КултураПремиера на претставата „Алиса се враќа дома“ во Драмски театарНовиот македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска, премиерно ќе биде изведен на 8 октомври во НУ Драмски театар Скопје.Во Срцелија сè е прекрасно. Барем според официјалните податоци. Никој не се буни, никој не прашува, а ако некој случајно помисли нешто поинаку – брзо ќе му помине. Но Алиса има една навика што не му прилега на добро уредено кралство: постојано прашува „зошто?“. И токму тоа прашање станува пукнатината низ која почнува да се распаѓа светот што дотогаш изгледал совршено. Драмски театар Скопје на 8 октомври во 20:00 часот премиерно ќе ја праизведе „Алиса се враќа дома“, нов македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска. Инспирирана од светот на Луис Карол, претставата ја зема препознатливата митологија на Алиса и ја преселува во современа дистопија во која послушноста е доблест, критичката мисла е престап, а среќата речиси општествена обврска. Над Срцелија владее Црвената Кралица, а над кралството демнее едно старо пророштво: на својот четириесетти роденден Алиса мора да го наследи престолот – или Срцелија ќе пропадне. Но оваа Алиса одамна не е девојчето што го паметиме од детството. Таа е возрасна жена која ги препознава правилата на светот околу себе и токму затоа одбива да се вклопи во нив. Нејзината љубопитност, сомнежот и потребата да мисли поинаку ја претвораат во опасност за систем што може да опстане само додека сите ја играат улогата што им е доделена. Но „Алиса се враќа дома“ не гради класична приказна за херој што поведува револуција. Отпорот на Алиса е поедноставен и, токму затоа, поопасен: таа одбива да се откаже од сопствениот глас. Нејзиното присуство ги буди и оние што системот одамна ги убедил дека се бескорисни, а Репараториумот, институција создадена да ја преобликува индивидуалноста во послушност, полека станува место каде што заборавените гласови повторно почнуваат да се слушаат. За режисерката Моника Ставревска, Кароловата „Алиса“ е почетна точка, но не и дестинација. „Ова не е Алиса од Луис Карол. Неговата приказна ни беше инспирација, вратата низ која влеговме, но претставата оди на друго место“, вели Ставревска. Во нејзиното читање, Зајачката Дупка повеќе не е фантастичен простор во кој паѓа едно дете. Таа е состојба во која може да се најде секој возрасен човек: моментот кога борбата станува претешка, кога откажувањето почнува да изгледа како удобност, а удобноста како мир. „Сите имаме своја Зајачка Дупка. Таа не е мистичен, неоткриен простор, туку состојба. Вртлог во кој паѓаме кога светот ќе стане претежок, кога ќе се умориме борејќи се, кога ќе се откажеме“, пишува Ставревска во режисерската белешка. Најопасниот момент, додава таа, доаѓа кога човекот ќе се откаже од себе и тоа ќе го нарече мир. Нејзиното последно прашање е едноставно: „Да побараме малку... одговорност?“ Токму одговорноста е местото на кое се среќаваат режисерското и авторското читање на претставата. Ивана Смилевска ја зема Зајачката Дупка и ја претвора во метафора за просторот во кој ги потиснуваме стравовите, желбите, надежите и копнежите, но и за вечниот судир меѓу моќта и слободата. „Што ќе се случи ако ѝ се препуштиме на својата дупка? Дали ќе нè проголта? А ако ја искористиме моќта за да стигнеме до слободата, каква слобода ќе создадеме?“, прашува Смилевска. Одговорот не го нуди како порака, туку како непозната во равенката: „Во оваа равенка, непознатото што го бараме е одговорноста.“ Во центарот на претставата е Соња Стамболџиоска во улогата на Алиса. За неа, праизведбата носи посебна актерска одговорност, бидејќи заедно со екипата го создава првиот сценски живот на новиот драмски текст. „Овој процес е средба со нов текст, нов режисерски глас и свет што за првпат се создава на сцена. Тоа носи посебна возбуда, но и одговорност, затоа што сите заедно го градиме првиот сценски живот на ова дело“, вели Стамболџиоска. Нејзината Алиса е повозрасна од девојчето што го паметиме од книгите, но она што ја движи останало исто: потребата да се чуди, да преиспитува и да го бара своето место во светот. „Секој од нас, без разлика на возраста, во некој момент повторно станува Алиса. Светот на чудата се менува со нас, а секоја генерација во него препознава нешто свое“, додава Стамболџиоска. Нејзиниот најдиректен контрапункт е Црвената Кралица, која ја толкува Биљана Драгиќевиќ-Пројковска. Во нејзиното читање, бајката станува вознемирувачка токму во моментот кога почнуваме да ја препознаваме во реалноста. „Каде да избега човечкиот ум ако не во мечта? Но што се случува кога мечтата ќе стане кошмар?“, прашува Драгиќевиќ-Пројковска. „Тогаш бајките повеќе не изгледаат толку далечни, доброто и злото не се јасно разделени, а границата меѓу правдата и моќта станува сè понејасна.“ Нејзината мисла стигнува до една од клучните реченици на претставата: „Власта им припаѓа на моќните, но светот би требало да им припаѓа на правичните.“ Во улогата на Белиот Зајак настапува Александар Степанулески, кој го издвојува начинот на кој актерот во процесот не останува само извршител на режисерската замисла, туку станува активен учесник во нејзиното создавање. „Највредно е кога актерот не добива само задача што треба да ја изврши, туку станува активен соучесник во создавањето на сценскиот јазик“, вели Степанулески. За него, работата со Ставревска ја одбележале јасноста на режисерскиот концепт и истовремената отвореност кон актерскиот придонес, во процес што го опишува како посветен, дисциплиниран и заснован на заедничко градење. За Лазар Христов, кој го толкува Лудиот Шапкар, „Алиса се враќа дома“ е трет заеднички проект со Ставревска во две години и нова фаза од нивното заедничко уметничко растење. „Градејќи го Лудиот Шапкар, во себе препознавам нешта што Моника очигледно ги насетувала во текот на нашето досегашно познанство“, вели Христов. А неговото очекување од премиерата е можеби и најсликовитото: „Драмски театар да блика во боите на шаренилото со кое го полниме низ процесот“. Во актерската екипа се и: Златко Митрески (Чешит Мачорот), Ања Митиќ (Дина), Филип Трајковиќ (Гасеницата), Трајанка Илиева-Вељиќ (Белата Кралица), Ангела Пејковска (к.г.), Нина Елзесер и Ирена Димеска (к.г.) како Цвета, Ружа и Невена, како и Томислав Давидовски и Марјан Наумов како Твитл Ди и Твитл Дам. Креативниот тим го сочинуваат Ивана Смилевска – автор, Моника Ставревска – режисер, Александра Бошковска – драматург, Филип Лафазановски – асистент на режисерот, Ненад Тонкин – сценограф, Роза Трајческа – костимограф, Лука Тошев – автор на музиката и Леа Манева – продуцент. Дизајнот на плакатот е на Николас Димес, фотограф е Филип Лафазановски, а видеограф е Димитар Атанасоски. „Алиса се враќа дома“ е дипломска претстава на Моника Ставревска, студентка по Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска. Во годината во која Драмски театар Скопје одбележува 80 години уметничко творење, продукцијата продолжува со отворање простор за новата генерација театарски автори и уметници. Праизведбата е на 8 октомври во 20 часот во Драмски театар Скопје, а следните репризни изведби се на 9, 15 и 21 октомври. И ако во Срцелија навистина сè е прекрасно, останува само едно прашање што можеби не треба да се постави: Зошто? Билетите се во продажба на билетарницата на Драмскиот театар и онлајн на веб- страницата dramski.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаБрисел го откри планот за УкраинаЕвропската унија подготвува планови за четири земји-кандидати, кои вклучуваат индикативни целни датуми за завршување на преговорите за пристапување.Што се однесува до Украина, како можен временски рамка се споменува крајот на 2029 година, според објава на социјалната мрежа „X“ од Рикард Јозвиак, уредник за Европа во Радио Слободна Европа. Како што пренесува „Европска правда“, Јозвиак нагласи дека овој датум се однесува на завршувањето на преговорите за пристапување, а не на самиот момент на зачленување во Европската унија. Според овие индикативни планови, Црна Гора би можела да ги заврши преговорите во текот на 2026 година, додека за Молдавија се споменува временски период од крајот на 2027 до почетокот на 2028 година. the latest thinking on the 🇪🇺 accession roadmaps due to be presented next week (about the finishing negotiations, so not date of membership): 🇲🇪of 2026 🇦🇱&🇲🇩end of 2027 / start 2028 🇺🇦 end of 2029. — Rikard Jozwiak (@RikardJozwiak) October 26, 2026 За Украина, крајот на 2029 година првично беше спомнат како индикативен рок за завршување на преговорите за пристапување. Сепак, Јозвиак подоцна појасни дека, во случајот со Украина и Молдавија, плановите нема да се фокусираат на конечното завршување на преговорите, туку на дефинирање на очекувањата за 2027 година. Попрецизни временски рамки за завршување на преговорите со овие земји ќе бидат утврдени во подоцнежна фаза. Овие датуми претставуваат индикативни цели, а не гаранција дека преговорите ќе бидат завршени до предвиденото време, ниту пак дека земјите дотогаш ќе станат членки на ЕУ.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПутин предизвика хаос во ВашингтонДемократите побараа од големите американски банки и пристанишните управи да ги зачуваат документите и преписките поврзани со потенцијалниот увоз на руски дизел, пренесува американскиот медиум „Аксиос“.Доколку партијата ја врати контролата врз барем еден од домовите на Конгресот, истрагата за овој аранжман ќе стане приоритет. Законодавците сметаат дека ваквиот договор би можел да претставува кршење на забраната за увоз на руски нафтени деривати – воведена во 2022 година – и дека тој, всушност, би можел да помогне во финансирањето на војната против Украина. Сепак, Министерството за финансии на САД тврди дека договорот е во согласност со законот. Испратени се дописи до банки, меѓу кои „JPMorgan“, „Bank of America“, „Citi“, „Wells Fargo“, „ Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“, како и до пристанишните управи во Хјустон, Бомонт, Корпус Кристи и Њујорк – Њу Џерси. Демократите бараат потврда дека документите се зачувани, како и обелоденување на информации за сите потенцијални или веќе реализирани трансакции. Вреди да се напомене дека американскиот претседател Доналд Трамп најави изненадувачки „договор за дизел“ со рускиот претседател Владимир Путин, со цел да се реши проблемот со вртоглавиот раст на цените на дизелот во САД, пред изборите на средината на мандатот, закажани за 3 ноември 2026 година.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook