Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
2Тошковски: Намален бројот на убиства, обиди за убиства, разбојништва и тешки кражби во споредба со минатата година
РецептиДомашна супа од домати со босилекОваа кремаста и ароматична супа од свежи домати со босилек е идеален летен оброк – лесна, здрава и полна со вкус. Совршена е како предјадење или лесна вечера, особено кога се служи со крцкав тост или домашен леб.Состојки (за 4 лица): 1 кг свежи домати 1 лажица маслиново масло ½ главица кромид 4 чешниња лук 500 мл зеленчуков бујон 1–2 лажички паста од босилек 1 лажичка мед ½ лажичка димена црвена пипер сол и мелен црн бибер по вкус Подготовка: Доматите исечкајте ги на коцки и оставете ги на страна. Загрејте го маслото во голем сад. Додајте ситно сечкан кромид и издробен лук. Пржете додека кромидот не стане стаклест. Додајте ги доматите и продолжете со динстање, без капак, околу 10 минути, додека не омекнат и се распаднат. Смесата префрлете ја во блендер, додајте го бујонот и изблендирајте додека не добиете мазна супа (можете да користите и рачен блендер директно во садот). Вратете ја супата во садот и, доколку е потребно, додадете уште бујон за посакуваната густина. Додајте ја пастата од босилек, медот, димената црвена пиупер, биберот и солта. Поклопете и варете уште 5 минути. Послужување: Служете ја топла, со препечен леб или кротони, декорирајте со свежи листови босилок. /МИАТагови: супа домати босилек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ТехнологијаКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнуваКинески робот што готви, чисти и го мести креветот – иднината наскоро пристигнува во домовите ширум светот. Кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) претстави хуманоиден робот кој, за време на демонстрација, самостојно извршува низа домашни обврски – од подготовка на храна и чистење до местење на креветот и ракување со апарати за домаќинство. Сепак, сè уште не се знае кога овој робот ќе биде достапен за купување. Идејата за робот за домаќинство со децении припаѓаше на сферата на научната фантастика, но снимките од кинеската компанија „Унипат“ (Unipath) прикажуваат хуманоид кој се движи низ домот и извршува разни секојдневни задачи. Во демонстрацијата, роботот подготвува храна, ги чисти подовите, го мести креветот, ракува со апарати за домаќинство и служи оброци. Тој е претставен како систем способен да преземе дел од домашните обврски и да помогне во организацијата на домаќинството. Во јуни, Кина покрена национална иницијатива со цел да воведе повеќе од 10.000 хуманоидни роботи во комерцијална употреба, во над 100 различни сценарија за примена, до крајот на 2026 година. Развојот на оваа индустрија е дел од пошироките напори за воведување на роботиката во производството, логистиката, малопродажбата, здравството и други сектори. #UniXAI robot #Panther is now on duty. From managing wake-up calls, controlling home appliances to organizing tasks & cooking, #Panther offers a comprehensive range of household services in residential environments, serving the public into daily life! https://t.co/uvrFZwhfuL https://t.co/njGPXDysiJ — Unix AI (@RoboticsUnixAI) March 25, 2026 Сепак, патот до целосно автономен домашен робот, способен да ги извршува речиси сите домашни обврски, сè уште не е целосно реализиран. Дури и најнапредните хуманоидни роботи сè уште имаат ограничувања, а за посложени задачи, некои системи може да се потпираат на човечки надзор или далечинско управување. Еден пример е роботот NEO од компанијата 1X, дизајниран специјално за домашна употреба. За разлика од роботот на Unipath – за кој сè уште не се објавени ниту датум на пуштање во продажба, ниту официјална цена – NEO е веќе достапен за преднарачка. Цената за ран пристап изнесува 20.000 долари, иако компанијата нуди и опција за претплата од 499 долари месечно. Се очекува испораките до купувачите во САД да започнат уште кон крајот на 2026 година.Тагови: Робот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
ФудбалПознат денот кога Меси ќе го одигра последниот натпревар за АргентинаЕден од најдобрите светски фудбалери во историјата, асот на Интер Мајами, Лионел Меси неодамна објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација, а за време на претстојната меѓународна пауза ќе му биде приредено официјално испраќање.Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони го вклучи долгогодишниот капитен Меси во списокот за претстојните пријателски натпревари, а како што пишува Фабрицио Романо, „малиот волшебник“ ќе се прости од репрезентацијата во Буенос Аирес, на 6 октомври, на натпреварот против Бенин. Пред тоа, Аргентина ќе игра против Боливија и Буркина Фасо, но не е познато дали освојувачот на осум златни топки за најдобар светски фудбалер ќе настапи на тие натпревари. Меси на 31 август објави дека се повлекува од националниот тим, за кој во текот на кариерата одигра 207 натпревари, постигна 125 гола и забележа 68 асистенции. Со Аргентина освои две титули на Копа Америка, Светското првенство и „Финалисима“, а својот последен танц во дресот на „Гаучосите“ ќе го има пред своите навивачи.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Street Food Picnic по вторпат во Центар, три дена храна, музика и семејна забаваПаркот на Франкофонија од 18 до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство.Овогодинешното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе можат да уживаат во разновидна гастрономска понуда, музичка програма и детски работилници со игра и креативни активности. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните да бидат дел од тридневното дружење во Паркот на Франкофонија. „Street Food Picnic го организираме втора година и навистина ми е драго што овој настан прераснува во убаво септемвриско дружење во Центар. Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава. Ги повикувам сите, со семејствата и пријателите, да ни се придружат. Три дена ќе се дружиме и ќе уживаме заедно во Паркот на Франкофонија“, порача Герасимовски. За гастрономскиот дел ќе се погрижат девет изложувачи – Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, Жешко Компирче, Sweet Corner, Сутлијаш Бар, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos, со избор на солени и слатки специјалитети. Богата програма е предвидена и за љубителите на музиката. Во петок ќе настапат Golemata Voda и Vaso, во сабота Shurbe, Day Off и Flooder, додека во недела музичката програма ќе ја заокружат Dimish, Trio Zigot и Machki. Посебен дел од програмата е наменет за најмладите, кои во текот на викендот ќе можат да учествуваат во детски работилници, да се забавуваат и да поминат квалитетно време на отворено. Street Food Picnic 2 се одржува со поддршка на Општина Центар, а настанот е отворен за сите посетители. Во петок програмата започнува во 17:00 часот и ќе трае до полноќ, додека во сабота и недела започнува во 12:00 часот и ќе трае до полноќ. Од 18 до 20 септември, Паркот на Франкофонија ќе биде место за дружење, добра храна, музика и забава за целото семејство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter