Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen
2Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen
МакедонијаАндоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедностаДигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан“, што се одржува во скопје во организација на амбасадата на САД. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Роаминг наместо реформиВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство. Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ. Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите - ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи. Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница. Толку за „олеснување на животот на граѓаните“. На реформите работеле толку „успешно“ што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат - Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат. Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми. Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата. Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа. Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата. Доста е со лаги. Реформи сега. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
МакедонијаДиректорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger DruckmaschinenДиректорот Гоце Димовски оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, каде се разговараше за развојот на инвестицискиот проект кој е во напредна фаза. Во рамки на средбата беа дискутирани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава. Директорот Димовски нагласи дека оваа инвестиција значајно ќе допринесе за зајакнување на домашната економија, што претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, овозможувајќи целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој. Од страна на компанијата беше изразена посветеноста за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, за што, токму инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПопладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова15:00Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? 18:08Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18
Сиљановска-Давкова во Софија ќе се сретне со бугарската колешка Јотова на самитот на југоисточна Европа08:50
ФудбалКејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство претставува најдобра можност во неговата кариера да го освои највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.Кејн ќе пристигне на своето трето Светско првенство по исклучителна сезона во клубот и репрезентацијата, а во интервју за „ITV Football“ тој нагласи дека никогаш не се чувствувал поподготвен за најголемите предизвици. „Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков и претходно“, рече Кејн. Напаѓачот на Англија дополнително го зацврсти статусот на најдобар стрелец во историјата на националниот тим. Со гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, тој стигна до својот 79-ти гол во дресот на репрезентацијата, додека вкупно во сезоната постигна дури 67 гола за клубот и репрезентацијата. Зборувајќи за претстојното Светско првенство, Кејн истакна дека комбинацијата од врвна форма и квалитетот на националниот тим му дава голема самодоверба и дека ја гледа оваа можност како најголема во неговата досегашна кариера, и за освојување на Светското првенство и за освојување на „Златната топка“. „Веројатно би рекол само дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство.“ Пред почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Англија ќе има уште еден пријателски натпревар против Костарика, по што целосно ќе го насочи вниманието кон Светското првенство. „Гордиот албион“ ќе го отвои светското во Групата Л на 17 јуни со натпревар против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а на 27 јуни против Панама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter