Есенска дератизација на Карпош - Канал 5

Есенска дератизација на Карпош

Општина Карпош, преку овластен економски оператор, започна со реализација на годишната акција за есенска дератизација на територија на општината, која ќе трае до крајот на оваа календарска година.

Есенска дератизација на Карпош

Акцијата е дел од програмските активности на одделението за заштита и спасување и истата се спроведува редовно и конитуирано со цел контрола и уништување на штетните глодари, како и превенција од појава и ширење на заразни болести. Во рамки на есенската дератизација ќе бидат опфатени околу 5000 шахти на целата територија на Општина Карпош.

Претходно, Општина Карпош спроведе акции за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите општински основни училишта и детски градинки на своја територија. Преку спроведувањето на редовните превентивни мерки,

Општина Карпош обезбедува заштита на јавното здравје и создава побезбедна и поздрава животна средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината

Од утре новороденчињата во родилиштата нема да се вакцинираат со БСЖ вакцината.

Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината

Вака одлучи Комисијата за имунизација по информациите од Хрватска, каде што вакцинацијата е стопирана поради пријавени четири случаи на остеомиелитис, односно воспаление на коските што го зафаќа коскеното ткиво и коскената срцевина, а поради сомнежи дека е предизвикан од бе-се-же вакцината од бугарскиот производител „Бул Био“ што години наназад се користи и во Македонија.

Причина за привремено стопирање и кај нас е од претпазливост и превентивно бидејќи во Макенија нема пријавено ниту еден случај на остеомиелитис, а ќе трае се додека МАЛМЕД не ги провери сериите и квалитетот на вакцините но и дали има некакви нови пријави за несакани ефекти кај децата, за што надлежните сметаат дека ќе биде потребна околу една недела.

Педијатрите апелираат до родителите - простор за паника нема, но за претпазливост има. Температура, омалаксаност и болки кај детето и по подолг период по примена вакцина се симптоми за кои се препорачува лекарски преглед.

Во Македонија во последните десет години е пријавен само еден случај на сомнеж за несакана реакција по БСЖ вакцинација, во август 2022 година, а се однесувала на апсцес на местото на апликација.

Надлежните потенцираат дека БСЖ вакцинацијата е задолжителна, особено имајќи предвид дека Македонија е земја со висок ризик од туберкулоза, а и годинава има активни случаи, туберкулоза моментално се лекуваат 95 пациенти, од кои 83 се нови случаи од годинава, додека во детската болница Козле годинава се евидентирани 12 нови случаи на туберкулоза.

Во Хрватска, сега се проверуваат сите серии од овој производител, по четирите пријавени случаи, а тамошните власти посочуваат дека станува збор за невобичаено зголемена појава на оваа ретка несакана реакција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал над скандалите: Предавство во Германија?

 Поранешниот директор на германската Федерална разузнавачка служба (БНД), Аугуст Хенинг, е уапсен под сомнение за откривање државни тајни, вршење велепредавство и шпионажа за странска сила, објави денеска германскиот весник „Билд“.

Скандал над скандалите: Предавство во Германија?

Во исто време, во Баварија е уапсен уште еден поранешен висок функционер на BND.

Станува збор за Манфред Д., поранешниот шеф на кабинетот на Хаминг, кој работел во BND сè до пролетта 2026 година. Според истражителите, Манфред Д. наводно му доставувал на Хаминг строго доверливи информации од BND во замена за пари, барем до 2022 година.

Се претпоставува дека поранешниот директор на разузнавачката служба ја искористил таа информација во најмалку еден случај за да изготви безбедносна анализа за странска разузнавачка служба.

Според достапните информации, во овој случај не станува збор за Русија, објави „Дојче веле“.

Во друг случај, Хаминг наводно користел информации од внатрешни документи на БНД (BND) за време на комуникацијата со странски агент.

Истражителите веруваат дека на поранешниот шеф на БНД му биле пренесени околу 2.000 доверливи документи. Меѓу нив, наводно, имало извештаи подготвени за т.н. разузнавачки брифинзи во Кабинетот на канцеларот, односно за редовните состаноци на раководителите на германските безбедносни служби.

Според резултатите од истрагата, DW понатаму наведува дека меѓу документите имало исклучително чувствителни материјали за иранската нуклеарна програма и за руските вооружени сили.

Безбедносни извори исто така наведуваат дека меѓу нив имало информации што германските служби ги добиле од странски партнерски разузнавачки служби. Обелоденувањето на такви податоци се смета за еден од најсериозните можни безбедносни инциденти.

Во разузнавачките кругови постои страв дека партнерските служби би можеле да ја изгубат довербата во BND и да ја ограничат размената на важни информации.

Истрагата беше покрената во текот на постапката против претприемачката од Хамбург, Кристина Блок. Блок, наследничката на германскиот синџир ресторани „Блок Хаус“, се најде во центарот на истрагата откако нејзините две деца, кои живееле со својот татко во Данска, беа однесени во Германија за време на новогодишната ноќ меѓу 2023 и 2024 година.

Данските и германските власти ги истражуваат околностите на инцидентот и сомневањата дека децата биле одземени од нивниот татко против негова волја.

Како дел од таа истрага, германските истражители дојдоа и до информации кои укажуваат на можно протекување на доверливи податоци од германската разузнавачка служба БНД (BND), која подоцна отвори посебна истрага поради сомневање за оддавање државни тајни.

Во тоа време, според весникот „Билд“, еден таен истражител бил ангажиран во компанија поврзана со Хенинг, што укажува на тоа дека истрагата за сомнение за велепредавство можеби започнала уште тогаш.

Познато е дека по заминувањето од БНД (BND), тој работел како советник за безбедност и бизнис ширум светот и одржувал врски со Русија и Кина, вклучувајќи контакти со тамошните државни институции, како и индиректни врски со Кремљ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството

Вакцините против сезонски грип се очекува да бидат обезбедени во текот на овој месец, информираат од министерството за здравство.

Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството

Оттаму уверуваат дека се преземаат сите потребни активности вакцинацијата на ранливите категории граѓани да започне што е можно поскоро.. Од министерството појаснуваат дека доцнењето не е поврзано со домашната постапка за набавка, туку со глобален проблем во производството на вакцините.

Причината, според министерството, е промената на сите три вирусни соеви кои годинава се користат во составот на вакцината – два соја на вирусот на грип а и еден сој на грип Б.

Светската здравствена организација и американската агенција за храна и лекови ги ажурирале трите соеви, што довело до одложување на почетокот на производството кај производителите ширум светот., појаснуваат од министерството..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер