140 илјади жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст ќе бидат повикани на ПАП тест - Канал 5

140 илјади жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст ќе бидат повикани на ПАП тест

140 илјади жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст треба да бидат повикани од својот матичен гинеколог на ПАП тест.

140 илјади жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст  ќе бидат повикани на ПАП тест

140 илјади жени на возраст од 21 до 59 годишна возраст треба да бидат повикани од својот матичен гинеколог на ПАП тест, а не направиле во претходните три години со цел да се најдат во рана фаза заболувањата на грлото на матката, изјави првиот човек на ФЗОМ Сашо Клековски.

Овој повик е зацртан во целите што треба да ги исполнат матичните гинеколози со пониски цени.

Клековски објасни дека овие цели ќе бидат задолжителни само за ординациите на гинеколози кои имаат потпишано со ФЗОМ. Целта е да се направт повеќе тестови ќе се направат цената на тестовите ќе биде пониска. Целта е во иднина да има повеќе ЛИКВИД ПАП тест кој се работи со вештачка интелигнеција во време на недостаток на цитолози и зголемување на ХПВ тестирањето.

Од фондот посочија дека лековите за епилепсија дека лекот ТИРАМИТ на Белупо престана да се произведува и воведен е нов лек ТИРАМИТ на Фармавита од понеделник ќе биде достапен во аптеките на позитивната листа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

ВМРО-ОКГ и Мицкоски денес се фалат со „Роаминг како дома“, како да се тоа нивен голем успех и како да го покренале токму тие.

СДСМ: Роаминг наместо реформи

Да разјасниме: Ова не е проект покренат и реализиран од ВМРО. Ова е европска политика која важи во целата ЕУ и која ја спроведуваат сите земји кандидати за членство.

Процесот е потпишан и започнат уште во времето на владата предводена од СДСМ.

Наместо да работат на она што е навистина важно, на реформите - ВМРО се фали со нешто што и онака мора да се направи.

Додека се фалат со роминг, граѓаните немаат пари за патувања, а оние кои сепак одат мора да чекаат и по 10 часа на граница.

Толку за „олеснување на животот на граѓаните“.

На реформите работеле толку „успешно“ што единствениот закон што се обиделе да го протуркаат - Законот за судскиот совет, Европа го врати на повторно реформирање. Толку за нивната посветеност на европскиот пат.

Мицкоски и неговата банда не сакаат правосудство затоа што тоа значи независно европско правосудство. А независно правосудство значи дека повеќе нема да можат да наредуваат на обвинителите од собраниската говорница, преку медиуми или по телефон. Нема да можат да најавуваат пресуди во живо во своите програми.

Тогаш доаѓа одговорноста и некој ќе мора да одговара за грабежот на државата.

Затоа Мицкоски и ВМРО не сакаат реформи. Затоа нема напредок кон Европа.

Затоа што Европа носи правда, а правда значи крај на заштитата на криминалот и корупцијата.

Доста е со лаги. Реформи сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Директорот Гоце Димовски оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen, каде се разговараше за развојот на инвестицискиот проект кој е во напредна фаза. 

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ оствари средба со германската компанија Heidelberger Druckmaschinen

Во рамки на средбата беа дискутирани можностите за понатамошно унапредување на соработката, динамиката на реализација на инвестицијата, како и идните развојни планови на компанијата во земјава.

Директорот Димовски нагласи дека оваа инвестиција значајно ќе допринесе за зајакнување на домашната економија, што претставува уште една потврда за довербата на германските компании во деловното опкружување и потенцијалот за развој во Македонија. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на обезбедување стабилна и предвидлива бизнис-клима, овозможувајќи целосна поддршка на инвеститорите во сите фази од нивниот развој.

Од страна на компанијата беше изразена посветеноста за исполнување на сите услови потребни за навремена реализација на инвестицијата. Лукас Мухрингер истакна дека главната цел на компанијата е навремено исполнување на барањата на клиентите и континуиран развој на пазарот, за што, токму инвестицијата во рамки на ТИРЗ претставува важен чекор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Светско првенство претставува најдобра можност во неговата кариера да го освои највредниот трофеј во репрезентативниот фудбал.

Кејн: „Имам најголеми шанси да го освојам Светското првенство и Златната топка“

Кејн ќе пристигне на своето трето Светско првенство по исклучителна сезона во клубот и репрезентацијата, а во интервју за „ITV Football“ тој нагласи дека никогаш не се чувствувал поподготвен за најголемите предизвици. „Во фудбалот, никогаш не знаете што може да се случи, па затоа пристапувате кон секој турнир како да може да ви биде последен. Ме познавате, сакам да играм долго, долго време. Чувствувам дека сум на својот врв, никогаш не сум се чувствувал подобро, како што реков и претходно“, рече Кејн. Напаѓачот на Англија дополнително го зацврсти статусот на најдобар стрелец во историјата на националниот тим.

Со гол на пријателскиот натпревар против Нов Зеланд, тој стигна до својот 79-ти гол во дресот на репрезентацијата, додека вкупно во сезоната постигна дури 67 гола за клубот и репрезентацијата.

Зборувајќи за претстојното Светско првенство, Кејн истакна дека комбинацијата од врвна форма и квалитетот на националниот тим му дава голема самодоверба и дека ја гледа оваа можност како најголема во неговата досегашна кариера, и за освојување на Светското првенство и за освојување на „Златната топка“.

„Веројатно би рекол само дека, со оглед на формата во која се наоѓам и сезоната што ја имав, ова е веројатно најдобрата можност што некогаш ќе ја имам во мојата кариера да освојам Светско првенство.“

Пред почетокот на Мундијалот, фудбалската репрезентација на Англија ќе има уште еден пријателски натпревар против Костарика, по што целосно ќе го насочи вниманието кон Светското првенство.

„Гордиот албион“ ќе го отвои светското во Групата Л на 17 јуни со натпревар против Хрватска, потоа на 23 јуни ќе играат против Гана, а на 27 јуни против Панама.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер