Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
1Весна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масата
1Светски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психолог
МакедонијаОбвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загаденаОбвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во гостиварско од кои се констатира дека таа не може да се употребува за ниту една намена. Водата е многу загадена.Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење. Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села. Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата. На 16 јули, при извршен увид на лице место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем. Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување. По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл. Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето. Дополнително анализиран е примерок земен од чешма на Ул. ЈНА во Гостивар каде е констатирано дека во водата има високо присуство на хлор и тоа концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л кој претставува отстапување од максимално дозволената вредност според важечкиот правилник каде е опишан оспег од 0.2 до 0.3 мг/л но не повеќе од 0.5 мг/л. Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети обележјата кои даваат основано сомнение дека е сторено наведеното кривично дело. Основното јавно обвинителство Гостивар продолжува да презема истражни дејствија за целосно испитување на настанот. Осомничените се лишени од алобода и во текот на утрешниот ден јавен обвинител ќе одлучи дали и какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот.Тагови: вода Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВесна Бендевска од Делчево: Консензус за Изборниот законик не се постигнува со празно место на масатаТаа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси.Во рамки на серијата средби под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го продолжи отчетот пред граѓаните во Делчево, каде се разговараше за досегашното работење на избраните и именувани функционери од редовите на ЗНАМ, како и за спроведените политики, актуелните политички прашања и одговорноста на институциите кон граѓаните. Пред присутните се обрати потпретседателката на Движењето и потпретседателка на Собранието на Република Македонија, Весна Бендевска, заедно со потпретседателот на Движењето и министер за земјоделство, Борче Серафимовски, претседателот на ОО на ЗНАМ во Бутел и директор на АД „Аеродроми“, Игор Трајановски, и Ирена Илиевска, директорка на Агенцијата за управување со одземен имот. „За нас во ЗНАМ, отчетот не е формалност, ниту обврска што завршува соеден настан. Тој е принцип на политичко дејствување. Во изминатите две години работевме на активности и решенија што треба да ја направат државата пофункционална, институциите поодговорни, а јавните услуги подостапни за граѓаните. Граѓаните имаат право да прашаат што сме направиле, што сме промениле и што допрва треба да реализираме. Нашата обврска е на тие прашања да одговориме со конкретни резултати и со подготвеност да ја преземеме одговорноста за сработеното“ – порача Бендевска. Осврнувајќи се на значењето на реформите, Бендевска нагласи дека државата се гради преку функционални институции, владеење на правото, вреднување на трудот и создавање услови за развој во сите општини. Според неа, напредокот мора да биде рамномерен и видлив и во помалите градови, каде што граѓаните очекуваат еднаква институционална грижа и реални можности за подобар живот. „Резултатите од работата не се мерат само со бројот на донесени закони или одржани состаноци, туку со тоа дали институциите работат подобро, дали граѓаните добиваат поквалитетни услуги, дали се создаваат услови за економски развој и дали јавниот интерес е ставен пред секој друг интерес. Нашата цел е токму тоа, да градиме држава во која правилата важат за сите, во која трудот се вреднува и во која ниту една општина нема да биде оставена на маргините на развојот. Тоа е обврската што ја преземавме и од која не се откажуваме!“ – истакна потпретседателката на ЗНАМ. Осврнувајќи се на актуелните реформски процеси, Бендевска ја отвори темата за реформата на изборното законодавство и работата на работната група за Изборниот законик. Таа изрази разочарување од повторното отсуство на СДСМ од средбата на работната група, оценувајќи дека учеството на сите парламентарни политички чинители е неопходно за постигнување консензус за прашање од суштинско значење за демократските процеси во државата. Бендевска потсети дека од десетте законски решенија што требаше да бидат испорачани до 30 јули, девет биле реализирани, додека Изборниот законик останал отворено прашање. Таа посочи дека во процесот биле вклучени договорените промени за кои постоел консензус, со цел да се избегне блокирање на реформата преку поднесување голем број амандмани. „Изборниот законик е дел од реформскиот процес и прашање од суштинско значење за демократскиот развој на државата. Затоа, местото на секоја политичка опција што има свои претставници во Собранието е на масата за разговор, со аргументи, конкретни предлози и подготвеност за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија. Не може да се бара консензус, а истовремено да се отсуствува од дебатата во која тој треба да се изгради; не може да се обвинуваат другите за забавување на реформите, а да не се учествува во процесот што треба да ги придвижи напред. Државничката одговорност подразбира да ги соочиме аргументите, да ги надминеме партиските разлики таму каде што тоа е можно и да донесеме решенија во интерес на демократијата и граѓаните. Изборниот законик не е сопственост на една партија, ниту реформите се средство за дневнополитички пресметки. Тие се обврска кон државата и нејзината демократска иднина. Консензусот не се постигнува со празно место на масата, туку со политичка зрелост, активно учество и подготвеност да се преземе одговорност за донесените одлуки!“ – порача Бендевска. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со отчетните средби низ државата, со определба политичката одговорност да се потврдува преку работа, транспарентност и конкретни резултати. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗдравјеСветски ден на менталното здравје: Антидепресивите и натаму е почест избор од разговорот со психологНе секоја болка се гледа и не секоја борба се препознава – често позади насмевката се кријат страв, очај и тага за кои многумина молчат и не знаат како да побараат помош. Психолозите предупредуваат, и покрај поголемата отвореност за овие теми, тие и натаму остануваат во сенката на стигмата и стравот од осуда. Наместо по разговор со стручно лице, и натаму се полесно се посегнува по дијазепами и антидепресиви за привремено стишување на состојбите, наспроти трајно решение на проблемот. -Луѓето обично не зборуваат за тоа, си живеат дома, затворени меѓу четири ѕида со својата депресија, со анксиозноста, со паничните напади, недоволно бараат помош, така да би требало многу, многу повеќе да зборуваме, да се трудиме и да им овозможиме да стане достапна таа психолошка помош,- - Мирјана Јовановска – Психолог . Проблемите со менталното здравје не ги заобиколуваат ниту младите, напротив се често некој од нив е осамен, тагува, поминува низ булинг или се бори со анксиозност – посочува психологот Розалија Секуловска, која вели, состојбите треба да се препознаат, а не да се игнорираат, и дека е во ред да се зборува за нив и да се побара помош. -Најчесто, проблемите кои што се типични, карактеристични за таа возраст се анксиозноста, значи чувството на страв од страв дека нешто лошо ќе им се случи здравствено, тагата која што може да премине во депресија, нарушени односи со врсниците, со родителите, со социјалната средина. Последици од семејните проблеми, во зависност од какво семејство доаѓаат, самокритичност, ниска самодоверба. Социјалните мрежи го прават другиот проблем, колку што се добри, толку има и недостатоци, изолација, намалување на речникот, намалување на речникот, на живата социјализација. Осаменост, повлекување во себе, исклучување и булингот, дали е кај помладите и во средно училишта,- Розалија Секулоска – Психолог. „Да не ти го земе Господ паметот“, „Срамота е да се побара стручна помош“ и многу други предрасуди и натаму се присутни во општеството, велат граѓаните,. Сепак забележуваат дека повеќе се говори за менталното здравје и сметаат дека грижата за истото, во денешно време, е исклучително важно. „Би сакала моите блиски да разберат дека не сум ок“, „Да ме сфатат другите“, „да се отворам, да си ја олеснам душата“ се само дел од анонимните пораки од пациентите на универзитетската клиника за психијатрија по повод светскиот ден на менталното здравје. Од таму порачаа, во време кога депресијата, анксиозноста и останатите ментални потешкотии се во пораст, треба да се разбие стигмата и да се испрати порака дека барањето помош не е слабост, туку напротив. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеофицијални детали за случајот со тепаните момчињаМВР детално ќе го расчисти случајот во кој две момчиња биле претепани од полициски службеници на почетокот на неделата.Како што пишуваат дел од порталите повикувајќи се на полициски извори, случајот немал меѓуетничка компонента имајќи предвид дека и полицискиот службеник кој постапувал но и момчињата кои пријавиле насилство биле етнички Албанци. Според истите информации, истрагата досега покажала дека полицаецот, кој наводно бил вработен во Крим полиција најверојатно ги пречекорил своите полициски овластувања, па според се уште неофицијалните информации, се очекува МВР против него да изрече соодветни санкции. Случајот го отвори партијата дуи која во писмено соопштение побара одговорност. МВР и официјално потврди дека внатрешната контрола работи на овој случај и дека по завршувањето на истрагата ќе има соодветна постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook