3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
Други спортови50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојкатаЈубилејното 50. издание на еден од најстарите и најконстантните турнири во календарот на Одбојкарската федерација на Македонија, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.Јубилејното 50. издание на еден од најстарите и најконстантните турнири во календарот на Одбојкарската федерација на Македонија, меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, утре, 7 октомври, ќе се одржи во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово, во организација на семејството на одбојкарската легенда, Хаџииљоски, како и Одбојкарската федерација на Македонија. Турнирот од оваа година добива и ново значење Супер куп на Македонија, кој ќе продолжи да се одржува секоја година пред почетокот на новата сезона. Јубилејното издание беше најавено со прес-конференција во просториите на Министерството за спорт, кој е традиционално најголем поддржувач на меморијалот. На средбата со медиумите присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и потпретседателот на ОФМ и син на одбојкарската легенда, Ивица Хаџииљоски. „На мое огромно задовлстово дојдовме до 50. јубилејно издание на турнирот. Големо задоволство за мене е што годинава турниот е во Тетово каде што изворно почна да се одржува, меѓутоа последните десетина години овој турнир беше ставен во функција на одбојкарските репрезентации на Македонија и турнирот се одржуваше на различни места. Оваа година заедно со претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и со генералниот секретар, Филип Деспотовски се договоривме, турнирот да прерасне и во официјален Супер Куп на Македонија. Овој турнир што го правиме во чест на мојот покоен татко ќе добие и нова улога како Супер Куп, кој секогаш ќе се одржува пред почетокот на сезоната. Турнирот е со огромна традиција, на него учествувале многу репрезентации, многу клубови и се надевам дека и годинава ќе присуствуваме на квалитетни натпревари меѓу најквалитетните екипи во Македонија од минатата сезона во машка и во женска конкуренција“, истакна синот на легендата, Ивица Хаџииљоски. ОФМ се гордее што е една од ретките Федерации која може да се пофали со еден ваков голем јубилеј и константност на еден настан во својот календар. „Самата импозантна бројка кажува сѐ. Турнир со голема традиција и додадена вредност во спортот. Најдобро за тоа говорат сите екипи и играчи кои во изминативе 50 години биле дел од овој турнир. На последното Европско првенство имаше тројца-четворица одбојкари кои настапувале на турнирот, а сега се едни од носителите на играта во своите репрезентации и најдобри играчи на светот, а претходно биле наградувани и на овој турнир“, истакна Петар Јовановски, претседател на ОФМ. Организаторите му доделија благодарница на министерот за спорт, Борко Ристовски за поддршката и на одбојката, но и на овој традиционален турнир. „Особено ми е драго што последниве години имаме одлична соработка со раководството на Одбојкарската федерација на Македонија и сите оние работи што ги правиме заеднички за раздвижување на одбојката добиваат некој нов терк и одбојката повторно зема замав. Овој турнир и давањето на значење тој да биде и Супер Куп на Македонија е само уште една потврда дека Одбојкарската федерација има план заедно со семејството Хаџииљоски во интерес на одбојката и на одржување на традицијата. Педесет години да организирате ваков турнир е навистина импозантна бројка и ние како држава, како Министерство за спорт и како Влада секогаш сме тука да дадеме поддршка и да помагаме за се што можеме и да излеземе во пресрет. Вакви настани и вакви љубилеи не покажуваат само еден Супер Куп, туку покажуваат нешто многу повеќе, покажуваат посветеност на семејството, љубов кон одбојката и кон спортот. Ние како Министерство за спорт и јас лично како поранешен спортист и сега како министер за спорт знам да го ценам тоа и секогаш ќе бидам пријател на луѓето кои се вистински љубители на спортот. Утре, Тетово ќе биде градот каде што ќе се случуваат убави работи, каде што ќе се промовира одбојката и Македонија како држава во која се промовира спортот и вистинските вредности“, истакна министерот за спорт, Борко Ристовски. Еднодневната програма на „Чајка“ Супер купот ќе стартува со машкиот натпревар меѓу освојувачот на двојната круна, Штип УГД од Штип и финалистот во првенственот плеј-оф и Купот, ГОК Борец од Велес, во 17 часот, додека женскиот Суперкуп дуел меѓу шампионот Работнички Скопје и освојувачот на Купот 2026, ЖОК Вардар ЕМ, двете екипи од Скопје, е закажан за 19:30 часот. Влезот во салата на ДСЕУ „8. Септември“ во Тетово ќе биде слободен, а организаторите испратија покана до сите љубители на спортот и одбојката да бидат дел од овој јубилеј.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница на ЕСС: Различни пресметки за кошничката, без договор за неработните деновиВладината потрошувачка кошничка, празничните денови и неработна недела, во фокусот на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Владата на седницата ја објави и просечна септемвриска кошничка за која пресметала дека изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе од јануари. Разликата од околу 12.000 денари со синдикалната кошничка, која прв пат надмина 70.000 денари, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ја објаснува со различниот пристап во пресметките, посочувајќи дека станува збор за просечна, а не минимална потрошувачка кошничка. Најави изработка и на минимална кошничка, како и посебни за пензионери и студенти. -Треба да ги гледаме и двете просечни плати на едно семејство четиричлено семејство, така да ова е просечна, не е минимална потрошувачка кошница. Во наредниот период во аа соработка со експертите или во во меѓународните институции сме разговарале и во аа овој дел каде што ќе бидеме ааа поддржани и од аа Европската Унија во овој во делот на реформската агенда каде што ааа тие бројки ќе ги побараме од Европската Унија, веќе сме побарале извинете и оние аа дадоа свој придонес и известија дека во наредниот период ќе ни помогнат заедно со аа експертите да направиме да ги направиме и другите потрошувачки, како на пример минималната и аа другите потрошувачки кошници за пензионери и студенти и така натаму.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Од ССМ велат дека платите не го следат растот на трошоците за живот. Бараат поефикасни инспекциски контроли и механизми за реакција на поскапувањата во текот на годината, наместо да се чека редовното усогласување на платите во март. -Залудно мислам дека се обидуваат да ги убедат граѓаните дека не се живее со 70, а се живее со 58.000 денари. Сите најубаво си знаат со колку се живее и дека секојдневно стандардот на граѓаните само повеќе и повеќе опаѓа. Ние не ја пресметуваме за да ги убедиме граѓаните со колку се живее, туку тоа ни е единствен аргумент кога одиме за дел од зголемување на плата и да не чекаме секој месец усогласување на платата за некои мизерни 1.000–1.300 денари, туку дека треба да се најде нова формула или во текот на годината да се реагира кога гледаме вакви ценовни шокови, на крајот на денот што ги плаќаат граѓаните и работниците.- Иван Пешевски – ССМ На седницата се разговарало и за евентуални измени поврзани со неработните денови, празниците и работата во недела. Дурмиши изјави дека синдикатите немале конкретен предлог за измените, поради што не била донесена одлука. Од ССМ, пак, децидни се дека не прифаќаат промени надвор од постојното законско решение. Бараат сите празници да останат неработни, неделата да биде неработен ден за сите, а за работниците кои работат во недела или на празник да се исплаќа 250 проценти од дневницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтудентите бараат зголемен студентски оброк, бесплатен превоз и подобри услови во домовитеСтудентските права се загарантирани на хартија, но во пракса проблемите остануваат нерешени. Лоши услови во студентските домови, проблеми со јавниот и меѓуградскиот превозот, недоволен студентски оброк и сомнежи за фаворизирање при оценувањето – ова се дел од проблемите со кои се соочуваат студентите. Едно од главните барања на студентите е зголемување на дневниот надоместок за субвенциониран студентски оброк, од сегашните 140 на 200 денари. Според нив, постојниот износ не е доволен за покривање на трошоците за исхрана. ,,Од 2023 година до денес износот на оброкот не е зголемен ниту еднаш... спротивно на Законот за студентски оброк кој го има донесено Собранието на нашата држава. Она што студентите можеле пред 3 години да го купат за 140 денари дневно, денес таканаречено можат да ,,сонуваат,, Тоа е првиот проблем за кој студентите најмногу пријавуваа.“ – Основач на „СТУДЕНТАРИЈА“- Гоше Николов Покрај студентскиот оброк, прашањето за бесплатниот јавен превоз е само уште еден од шесте проблеми што денеска беа посочени. ,,Дискриминаторски е студентите во Скопје да имаат превоз, а студентите од Тетово,Охрид,Битола,Прилеп... кадешто постои градски превоз и каде има државни па и приватни универзитети да го немаат тоа право.“ – претставник на„ СТУДЕНТАРИЈА“ - Александар Николовски За само шест месеци, преку платформата „Студентарија“ пристигнале над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти гласале за пријавените проблеми. Бројките покажуваат дека студентскиот глас е сè погласен, но сега се очекуваат и конкретни решенија од надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Сања БожиновскаНе помина интерпелацијата во Собранието за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска- 19 пратеници гласаа за, а 63 дадоа глас против. Во тричасовната дискусија за струјата, долговите, рудниците, подносителите од Левица и пратениците од СДСМ ја оспоруваа нејзината работа со критики дека во две години се создало енергетско безредие. Божиновска кажа дека со интерпелацијата добила можност да каже што сработила, но потенцираше дека постои граница меѓу надлежностите на министерството и работењето на ЕСМ и РКЕ за кои добива забелешки од нив. Пратениците продолжија и со меѓусебни обвинувања за тоа која власт донела поголеми трошоци и долгови за граѓаните. Се дебатираше и за потенцијалот на Чебрен и Галиште, за кои СДСМ критикува дека се уште нема напредок ниту финансиска конструкција. Од Владата неодамна најавија дека следната година се очекува да биде поставен камен темелник за двете хидроцентрали, а државата ќе биде инвеститор на проектот за кој имало интерес за финансирање од американска финансиска корпорација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59