ФудбалНесторовски расположен за постигнување на голови сезонава во Хрватска Поранешниот македонски репрезентативец, 36 годишниот Илија Несторовски сезонава ја доживува втората младост и е еден од најдобрите напаѓачи во Хрватското фудбалско првенство.Македонскиот фудбалер викендов постигна два гола во победата на Славен Белупо од 4:1 над фаворизираната Риека во деветтото коло од првенството, со што стигна до вкупно седум гола на девет настапи оваа сезона. Особено е импресивно тоа што четири од тие голови ги постигна само во последните две кола. На натпреварот против Риека, популарниот Нестор двапати ја затресе мрежата во рок од само пет минути. Најпрво постигна гол со одличен удар од далечина во 69-тата минута, а потоа го постави конечниот резултат од 4:1 во 74-тата минута. Овој настап ја потврди одличната форма што ја покажа во претходното коло, кога со два гола му донесе бод на Славен во ремито 2:2 против Рудеш. Така, искусниот напаѓач постигна четири гола на последните два првенствени натпревари и моментално има просек од речиси еден гол по натпревар оваа сезона. Со седум гола, тој го дели второто место на листата на најдобри стрелци со Емил Фредериксен од Истра, заостанувајќи само зад Дион Дрена Бељо, кој има постигнато 10 гола. Несторовски му се приклучи на Славен Белупо во летото 2024 година, по осум сезони поминати во Италија. Во својата прва сезона по враќањето во хрватскиот фудбал постигна осум првенствени гола, додека минатата сезона реализираше шест. Сега веќе има постигнато седум гола на само девет натпревари, со што го надмина учинокот од целата претходна сезона и се приближува до бројката од својата прва година во Копривница. Сè појасно станува дека тој е на добар пат кон својата најефикасна сезона откако се врати во хрватскиот фудбал. Несторовски првпат се прослави во хрватската фудбалска јавност додека настапуваше за Интер Запрешиќ во периодот од 2013 до 2016 година. Првите две сезони ги мина во втората лига, постигнувајќи 20, а потоа и 24 гола, при што во двата наврати ја освои титулата најдобар стрелец во лигата. Тој ја задржа таа импресивна форма и откако Интер избори пласман во ХНЛ (хрватската прва лига). Во сезоната 2015/16, постигна импресивни 25 гола на 33 првенствени натпревари, повторно станувајќи најдобар стрелец во лигата. Особено е впечатлив неговиот хет-трик против Осиек во последното коло, со кој ја заокружи таа извонредна сезона. Тој учинок од 25 гола останува еден од најдобрите индивидуални голгетерски резултати во поновата историја на ХНЛ. Во деветте сезони што следеа, таа бројка беше надмината само од Марко Ливаја – кој постигна 28 гола за Хајдук во сезоната 2021/22 – и Дион Дрена Бељо, кој постигна 31 гол за Динамо минатата сезона. - Ваквите настапи му донеа трансфер во Палермо, клуб што во тоа време се натпреваруваше во италијанската елитна лига. Постигна 11 гола во својата дебитантска сезона во Серија А, иако Палермо не успеа да избегне испаѓање во понизок ранг. Останал во Палермо уште две сезони, во текот на кои продолжил редовно да постигнува голови во Серија Б. Потоа, во 2019 година, преминал во Удинезе, каде што минал четири сезони играјќи во Серија А. Во својата последна сезона во Италија, 2023/24, настапувал за Асколи во втората лига.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook