3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаФинансиска полиција. Поднесени пријава против две службени лица Државна лотарија за “Проневера во службата” Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ. Првопријавената А.Н., во својство на Директор на Секторот за финансии и сметководство на Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Македонија, заедно со второпријавената Д.Д, вработена на работно место Шеф на финансиски работи, целокупниот дневен промет за 2024 година во вкупен износ од 46.038.720 денари кој им бил доверен од сопствените продажни места на АД Државна лотарија не го уплатиле и депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки и од банкарските сметки на АД Државна лотарија подигнале парични средства во вкупен износ од 33.950.724 денари кои противправно ги присвоиле за себе. Со цел да ги прикријат трагите од извршеното кривично дело и недостигот на проневерените парични средства, вршеле префрлање на парични средства помеѓу банкарските сметки на друштвото, креирале налози за трансакции и реализирале уплати и исплати со кои лажно прикажувале дека биле извршени финансиски трансакции во значителни износи. Истовремено, изготвувале и употребувале невистинита финансиска и сметководствена документација, преку евидентирање фиктивни касовни исплати од благајната на друштвото, при што противправно присвоените парични средства биле раскнижувани на различни сметководствени конта врз основа на фиктивна документација, со што лажно се прикажувала нивната намена и се прикривал недостигот на средствата во деловните книги на друштвото. Со горенаведените дејствија, првопријавената А.Н заедно со второпријавената Д.Д. прибавиле противправна имотна корист, а на АД Државна лотарија на Република Северна Македонија му предизвикале имотна штета во износ од 79.989.444 денари. Во рамки на постапката, во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, а врз основа на наредби од надлежен суд, во текот на вчерашниот ден извршени се претреси на вкупно пет локации, од кои четири на подрачјето на Скопје и една на подрачјето на Валандово. При извршените претреси се пронајдени и одземени поголем број предмети и материјали од интерес за постапката, меѓу кои сметководствена документација во оригинал која се однесува на АД Државна лотарија на Македонија, мобилни телефони, лаптоп-компјутери, USB-уреди, надворешни хард-дискови и друга електронска опрема, парични средства, злато и златен накит, накит од брендот „Сваровски“, часовници со поголема вредност, како и брендирани чанти од познати светски производители, меѓу кои „Хермес“, „Луј Витон“„ Диор“ и други. Дополнително, надвор од една од претресуваните локации, во соседен двор, е пронајдена и одземена фрлена документација која е од интерес за постапката. Во рамки на спроведената акција, пријавените лица се лишени од слобода. Предметот е резултат на наодите на извршената ревизија од страна на Државниот завод за ревизија во АД Државна лотарија на Република Северна Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно и посвежоВремето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени. Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураАктерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно делоМихајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот. Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност. Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година. Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела. Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели: „Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други. Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти. Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.Тагови: Соња Михајлова животно дело Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
БалканИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во БелградВучиќ синоќа го призна изборниот пораз. Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27