Болничките капацитети во Ковид центрите се исполнети до последно место - Канал 5

Болничките капацитети во Ковид центрите се исполнети до последно место

Болничките капацитети исполнети до последно место. Најтешко е на одделенијата за интензивна нега каде треба да се примат нови пациенти кои имаат потреба од ципап маска, велат болнички извори за Канал 5. 

Болничките капацитети во Ковид центрите се исполнети до последно место

Оваа информација ја потврдуваат и бројките на хоспитализирани пациенти во изминатите 24 часа. Во скопските болници примени се 36 нови пациенти, до овој момент вкупно 467 пациенти се лекуваат на инфективните одделнеија во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени шест лица. Најголем повеќе од 80проценти од примети се пациенти кои зависат од кислородна поддршка. Со прогласувањето на кризната состојба и приватните клиники ќе примаат болни од ковид на сметка на фондот за здравство кој ќе исплаќа сума на пари како што им исплаќа на ковид центрите, граѓаните нема да плаќаат, објаснуваат од министерството за здравство. По вчерашниот состанок на сопствениците на приватните болници и министерот за здравство првично се донесе одлука дека и приватните болници ќе помогнат во борбата со корона виурсот. Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Споре д Законот за управување со кризи според член 33 државата може да употребува и ресурси и на приватни фирми и употреба на ресурсите на граѓаните и други правни лица.

Член 33

Дневниот надоместок за користење на ресурсите од ставовите 1 и 2 на овој член изнесува до 30% од просечната месечна нето плата по работник во Републиката објавена од Државниот завод за статистика во месецот пред давањето на ресурсите, а надоместокот за нивно оштетување или уништување не може да биде помал од пазарната вредност на средството.

Директорите од клиничкиот центар Мајка Тереза, каде има ковид центри денеска со снимено емотивно видео, со порака дека девет месеци борба е тешка, со молба до граѓаните да носат маска, да не се дружат и групираат и на тој начин ќе се изборат против боелста ковид 19.

Според соопшението на Министерството за здравство утрово до осум часот има само 25 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Она што требаше да биде возбудлива авантура се претвори во кошмар за турист од индиската држава Карнатака, откако паднал од висина од речиси 12 метри додека се возел со жичарница во одморалиште во Дандели.

Турист паднал од 12 метри височина, адреналинското возење се претвори во хорор- камерата цело време снимала (ВИДЕО)

Инцидентот се случил кога, според семејството, безбедносниот механизам откажал, објавува NDTV.

Видеото се појави на мрежите

Туристот, идентификуван како К. С. од градот Виџајапура, претрпел повеќекратни скршеници во рацете и нозете откако ја изгубил заштитата на средина од возењето и паднал на земја.

Страшниот инцидент бил снимен со камера, а видеото брзо се проширило на социјалните мрежи.

Според семејството, безбедносната сопирачка на жичарницата „попуштила“, додека К. С. висел во воздух, по што се струполил на земја.

Семејството го обвини менаџментот на одморалиштето за небрежност, тврдејќи дека опремата „не била правилно одржувана“.

Бараат одговорност од менаџментот

Повредениот маж прво бил однесен во Владината болница во Дандели, по што бил префрлен во болница во Виџајапур.

Поради потребата од специјализиран третман, тој подоцна бил префрлен во Мираџ, каде што бил згрижен.

Семејството бара одговорност од менаџментот на одморалиштето, тврдејќи дека „несреќата можела да се спречи“ со редовно одржување на опремата и соодветни безбедносни проверки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска.

Жена била избодена за време на молитва во црква

Жена во 50-тите години е сериозно повредена во напад со нож што се случил во црквата на Светиот крст во Трамор, округ Вотерфорд, Ирска, за време на рецитирањето на бројаницата, непосредно пред мисата во 10 часот наутро.

Таа била во главната црква кога била нападната, објавува RTE, по што била однесена во Универзитетската болница Вотерфорд со сериозни, но не опасни по живот повреди.

Полицијата уапсила маж во 30-тите години во блиската куќа и му бил запленет нож. Тој моментално е во притвор во полициската станица во округот Вотерфорд.

Парохискиот свештеник, отец Ричард О'Халоран, потврди дека еден верник е повреден во нападот.

Епархијата Вотерфорд и Лизмор изјави дека е „длабоко шокирана од насилниот инцидент“ што се случил за време на службата, со порака за поддршка на повредената жена и благодарност до верниците кои помогнале „за време на овој ужасен настан“.

Истрагата е во тек, според ирската телевизија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Две жени и тројца мажи се удавија во американската држава Охајо.

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О'Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во државата Охајо, објави Њујорк Тајмс.

Група од најмалку седум лица - два пара, нивниот возрасен пријател и две деца - престојувале покрај брегот на реката при зајдисонце. „Некои од нив ловеле риба кога еден од возрасните влегол во реката да плива“, рече шерифот Џефри Балцер.

Детето истрчало на патот и запрело автомобил

Кога пливачот почнал да се бори да остане на површината, двајца други возрасни се обиделе да му помогнат, но самите почнале да тонат. „После тоа, уште двајца возрасни се обиделе да ги спасат, пред сите петмина да исчезнат во реката“, им рече Балцер на новинарите на прес-конференција.

„Не е невообичаено едно лице да почне да се дави, а други да се обидуваат да го спасат, иако немаат потребни вештини, па затоа завршуваме со повеќе смртни случаи“, нагласи шерифот.

Властите беа известени за несреќата откако едно од двете деца истрча на блискиот пат и го запре автомобилот. На возачот му беше кажано дека „неговото семејство е удавено во реката“. Службите за итни случаи веднаш беа испратени на местото на настанот и брзо ги пронајдоа двете жени и ги извлекоа од водата. Набргу потоа, тие беа прогласени за мртви во блиската болница.

Телата на тројцата исчезнати мажи беа пронајдени следниот ден. Шерифот рече дека двете деца, и двете под десетгодишна возраст, биле згрижени од локалните служби за заштита на деца по трагедијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер