МакедонијаЈПДП: Завршени 58 проценти од експропријацијата за автопатите на коридорите 8 и 10ДЗавршени 58 проценти од експропријацијата и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатите на коридорите 8 и 10Д.Целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатските делници на коридорите 8 и 10д, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани. Извештајот, објавен на веб страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП покажува активности на изведувачот за експропријација, геотехнички истражувања и други претходни активности и спецификации за предвидените автопатски делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа - Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д. Исто така, прикажани се и финансиските трансакции помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државните патишта во рамките на Програмата за финансирање на патната инфраструктура, односно исплатите што завршуваат кај изведувачот на работите. Во ноември е реализирана една трансакција во износ од 223.596.680 денари. Во декември имало исплати во четири наврати. На 5 декември се исплатени 245.606.294 денари, на 28 декември две исплати од 669.225.176, односно 261.862.793 денари, а на 29 декември 1.695.871.044 денари. Со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за овој проект лани беа предвидени 15 милијарди денари, а за годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски има 15,1 милијарда денари. Договорот со изведувачот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенцииТој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции оваа сезона, но шпанскиот шампион Барселона сепак одлучи да не ја продолжи соработката со него.Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд нема да игра за Барселона следната сезона. Каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра договорена со Манчестер Јунајтед минатото лето како дел од нивниот договор за позајмица. Англискиот напаѓач затоа се враќа во својот матичен клуб, според шпанските медиуми. Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон во Барселона беше јасен показател дека интересот за Рашфорд се намалил во клубот. Поранешниот играч на Њукасл игра на истата позиција со стандардниот Рафиња, што создава вишок во нападот на Каталонците. Покрај тоа, операцијата за доведување на Гордон беше исто така финансиски значајна, со оглед на тоа што Барселона плати 70 милиони евра за него. Иако можноста Рашфорд да остане не беше веднаш исклучена по пристигнувањето на Гордон, сега нема враќање назад. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник, а единственото нешто што би можело да ја промени одлуката би била сериозна повреда на еден од играчите за време на меѓународните настапи.Тагови: Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаОд министерството за социјална политика, демографија и млади пред малку информираа дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, велат од министерството.Тагови: Министерство за социјална политика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедностаДигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан“, што се одржува во скопје во организација на амбасадата на САД. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50