Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураМладите актери на Драмски триумфално на „Денови на комедија“ во КумановоНина Елзесер ја доби наградата за споредна женска улога, а Марјан Наумов ја доби наградата за млад актер.Драмски театар Скопје на 29. Меѓународен театарски фестивал „Денови на комедија“ во Куманово настапи со претставата „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, во режија и адаптација на Синиша Евтимов. Во претставата Нина Елзесер ја игра улогата на Луси, а Марјан Наумов го игра ликот на Миле. Фестивалот годинава се одржа од 23 септември до 5 октомври и согласно со фестивалската програма беа изведени 11 претстави од театри од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и од Бугарија. Десет претстави беа дел од натпреварувачката програма. „Болва в уво“, една од најпознатите фарси на францускиот драмски автор Жорж Фејдо, во постановката на Драмски театар е динамична театарска машина во која еден мал сомнеж е доволен да предизвика лавина од недоразбирања. Љубовната несигурност го придвижува светот на погрешни врати и соби, заменети идентитети, неочекувани средби и луѓе кои постојано се наоѓаат на погрешното место во погрешно време. Секој обид да се воспостави ред создава уште поголем хаос, а забрзаното темпо на сценската игра ја води фарсата кон нејзините крајни комични последици. Во режисерското читање на Синиша Евтимов, зад механизмот на фарсата стои свет во кој сите зборуваат, но никој вистински не слуша. Ликовите комуницираат преку сомнежи, претпоставки, полуинформации и недоизговорени реченици, додека љубомората, стравот и лагата стануваат движечка сила на нивното однесување. Дијалогот постои, но често само како маска за низа паралелни монолози, а малите приватни „војни“ се раѓаат во главите на ликовите уште пред да постои вистинска причина за нив. Оттаму, креветот што се врти, вратите што се отвораат и се затвораат и телата што непрестајно се разминуваат и се судираат не се само препознатливи механизми на класичната фарса туку и сценска топографија на недоразбирањето. Во навидум елегантниот свет на La Belle Époque, под површината на рационалноста и општествените правила, се откриваат ниските страсти, паранојата и човековата опседнатост со туѓите постапки. Претставата ја задржува експлозивната комика на Фејдо, но истовремено го отвора прашањето колку од тој свет на неслушање, сомнежи и однапред создадени вистини препознаваме и денес. Во претставата настапуваат: Дениз Абдула во улогите на Виктор и на Поше, Ања Митиќ како Рената, Марјан Наумов како Миле, Лазар Христов како Ристе, Игор Стојчевски како д-р Филев, Стефан Вујисиќ како Дони Карлос Хоменидес, Нина Елзесер како Луси, Владимир Петровиќ како Бегби, Рубенс Муратовски како Филип, Катерина Шехтанска-Лаковски како Оли, Томислав Давидовски како Ангел, Јована Спасиќ како Анета, Петар Стојковиќ како Бате и Ивана Павлаковиќ како Евгенија. Режијата и адаптацијата се на Синиша Евтимов, сценографијата е на Мартин Манев, а костимографијата на Раде Василев. Инспициент е Жарко Намичев, а суфлер Милка Анчевска. „Болва в уво“ премиерно беше изведена на 17 декември 2025 година на големата сцена на Драмски театар. Претставата трае 125 минути без пауза. Публиката повторно ќе може да ја погледне на репертоарот на Драмски театар Скопје на 10 октомври, со почеток во 20:00 часот, а билети може да се купат на билетарницата на театарот и на веб-страницата dramski.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашањаСобранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашања08:36АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МетеоПроменливо облачно со температура до 21 степенВремето денеска според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook