Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
2Не можете да се ослободите од салото на стомакот со вежби за стомачните мускули: еве што навистина делува и дава трајни резултати.
Шоу бизМет Дејмон во среќен брак со „обична убавица“Актерерот Мет Дејмон ѕвездата на филмовите за неверојатниот агент Борн ужива во љубовта со својата скромна убавица сопругата Лусијана Баросо. Мет Дејмон е една од најголемите актерски звезди во Холивуд, таа е скромна девојка која некогаш работела како келнерка. Нивната роматична љубов е само за на филм. Мет Дејмон ѕвездата на филмовите за неверојатниот агент Борн ужива во љубовта со својата скромна убавица сопругата Лусијана Баросо. Тие живеат мирно далеку од светлата на рефлекторите на Холивуд. Дури и денот на нивната свадба успеаа да го направат незабележлив за јавноста. Мет сосем случајно ја запознал својата идна сопруга Лусијана која тогаш работела како келнерка и таа средба била судбинска. Дејмон во далечната 2003 година снимил филм во Мајами, снимањето требало да биде на Хаваи, но одлуката да се промени локацијата на снимањето била донесена во последен момент. - Требаше да снимаме на Хаваи, а потоа филмот се пресели во Мајами. Потоа, една вечер, среде снимањето, неколку момци од екипата рекоа: „Еј, ајде да одиме да земеме пиво некаде“. Реков: 'Не, не сум баш за тоа', но некако ме повлекоа со нив - рече тој и истакна дека можеби никогаш нема да се сретнат ако тогаш не излезеше на пиво. Беше љубов на прв поглед. Нивната средба била малку смешна, бидејќи таа му рекла на Дејмон дека не може само да стои таму и да не прави ништо, а бидејќи актерот тренирал шанкер за потребите на филм, почнал да прави пијачки и заработил голем бакшиш. После тоа ја поканил на пијачка, но Лусијана не сакала затоа што морала да поминува време со својата ќерка. На Дејмон навистина му се допаднало да има дете и да поставува јасни приоритети. Мет и Лусијана сепак започнале врска и веќе во 2005 година стапиле во брак. Сега тие се родители на три ќерки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаСДСМ: Народот гледа што Муцунски договори во СофијаНародот гледа дека се работи под маса и „под радар“. Гледа што договарал Тимчо Муцунски на средбите во Софија.Гледаме дека едно се кажува пред граѓаните, а далеку од очите на јавноста, Ива Михаилова, обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, е пуштена преку граница. Иако судот ѝ ги одзел двата пасоша. Самата вели дека ја поминала границата легално, со лична карта, и дека службениците на границата знаеле. МВР вели дека нема евидентиран излез. Граѓаните не се наивни. Гледаат и знаат сè. Вака се договараат бегствата од правдата. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО, границата е решето и за 5 тони дрога и за бегалци од правдата. Класичен шаблон на ВМРО — организираната криминална група. Оставка веднаш од Панче Тошковски. По сите скандали, тој прв треба да понесе одговорност. СДСМ бара да се утврди кој сè е вмешан во ова договорено бегство и сите да понесат одговорност. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
МакедонијаГерасимовски: Асфалтиран крак на „Истарска“ во Ново МаалоОпштина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите. „Секој зафат што им го олеснува секојдневието на граѓаните е важен. Го асфалтиравме кракот на „Истарска” во Ново Маало и обезбедивме поуреден пристап до домовите на жителите. Продолжуваме да ги уредуваме улиците низ Центар, со внимание и на помалите улични краци“, порача градоначалникот Горан Герасимовски. Општина Центар продолжува со вложувања во локалната патна инфраструктура за подобри услови за живеење во населбите. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку ЗеленскиТрамп изјави дека верува оти Путин покажува поголема подготвеност за мировен договор отколку украинскиот претседател Зеленски, додека истовремено одби директно да ја обвини Москва за прекршување на прекинот на огнот.Одговарајќи на новинарско прашање за руските напади врз украинската енергетска инфраструктура, и покрај најавениот прекин на огнот, Трамп рече дека ќе ги разгледа информациите, додавајќи дека прекршувања имало „од двете страни“. Запрашан како планира да го убеди Путин да го почитува договорот, американскиот претседател посочи дека, покрај Москва, и Киев треба да направи дополнителни чекори. „Мислам дека Путин сака да постигне договор, а ние мора да го натераме зеленски да побара да се направи договор“, рече Трамп.Тој додаде дека, според неговата проценка, рускиот претседател е повеќе заинтересиран за договор отколку украинскиот лидер. Зеленски нагласи дека Украина е подготвена да ги запре нападите врз руската енергетска инфраструктура доколку и Москва го направи истото. Како доказ за тоа, рече дека украинските сили не извршиле напади врз руски рафинерии во текот на ноќта, но дека руските беспилотни летала продолжиле со нападите врз Киев. Во изминатите денови Трамп предизвика бројни реакции по телефонскиот разговор со Путин, откако побара смена на Зеленски и најави договор за испорака на стотици илјади тони руски дизел во САД. Овој потег наиде на критики и во САД и во Европа. Повеќе американски сенатори, меѓу кои и републиканци, оценија дека таквиот договор би бил спротивен на забраната што конгресот ја усвои во 2022 година за увоз на руски енергенси, со цел да се ограничи финансирањето на руската воена машинерија.Тагови: Владимир Путин Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08Мицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08