ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
2ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката
ХороскопДневен хороскоп за 13. октомври 2026 година Дневен хороскоп за вторник, 13. октомври 2026 година.Вага 24.9.-23.10 Љубов Зближувањето со лица од работната средина и денеска ќе биде можно. Ако се уште сте сами барем потрудете се подобро да се запознаете. Кариера Иако некои ваши колеги ќе прават драма и ќе бидат чувствителни , добро е што ќе покренете креативност и ќе донесете нови решенија. Здравје и совет Можна преодна настинка. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вас саканата личност би можела да ве одушеви. Ќе има големи љубовни и емотивни апетити , но тоа вас само ќе ве придвижи. Кариера Не се измачувајте со прашања на кои и така го знаете одговорот. Продолжете понатаму , соработувајте со колегите и работете најдобро што можете. Здравје и совет Ви се спие. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Луцидност и оригиналност ќе бидат вашите денешни особини со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Денеска не ги покажувајте отворено вашите скриени идеи и планови , зашто нема добро да ве разберат поради преокупираност со други работи. Здравје и совет Мала меланхолија. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете склони да попуштате за се и сешто , а некои сосема ќе ги спуштат критериумите за љубов. Кариера Ќе пораснат вашите деловни амбиции , но нема да бидат сосема реални. Важно е да определите што е можно да се исполни , а што не. Здравје и совет Ограничете го јадењето и пиењето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Можете со полни гради да уживате во она што животот ви го дава во љубовта. Оние во врска се среќни , а самците лесно освојуваат. Кариера Ќе има конструктивна атмосфера на работното место. Така ќе работите и вие- без проблеми и со оптимизам. Здравје и совет Вашиот организам е стабилен. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Многумина ќе сакаат слободното време да го поминат во домашно опкружување .Ќе бидат среќни во интимните моменти. Кариера Приватните истражувачки работи денеска ќе добијат нов поттик и некои фази од работата ќе се приведуваат кон добар завршеток. Здравје и совет Работете вежби за вратниот дел од рбетот. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа сепак нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот променлив. Кариера Работењето со луѓе и со договори ќе ви одат добро само ако прифатите одредени мали компромиси. Однесувајте се дипломатски. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Бик 21.4- 20.5. Љубов Најдобро ќе се чувствувате во светот на соништата , каде ќе ви биде идеално. Можеби така е и најдобро додека не помине овој празен период. Кариера Оние кои работат лаборатории , болници или институции од затворен тип , ќе добијат добар поттик и резултати. Здравје и совет Ослободете ја фантазијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вие продолжувате да се забавувате , добро да си минувате , да јадете и пиете во друштво на саканата личност или онаа која полека ја освојувате. Ќе помине добро. Кариера На вашето работно место денеска ќе има речиси идеална атмосфера . Сите ќе бидат подготвени да си помогнат едни на други. Здравје и совет Претерувате со исхрана , а премалку вежбате. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако уште сте сами , денеска секако излезете зашто ќе ви се пружи шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов. Кариера Со самата појава , ќе влијаете позитивно на другите. Проектите и работата добро ќе се одвиваат. Здравје и совет Подобрување во секој поглед. Лав 23.7-22.8. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате , секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално. Здравје и совет Мислете малку на себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Добриот развој на љубовната состојба продолжува и денеска .Доколку сте сами секако излезете и поврзете се со луѓето. Кариера Имате можност да ги презентирате своите идеи пред стручни и угледни луѓе. Тие ќе ве разберат подобро од вашите очекувања. Здравје и совет Тренирајте она што ви се допаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
АвтомобилизамДали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат? Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици. Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже. Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото. Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето. Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла. Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот. Извор: Б92Тагови: кочење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банкатаДавор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај. Наскоро повеќе информации. Извор: Б92Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банкатаБанкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси. Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари. Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката. И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката. Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив. Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси. Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook