниците евакуираниПатниците на летот на „Делта ерлајнс“ од Њујорк кон Тел Авив утринава беа евакуирани по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“ поради анонимна дојава за бомба, пренесува „Мирор“.Според дојавата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот е преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка. Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително. „Инцидентот е завршен“ Израелскиот весник „Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Ynet“. „Инцидентот заврши без никакви необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел. Извор: Индекс.хрТагови: авион Бомба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook