Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија - Канал 5

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

Пропуст на граничните служби или шверцување во „гепек“ - засега останува мистерија како обвинетата Ива Михаилова синоќа успеа да побегне во Бугарија.

Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија

МВР тврди дека по извршените проверки во системот за гранична контрола било утврдено дека Михаилова, која е на СТОП листата, нема евидентиран излез од територијата на Македонија, вакви проверки се направиле и во Бугарија и резултатот бил ист – легален влез нема.

Според она што е досега познато, Михаилова заминала од земјава заедно со нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров. Тие тврдат дека поминале на легален граничен премин, но не кажуваат на кој. Според неофицијални информации од МВР пак, што ги пренесе Слободен печат, легален излез од земјава имал само адвокатот кој бил автомобил заедно со уште едно машко лице, додека Михаилова не била забележана на заедното седиште.

-Јас имам лична карта во мене, со неа минав, и бугарска и македонска лична карта. Која лична карта ја покажа вчера на граница? Бугарската, а на македонската, македонската лична карта,- Ива Михаилова – Обвинета.

-Преку граничен контролен пункт, си извадивме документи и поминавме, на луѓето од македонска страна им беше потполно јасно дека тоа е Ива Михаилова и никој ништо не ни кажа и тргнавме. Министерството за надворешни работи не е должно да знае, министерството си работи по дипломатски пат, нашиот пат не е многу дипломатски, но во случајот требаше да се дејствува по овој начин. Ќе има ли последици? Нема поголеми последици од тоа да биде без адекватно лечење,- Николај Димитров – Адвокат на Ива Михаилова.

Како Михаилова влегла во Бугарија не знат ниту бугарскиот министер за внатрешни работи Демерџиев, но најави дека ќе и доделат и обезбедување на Михаилова..

-Ќе бидат преземени дејствија да биде извршен распит и да се види, кога, каде и како ја поминала границата и сите други околности, и дали има потреба од нејзино обезбедување, и ако има, ќе биде обезбедена,- Иван Демерџиев – Министер за внатрешни на Бугарија.

Од македонското обвинителство соопштија дека Ива Михајлова од Кочани, која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша, македонски и бугарски, и ѝ била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице.

За надзорот задолжено било ОВР Кочани, а како незабелажана од никого избегала, допрва ќе треба да се утврдува.

-МВР изврши проверки во системот за гранична контрола, при што е утврдено дека за лицето Ива Михајлова, за кое е во сила активна судска забрана, не е евидентиран излез од територијата на Македонија. Дополнително, преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полицијам од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Р. Бугарија,- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.

Затекнат од бегството на Михаилова е и нејзиниот адвокат од Македонија – Насер Рауфи, кој уверува дека немал сознанија за ваквата постапка. Следното рочиште е на 9ти ноември, кое вели ќе се одвива нормално.

-Јас се затекнав со ова да ти кажам, баш ми е гром од ведро небо. Што се однесува за мои сознанија за ова нешто, ниту бев консултиран, ниту бев запознаен со такво нешто, тоа го дознав и јас дури преку медиуми. Јас не знам на кој начин заминала, навистина, меѓутоа судењето е закажано за деветти ноевмри, ќе се одвива нормално,- Рауфи – Адвокат на Ива Михаилова.

Но, дали Михаилова некогаш воопшто ќе се врати во Македонија, останува непознато..

Ова не е прв пат член на семејството Михаилови избега од Македонија пред да се соочи со правдата. Во Бугарија избега и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој е осуден на 12 и пол години затвор во случајот „Детонатор“ за обид за убиство, насилство и злосторничко здружување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор кјруг за градоначалник во Брвеница.. ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер