Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? - Канал 5

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација?

Сите интитуциите знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во кратовско.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација?

Веста дека семејство го узурпира локалитетот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Екипа на Канал 5 денеска е во Куклица, препознатлива по камените кули.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За прв пат од почетокот на војната комерцијален авион од Иран слета во ОАЕ

Комерцијален авион од Иран слета на аеродромот во Дубаи во ОАЕ денес, за прв пат од почетокот на војната пред четири месеци.

За прв пат од почетокот на војната комерцијален авион од Иран слета во ОАЕ

Авионот на „Сеперан ерлајнс“ слета на меѓународниот аеродром во Дубаи во 13:39 часот по локално време, објави веб-страницата на аеродромот, пренесе Си-Ен-Ен, додавајќи дека друг лет од Дубаи до Техеран е закажан за подоцна денес.

ОАЕ е земја од Персискиот Залив која претрпе најтешки ирански напади за време на војната меѓу САД и Израел против Иран, при што Техеран испука речиси 2.000 ракети и беспилотни летала кон ОАЕ, насочени кон воени, енергетски и цивилни објекти.

Односите меѓу Иран и ОАЕ, близок сојузник на САД со силни врски со Израел, останаа напнати дури и откако Вашингтон и Техеран постигнаа договор за прекин на огнот во април.

Еден од најголемите трговски партнери на Иран пред војната, ОАЕ зазеде построг став кон Иран по иранските напади, прекинувајќи ги економските и културните врски.

Сепак, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, минатата недела разговараше по телефон со својот колега од ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед, за прв пат од почетокот на војната.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончевои топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. 

Утре сончевои топло со мала до умерена облачност

Во вечерните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Над 2.800 апликации за грантови за отворање на сопствен бизнис, инфо-денови денес во Ресен, Охрид и Кичево

Голем интерес за трите јавни повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година, минатата недела пристигнати над 2.800 апликации.

Информативни денови за презентација на оваа мерка и Оперативнио план за вработување денес се одржуваат во Ресен, Охрид и Кичево, каде заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, заменик-директорката на Агенцијата за вработување и претставници од Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво ИНОВА пред присутните ги презентираа деталите за планот, како и за активните јавни повици од мерката „Самовработување со грант“.

За мерката Самовработување со грант годинава се предвидени 1.377.303.780 денари или 22,3 милиони евра, и со истата ќе се овозможи 2.043 лица да започнат сопствен бизнис, што е зголемување за 313 лица во однос на минатата година.

Мерката „Самовработување - Претприемништво“ е поделена на 3 под мерки, каде за лицата до 29 години е предвиден грант до 10.000 евра, за лицата над 29 години до 7.000 евра, додека преку здружување во ДОО од 14.000 до 20.000 евра.

Новитет годинава е што за аплицирање за оваа мерка лицата мора да имаат најмалку завршено средно образование, како и вклучување на повратниците од странство како категорија да можат да ги користат овие средства.

Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk.

Јавните повици траат до 3 јули 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер