Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
1Повик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 година
2Филипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народот
МакедонијаРеакција на Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ : На политичкото водство на државните институции им е неопходна шок терапија!Не постои посилен аргумент од уште едно скандалозно бегство преку граница, како ова на Ива Михајлова, дека за иднината на Македонија времето е 12:05! Во последните 35 години од независноста до денес, на државните институции меѓу другите од правдата им “избегаа”, Драган Даравелски, Никола Груевски, Горан Грујовски, и Никола Бошковски од АНБ, Васко Ковачевски ЕСМ, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ обвинети за Монструм. Артан Груби и Прпарим Бајрами и се смееја на правдата покажувајќи дека можат да бегаат и да се враќаат кога сакаат. За сите овие скандалозни случаи никој не презема никаква институционална одговорност. Затоа, додека Македонија ја славеше 85 годишнината од Денот на антифашистичките востанија во Прилеп и Куманово, бугарска државјанка инволвирана во сообраќајка со смртен исход, со одземени пасоши, преминувајќи ја слободно границата, го погази наследството што ни го оставија нашите предци кои ги дадоа животите борејќи се за Македонија да биде држава, а не “хотел промаја”. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е должна веднаш да одговори дали на средбата Муцунски-Чамова во Софија е договорено бегството на Ива Михајлова, кое во Македонија ќе биде иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени? Доколку Владата го демантира претходното, тогаш веднаш да признае и прогласи целосна институционална неспособност и да побара помош од меѓународни стратешки партнери, додека се уште не сме го загрозиле безвизниот режим со ЕУ и не сме го вклучиле алармот на НАТО Алијансата заради неодговорно управување со државните граници. Министрите за внатрешни, надворешни работи и правда веднаш да поднесат неотповикливи оставки. Конечно, ја повикуваме Европската Комисија да побара од официјална Софија да престане со провокациите од највисоко политичко-државно ниво и да побара Ива Михајлова без одлагање да биде предадена на македонските правосудни органи. Во спротивно, заради ваквите настани, понижувања, режирање жртви на непостоечка дискриминација врз бугарски државјани, во Македонија расте внатрешниот притисок за отворање на прашањето за преиспитување на Договорот за добрососедски односи. Сочувствуваме и го делиме срамот со граѓаните и целокупната јавност за тоа што и се случува на Македонија. ОРГАНИЗАТОРИ НА „РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05“Тагови: РАЗГОВОРИ ЗА ИДНИНАТА ВО 12:05 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаПовик до жителите на Општина Кисела Вода: Учествувајте во креирањето на општинскиот буџет за 2027 годинаВо пресрет на креирањето на Буџетот за 2027 година, Општина Кисела Вода организира јавни средби за партиципативно буџетирање со граѓаните. Овој процес се спроведува во соработка со Finance Think, со цел секој жител директно да се вклучи и да придонесе во одредувањето на приоритетите за следниот општински буџет. Под мотото „Предложи, дискутирај, приоритизирај“, присутните ќе имаат можност да ги посочат најважните потреби за својата населба и заеднички да помогнат во дефинирањето на буџетските решенија. Средбите ќе се одржат на две локации, при што првата е закажана за утре, вторник, 3 ноември 2026 година, во периодот од 17:30 до 19:00 часот, во Домот на култура во Драчево. Втората средба ќе се реализира во среда, на 4 ноември 2026 година, од 17:00 до 18:30 часот, во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода. Доколку граѓаните не се во можност лично да присуствуваат на овие настани, отворена е можноста своите предлози да ги испратат електронски преку линкот https://tinyurl.com/PrijaviProblem. Овој процес се реализира во рамките на проектот „Граѓански надзор: Премостување на јазот помеѓу политичките ветувања и остварувања во четири развојни области“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Укажувавме за Алта банка - блиска до Вучиќ, пари од криминал, трговија со дрога, опљачкани од народотФилипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства.Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, потсети дека СДСМ речиси една година предупредуваше за ризиците од влезот на Алта банка во Македонија, банка за која постоеја информации дека е блиска до Вучиќ и дека зад нејзиниот капитал стојат сомнителни пари од криминални и коруптивни зделки, трговија со дрога и пари опљачкани од граѓаните. Филипче нагласи дека предупредувањата се претворија во реалност, а последиците ги чувствуваат илјадници граѓани кои не можат да пристапат до сопствените средства. „Скоро година дена наназад укажуваме за проблемот којшто беше тогаш, сега веќе настана со Алта банка. Укажувавме на тоа дека е тоа банка којашто настанала од една многу мала штедилница, дека тоа се луѓе блиски на Александар Вучиќ, негови пријатели, дека во медиумите има информации, имаше информации од Србија дека тоа се пари од криминални коруптивни сделки, од трговија со дрога, пари опљачкани од граѓаните“, рече Филипче. Тој посочи дека одговорноста за настанатата ситуација е кај власта на Мицкоски, која овозможи влез на Алта банка во земјава, а денес илјадници граѓани не можат да располагаат со своите пари. „И еве проблемот се случи, се случи и кај нас. Дека оваа власт кај нас во Македонија, предводена од Христијан Мицкоски, е арамиска и криминална, ова е само уште еден од доказите. За жал, сега на директна штета на граѓаните коишто тоа ќе го почувствуваат по своите џебови. Илјадници луѓе коишто денес не може да стигнат до своите средства, не им работат ни картичките, како што вчера најавуваше дека тоа ќе функционира гувернерот, очигледно соучесник во целата оваа манипулација и цел овој сомнителен коруптивен криминален процес на носење на Алта банка во земјава“, рече Филипче. Филипче предупреди дека последиците можат да бидат уште поголеми и дека граѓаните веќе се загрижени за сигурноста на своите депозити и во другите банки и посочи дека премиерот Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Славески треба да одговорат за загрозувањето на средствата на граѓаните. „Христијан Мицкоски, организираната криминална група и гувернерот Трајко Славески очигледно е дека ќе помогнат да се опљачкаат помеѓу 150-180 милиони евра од граѓаните. Стравуваме дека ова ќе има и домино ефект и врз други банки, затоа што веќе други граѓани коишто немаат сметка во Алта банка од утрово ни јавуваат и ни кажуваат дека си ги проверуваат своите депозити и своите пари во други банки и ја проверуваат достапноста на истите тие средства“, рече Филипче. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаЛасовска на седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕКЛасовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“.Пратеничката Благица Ласовска, потпретседателка на ПАБСЕК и шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка, учествуваше на 68. седница на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК, што се одржува на 2 ноември 2026 година во Тбилиси, Грузија. Во својство на известувач, Ласовска пред членовите на Комисијата го презентираше нацрт-извештајот „Парламентарна поддршка за иновациите: законодавни пристапи за унапредување на науката и технологијата во Регионот на Црното Море“. При презентацијата таа се осврна на главните наоди и насоки во извештајот, кој ги разгледува можностите земјите од регионот подобро да ги поврзат науката, технологијата и претприемништвото со одржливиот економски развој. Ласовска истакна дека способноста за создавање знаење и негово претворање во практични решенија, производи и услуги е сè поважна за конкурентноста, економската отпорност и благосостојбата на граѓаните. Ефикасниот иновациски систем, според извештајот, се темели на соработка меѓу државните институции, универзитетите, истражувачките центри, стопанството и финансиските институции. Во извештајот се посочуваат предизвиците со кои се соочуваат земјите членки на ПАБСЕК, меѓу кои се разликите во капацитетите за истражување, финансирањето, инфраструктурата и учеството во меѓународни програми. Посебно внимание е посветено на потребата научните резултати полесно да стигнат до примена во стопанството, како и на условите за иновативните претпријатија да обезбедат инвестиции, да се развиваат и да пристапат до меѓународните пазари. Ласовска укажа и на значењето на човечкиот капитал за развојот на иновациите. Поддршката за младите истражувачи, унапредувањето на професионалните можности, мобилноста меѓу академската заедница и стопанството и соработката со научната дијаспора се важни за задржување и развој на стручниот кадар во регионот. Во делот посветен на парламентарната улога, извештајот ја истакнува потребата од усогласена и предвидлива законска рамка за истражувањето, високото образование, интелектуалната сопственост, инвестициите, јавните набавки, заштитата на податоците и новите технологии. Парламентите имаат важна улога и преку надзор над спроведувањето на националните стратегии, редовно известување и користење независни научни совети при подготовката на политики и законски решенија. Во извештајот се нагласува дека предизвиците во науката и технологијата не можат целосно да се решаваат само на национално ниво. Регионалната соработка може да овозможи заеднички истражувачки програми, размена на знаења, мобилност на истражувачите и поширок пристап до научна инфраструктура и специјализирана опрема. Во тој контекст, ПАБСЕК може да придонесе преку парламентарниот дијалог, размената на искуства и поттикнувањето соработка меѓу земјите членки. По презентацијата, членовите на Комисијата расправаа за извештајот и за можностите за унапредување на законодавните пристапи и соработката во Регионот на Црното Море и истиот беше усвоен. Комисијата ја определи Ласовска како известувач на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК што ќе се одржи од 23 до 25 ноември во Атина.Тагови: Благица Ласовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter