Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
2Избори во Босна и Херцеговина: Република Српска останува цврсто во партијата предводена од Милорад Додик
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 28.09.2026 до 02.10.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТројца научници за откритија во оптогенетиката добија Нобелова награда за медицинаНобелова награда за медицина попладнево добија тројца научници за откритија во оптогенетиката.Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2026 година им е доделена на научниците Карл Дајсерот, Питер Хегеман и Георг Најџел. Нобеловата награда за медицина денес им беше доделена на Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за истражување на мозочната активност што опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Добитниците на наградата беа објавени на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, со што започна неделата на доделување на Нобеловите награди, пренесува АП. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони долари. Нобеловиот комитет ја пофали работата на тројца научници на откритија поврзани со оптогенетиката, која овозможува активирање или деактивирање на активноста на поединечни нервни клетки во живиот мозок. „Овој метод сега се користи во лаборатории ширум светот за да се откријат тајните на мозокот“, напиша Комитетот на мрежата X. Хегеман и Нагел открија протеин познат како каналродопсин, пред Дајсерот „да го претвори тој протеин во прекинувач за нервни клетки управуван со светлина“, објасни Нобеловиот комитет. Нивната работа ги постави темелите за нова ера во невролошките науки, додаде Комитетот.Тагови: Нобелова награда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ.Филипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметуваФилипче е против корупција само кога тоа политички му одговара и партиски се пресметува, скандалот со Петровска е доказ за тоа.Случајот со Славјанка Петровска, кој Венко Филипче го отвори во јавноста дури во моментот кога Петровска стана дел од Платформата „12.05“ и почна јавно да бара промени во СДС, е доказ за двојните стандарди на Филипче. Платформата „12.05“ јавно побара Филипче да се повлече од лидерската позиција, а Филипче потоа директно ја прозва Петровска во врска со наводите околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според Филипче постоела разлика од дури 37 милиони евра. Ако Филипче со години располагал со информации за овој случај, тогаш зошто молчел досега? Зошто Филипче не ги доставил информациите до надлежните институции порано? И зошто токму сега, кога Петровска стана негов политички критичар, Филипче го обелоденува случајот? Преку овој случај на површина излезе целата хипокризија и двојните стандарди на СДС и Филипче. Од една страна, Филипче постојано зборува за Европската Унија, европските вредности, владеењето на правото и борбата против корупцијата како услов за европскиот пат на Македонија. Од друга страна, кога станува збор за наводи за сериозни злоупотреби во сопствените редови во СДС, Филипче знаел и молчел се до моментот додека тоа политички му одговарало. Европа не е само декларативна определба. Европските стандарди подразбираат одговорност, транспарентност и нулта толеранција кон корупцијата и кога сомнежите се однесуваат на сопствените редови, а не само кога можат политички да се искористат против противник. Ако Филипче навистина располагал со информации за наводниот случај од 37 милиони евра, тогаш зошто досега молчел? Не може од една страна да се бараат европски стандарди и европско обвинителство, а од друга страна да нема јасен одговор и да се молчи. Ако европскиот пат значи владеење на правото, тогаш истиот принцип мора да важи за сите, и за политичките противници, и за сопствените редови. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Убавата Емили блесна на филмска премиераЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски ги воодушеви сите со својот изглед во тесен црн фустан со длабоко деколте и му даде силна поддршка на својот партнер на грчката премиера на неговиот нов филм „Sacrifice“. Позната по своите провокативни пози, разголени модни изданија, а сега и по врската со Гаврас, Емили ужива во вниманието што го привлекува. Францускиот режисер Ромен Гаврас се појави во поопуштено издание, во широк црн капут и сина кошула, при што цело време ја прегрнуваше Емили. Емили ја надополни својата смела комбинација со чантичка со златен синџир и високи чевли што се врзуваат околу ногата, додека заедно пристигнуваа во културниот центар „Онасис Стеги“, пренесува „Дејли мејл“. Премиерата на неговиот најнов филм „Sacrifice“ се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во септември. Ова остварување претставува и негово деби на англиски јазик, а во главната улога се појавува Ања Тејлор-Џој како религиозен фанатик кој планира да жртвува тројца важни луѓе за да го спаси светот од уништување.Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook