Јаник Синер ја заврши сезоната! - Канал 5

Јаник Синер ја заврши сезоната!

Првиот тенисер од АТП листата, Италијанецот, Јаник Синер веќе некое време се соочува со повреди, па конечно пресече и донесе одлука – да ја заврши сезоната 2026.

Јаник Синер ја заврши сезоната!

Италијанскиот тенисер го пропушти Ју-Ес Опен, постојано го одложуваше своето враќање и конечно одлучи да не се враќа на теренот оваа година.

Синер истакна дека размислува за својата кариера на долг рок и дека тоа е причината за таквата одлука.

„Здраво на сите, би сакал да споделам со вас кратка информација за состојбата. Заедно со лекарите одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Изминатите неколку години, особено крајот на сезоната во Торино, ми донесоа многу убави чувства и емоции; оваа година ќе биде сосема поинаква, но во моментов морам да размислувам за мојата кариера на долг рок. Ќе дадам сè од себе за да се вратам во целосна форма. Ви благодарам за поддршката и се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот“, изјави Јаник Синер во обраќањето на Инстаграм.

Неговите проблеми почнаа да се испитуваат во текот на летото, по здравствените тешкотии што првпат ги почувствува во полуфиналето на турнирот во Рим против Данил Медведев, а потоа и во Париз, каде што доживеа криза на Ролан Гарос и беше елиминиран во второто коло од Хуан Мануел Серундоло.

По паузата и освојувањето на Вимблдон, состојбата како да се стабилизираше. Сепак, за време на подготовките, се појавија нови проблеми со коленото.

Според италијанскиот извор, проблемот бил поврзан со воспаление на илиотибијалната фасција, односно ткивото што учествува во преносот на силите при движење и овозможува лизгање на околните структури. Оттогаш, тој постојано го одложуваше своето враќање и, на крајот, одлучи дека нема да настапува сè до крајот на 2026 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. 

Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН.

Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации.

САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа.

Планот во моментов чека конечна одлука.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Српската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. 

Jан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди син

Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим.

Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија.

Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.

Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза

„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза!

Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности.

✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план.

🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина.

Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер