МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива
1МФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулатива
Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
1Видео: Аргентинците донесоа 500 кг. месо на Светското првенство, Лаутаро и Мартинез главни „скараџии“
МакедонијаТошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинетиМинистерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави серија реформи и засилени контроли во сообраќајот, со посебен фокус на електричните тротинети и функционирањето на системот „Сејф сити“.Тој најави казнување за погрешно паркирање и непрописно управување со возило и нови законски измени за користењето на електричните тротинети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
МакедонијаМФ: Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри-поголема заштита на граѓаните, посилна контрола и современа регулативаСобранието денеска го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој се воспоставува современа, појасна и поефикасна законска рамка за регулирање на оваа област.Новото законско решение има за цел да обезбеди поголема заштита на граѓаните, особено на младите, да ја намали сивата економија, да ја зајакне контролата и надзорот врз приредувањето на игрите на среќа, да придонесе во борбата против перењето пари и финансиските злоупотреби и да создаде фер и транспарентни услови за работа на сите приредувачи. Постојниот закон повеќе од една деценија ја регулираше оваа област, но во меѓувреме пазарот на игри на среќа значително се промени, се појавија нови форми на приредување, се прошири мрежата на деловни простории и оттука се наметна потребата од закон којшто ќе одговори на современите предизвици и ќе овозможи поефикасен надзор и контрола. Една од новините е регулирањето на подарувањата (giveaway), за кои се воведува обврска за издавање дозвола и плаќање соодветна давачка за нивно приредување. Дополнително, со законот се уредува дека правото на приредување на лотариските игри на среќа, освен томболата од затворен тип, како и електронските и интернет игрите на среќа, е право на Република Македонија, која ќе ги приредува преку трговско друштво во државна сопственост. Законот воведува и критериуми за соодветност и интегритет („fit and proper“) за членовите на органите на управување, содружниците и соработниците на друштвата кои поседуваат лиценци за приредување игри на среќа. Овие решенија се во согласност со препораките на MONEYVAL и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризам и претставуваат значаен чекор кон зајакнување на довербата во системот. Посебен акцент е ставен и на регулирањето на рекламирањето на игрите на среќа. За првпат јасно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами. Истовремено, се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех, решение за лични или социјални проблеми или кое директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив. Дополнително, се забранува користење називи што не одговараат на видот на играта за која е издадена лиценцата, со што се обезбедува поголема транспарентност и заштита на јавниот интерес. И со новиот закон се продолжува со финансиската поддршка на ранливите категории, односно средства во износ од 60 до 120 милиони денари кои се остварени по сите основи од приредувањето на игри на среќа и забавни игри ќе продолжат да се користат за финансирање на националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија на граѓани за борба против семејното насилство и за Црвениот крст на Република Македонија. Во насока на поефикасна контрола, законот воведува задолжително поставување GPS-систем за позиционирање на секој автомат за игри на среќа, VLT и терминал за електронски игри, поврзан со Управата за јавни приходи. Со ова ќе се обезбедат точни информации за локацијата на секој автомат и ќе се спречи нивно поставување кај нелиценцирани приредувачи, што значително ќе ја подобри ефикасноста на инспекцискиот надзор. Во делот на отворањето деловни простории се воведуваат нови правила со кои се ограничува можноста едно друштво со ист износ на основна главнина да добие повеќе лиценци. За секоја дополнителна лиценца ќе биде потребен соодветен кумулативен износ на основна главнина, со што се обезбедува поголема финансиска одговорност и пофер пазарни услови. Со новото законско решение првпат се воведува критериум за оддалеченост на деловните простории за определени приредувачи на игри на среќа од најмалку 500 метри од основните и средните училишта. Во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци, со што се овозможува поефикасно санкционирање на незаконското работење. Со усвојувањето на новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри се воспоставува современ систем кој обезбедува повисоко ниво на правна сигурност, поголема транспарентност, поефикасен надзор и подобра заштита на јавниот интерес. Очекуваните ефекти се намалување на нелегалното приредување игри на среќа, поефикасно спречување на финансиските злоупотреби, подобра заштита на малолетниците и усогласување на националното законодавство со европските и меѓународните стандарди. Министерство за финансииТагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУставниот суд организираше тркалезна маса на генералните секретари на балканските уставни судовиФорумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба.Во рамките на Форумот на балканските уставни судови, со кој претседава Уставниот суд на Република Македонија, од 24 до 26 јуни 2026 година во Охрид се одржа тркалезна маса на ниво на генералните секретари на уставните судови. Настанот беше организиран од Уставниот суд на Република Македонија, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста и заштитата на човековите права“. Форумот беше посветен на организацијата и функционирањето на уставните судови, систематизацијата на работните места, како и на оценувањето и професионалниот развој на административната служба. Настанот го отворија претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски, генералниот секретар м-р Виолета Ѓорѓиевска и тим-лидерот на ЕУ-проектот Карстен Манке. На Форумот учествуваа генерални секретари и претставници на уставните судови од Албанија, Бугарија, Косово, Турција, Хрватска и Република Македонија, кои ги презентираа искуствата на своите институции и разменија добри практики за организацијата на работата на уставните судови. Во рамки на презентациите беше претставен новиот Правилник за внатрешна организација на Уставниот суд, донесен во октомври 2025 година, со кој е воспоставена организациска структура од 13 организациски единици што обезбедуваат стручна и административна поддршка на судот. Посебен акцент беше ставен на јасната поделба меѓу судиската и административната функција, улогата на генералниот секретар во координацијата на службата и дигиталното управување со предметите. Учесниците беа запознаени и со систематизацијата на работните места во Стручната служба на Уставниот суд, која предвидува 71 работно место, од кои 54 се пополнети, како и со моделот за распределба на предметите и организацијата на работата на правните советници. Беше презентирано и дека во текот на 2025 година Уставниот суд работел на 520 предмети, од кои 229 биле завршени, додека останатите продолжиле во работа во текот на следната година. На Форумот беше претставен и новиот систем за оценување на вработените во Стручната служба, кој се темели на континуирано следење на работата, месечни извештаи и оценување според три критериуми – навремено извршување на работните задачи, стручност и работен ангажман, како и професионално однесување. Во дискусијата беа разгледани и можностите за дополнително унапредување на системот преку воведување мерливи показатели за успешност, поголема транспарентност и развојни планови за вработените. Во текот на тридневниот Форум се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат уставните судови во регионот, со посебен акцент на зајакнувањето на институционалните капацитети, модернизацијата на административното работење и размената на искуства меѓу уставните судови. Форумот заврши со заклучок дека ваквите средби придонесуваат за поефикасна организација на работата, унапредување на професионалните стандарди и натамошно зајакнување на регионалната соработка меѓу уставните судови.Тагови: Уставен суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОфицијална посета на Гаши на Грузија и учество на 67. Генерално Собрание на ПАБСЕКПретседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, на покана на претседателот на Парламентот на Грузија, Шалва Папуашвили, од 30 јуни до 1 јули 2026 година, ќе оствари официјална посета на Грузија.Делегацијата што ќе ја предводи претседателот, ја сочинуваат и пратеничките: Дафина Стојаноска, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Мимоза Муса, кои се членки на Пратеничката Група за соработка со Грузија во Собранието, како и заменик - генералниот секретар на Собранието, Ибуш Јусуфи. Претседателот Гаши, покрај средбата со неговиот колега, претседателот Папуашвили, ќе има средба и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили, како и со премиерот Иракли Кобахидзе. Претседателот Гаши ќе учествува и на пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува во Грузија, каде меѓудругото, ќе има и свое обраќање.Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПостои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00Регистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
Постои принципиелен договор за ресорите меѓу коалициските партнери, имињата ќе се знаат утре – најавува Мицкоски15:00
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09