Јаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестиции
1Јаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестиции
ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
1Алиу: Брзата помош во Скопје ќе стане посебна институција, пристигнуваат 100 нови амбулантски возила
2ЕСЕ: За 84 отсто здравствените работници корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат
МакедонијаПопладнево во Софија средба Сиљановска - ЈотоваШефицата на државата Сиљановска Давкова доцна попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. Средбата ќе биде на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, а престедателката Сиљановска на неа ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но на мргините на самитот дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека Македонија е заложник на непринеципелна болокада на патот кон ЕУ и дека токму тоа ќе биде пренесено и на денешата средба во Софија. „Потребен е дух на меѓусебна доверба. Во моментов треба да бидеме искрени меѓу себе, а постои висок степен на недоверба од двете страни. И таа хистерија од минатото е насочена кон создавање на негативна перцепција поврзана со нашата држава, а која што се прелеа и во внатрешната атмосфера кај нас. Ние сме заложник на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат и тоа е она што сакаме да им го објасниме на нашите колеги во Бугарија“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски порача дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Порача и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа за Канал 5 го потврдија и од самата Европската комисја. „Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи На регионалниотн самит во Софија присуствуваат присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија. Тагови: Сиљановска - Давкова Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаЈаревски: Контиунирано две години има економски раст над 3% и силна реализација на капиталните инвестицииТони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во емисијата ,,Само вистина“ на телевизија Канал 5, говореше за за економските показатели, растот на БДП, капиталните инвестиции и работата на Владата.,,Можеме да констатираме дека имаме веќе 5 квартали над 3% раст, имаме 17.000 нови вработувања, имаме ситуација каде што се гради на сите страни, силен импулс на реализација на капиталните инвестиции“, кажа Јаревски. Тој истакна дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години го зголемила БДП за 4,66 милијарди, додека, според него, за шестгодишното владеење на СДС и нивните коалициски партнери БДП бил зголемен за 4,52 милијарди. Јаревски оцени дека Владата за две години реализирала повеќе отколку претходната власт за целиот свој мандат. ,,Само за две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е зголемено за 4,66 милијарди, што значи имаме за две години направено и реализирано ефективно пвеќе отколку целокупниот мандат на СДС и коалицијата“,рече Јаревски и додаде: ,,Владата, генералните политики, макроекономските показатели се добри позитивни и во правилна насока. Наследивме држава која што беше во слободен пад, го запревме падот ги консолидиравме работите и веќе имаме ситуација каде што ги имаме првите параметри и резултати и показатели на развој“. Тој оцени дека исполнувањето на преземените обврски се клучни принципи во работењето, при што наведе дека постои разлика во начинот на кој денес се управува и се трошат буџетските средства во споредба со како тоа го правела претходната влада. ,,Она што го краси како одлика, ВМРО-ДПМНЕ, од секогаш, тоа е неговата отчетност, тоа е неговата исполнителност. Има јасна разлика како се трошат буџетските пари денес и како се трошеа претходно. И тука релевантна институција и релевантни извештаи на кои може да се повикаме тоа е ДЗР“, истакна Јаревски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
МакедонијаДимитровски: Планот за раст и Инвестициската рамка го забрзуваат европскиот пат на регионот Димитровски денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург.Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денес учествуваше на конференција во организација на Европскиот суд на ревизори во Луксембург, на која учествуваа високи претставници на институциите на Европската Унија, европските финансиски институции, претставници на владите на земјите од Западен Балкан и други меѓународни партнери. Конференцијата беше посветена на европската финансиска поддршка за земјите од Западен Балкан, со посебен осврт на неодамна објавениот Специјален извештај на Европскиот суд на ревизори за имплементацијата и резултатите од проектите поддржани преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст. Заменик министерот Димитровски имаше свое обраќање на панелот посветен на имплементацијата на европската финансиска поддршка, со фокус на искуството на нашата земја како корисник на овие европски финансиски инструменти, предизвиците во реализацијата на проектите и улогата на Планот за раст во процесот на пристапување кон Европската Унија. Димитровски истакна дека Инвестициската рамка за ЗБ и Планот за раст на ЕУ претставуваат значајни инструменти за забрзување на реформите, реализација на стратешки инфраструктурни инвестиции и постепена интеграција на нашата земја во единствениот европски пазар. Тој посочи дека нашата земја е меѓу првите земји кои добија позитивна оценка за Реформската агенда, што претставува потврда за посветеноста на земјата во спроведувањето на реформите и ефикасното користење на европските финансиски инструменти. Додаде, дека и покрај тоа што средствата од Инвестициската рамка на ЕУ се ограничени, а во нашата земја и регионот во тек се крупни инфраструктурни проекти од повеќе милијарди евра, како што е брзата железница на Коридорот 10 од Солун до Будимпешта, учеството на Европската Унија во нивното финансирање, макар и симболично, останува значајно бидејќи обезбедува стандарди и сигурност за нивна успешна реализација во интерес на нашите граѓани.Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСуперјахтата на Путин забележана кај ДанскаКонвој од три руски бродови пловеше покрај Данска претходно оваа недела, вклучувајќи ја и суперјахтата Грејсфул, за која се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Владимир Путин.Суперјахтата влезе во данските територијални води во недела навечер и помина во близина на островот Анхолт во понеделник наутро, објави данскиот медиум „DR“. Грејсфул наводно била придружувана од разурнувач и патролен брод. Преминувањето привлече внимание затоа што, според „DR“, суперјахтата Грејсфул го исклучила својот „AIS“ предавател на 30 август 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина. Ein ungewöhnlicher russischer Schiffskonvoi sorgt derzeit vor der dänischen Küste für enorme Aufmerksamkeit. Mittendrin befindet sich die Luxusjacht "Graceful", die als persönliche Jacht von Kreml-Chef Wladimir Putin gilt. https://t.co/bSNymOcAok — oe24.at (@oe24at) June 29, 2026 Оттогаш, бродот е практично „под радарот“, иако оттогаш е забележан во близина на Санкт Петербург. Откако конвојот беше забележан во близина на Данска, тој беше под постојан надзор. „Вооружените сили редовно ги следат бродовите, вклучително и бродовите на странски држави, кои минуваат низ данските теснеци и територијални води, користејќи соодветни можности“, соопшти Данската одбранбена команда. Според претходните извештаи на списанието „Форбс“, суперјахтата „Грејсфул“ е долга околу 80 метри и се проценува дека вреди околу 100 милиони евра. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Данска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКонтурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва 15:00Гори дива депонија во Шуто Оризари11:53Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат вечерва–најави Мицкоски08:54
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00