Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа
2Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа
3Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
МакедонијаМинистерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаОд министерството за социјална политика, демографија и млади пред малку информираа дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, велат од министерството.Тагови: Министерство за социјална политика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
БалканПожар во близина на Солун, евакуирано населениетоПожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“.Телото на лице кое сè уште не е идентификувано е пронајдено денес во шумската област Дервени во близина на Солун, каде што се гаси голем пожар, додека една жена се здобила со изгореници, а на жителите на блиското село Лити им е наредено да се евакуираат, соопштија грчките власти. Пожарот избувнал околу пладне по локално време во ниска вегетација во Дервени, а потоа се проширил на шумската област, според „Катимерини“. Грчките служби за итни случаи испратиле две пораки до граѓаните преку системот за известување за итни случаи 112. Првата ги предупредила за пожарот, додека втората наредила евакуација на жителите на селото Лити. Пожарникарите евакуирале 40-годишна жена со изгореници од дворот на куќа, која потоа со брза помош била однесена во болница во Солун. Според грчките медиуми, жената се здобила со изгореници главно на рацете, како и на бутот и вратот, а нејзината здравствена состојба е стабилна и не е опасна по живот. Пожарникари, волонтери, припадници на грчката полиција и служби за итна медицинска помош се распоредени на местото на настанот, учествувајќи во гаснењето на пожарот и обезбедувањето на загрозеното подрачје. Во гаснењето на пожарот учествуваат и воздушни противпожарни хеликоптери, додека на местото на настанот се испратени и цистерни со вода од регионалните служби. Според дневната проценка на ризикот од пожар, областа моментално е во зона со висок ризик за појава и ширење на пожар. Извор: Б92Тагови: пожар солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за ЕвропаПретседателката и Врховна командантка на вооружените сили Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими генерал Алексус Грегори Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа.За неа, неговата официјална посета на земјава е потврда за интересoт и посветеноста на НАТО кон зачувувањето на мирот, безбедноста, стабилноста и единството на регионот. Елаборирајќи ја подготвеноста на македонските вооружени сили за справување со безбедносните предизвици, таа укажа на видливиот и ценет македонски придонес во рамките на НАТО одбранбениот систем. Соговорниците ја истакнаа важноста на изградбата на Коридорот 8, не само за регионалната отпорност, туку и за колективната одбрана. Генералот Алексус Грегори Гринкевич, како предводник на воените операции на НАТО, истакна дека SECEUR ја цени професионалноста и посветеноста на македонската Армија, потврдени преку учеството во бројните мировни мисии и сојузнички активности, оценувајќи дека македонската успешна приказна заслужува да биде претставена на претстојниот Самит на НАТО во Анкара.Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и КлековскиЗаврши извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој се утврдија новите имиња кои влегуваат во реконструираната влада.ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Ѓоко Велковски и Сашо Клековски. На местото на Клековски во Фондот за здравство, за нов директор ќе биде назначен Златко Перински. Министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ, информираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој нагласи дека нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ. Министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите ќе биде Ерџан Демир кој доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски соопшти и дека се укинува министерството за добро владеење. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54