Напад со нож кај Акропол- повредени се двајца американски туристи (ВИДЕО) - Канал 5

Напад со нож кај Акропол- повредени се двајца американски туристи (ВИДЕО)

Двајца американски туристи од грчко потекло утрово беа ранети во напад со нож во близина на Акрополот во Атина. 

Напад со нож кај Акропол- повредени се двајца американски туристи (ВИДЕО)

Според полицискиот извештај, напаѓачот е уапсен на лице место. Нападот се случил во пешачката зона во близина на влезот на Акропол и Музејот на Акропол, кој се наоѓа во подножјето на ридот, пишува CNN.

Напаѓачот им се приближил на мажот и жената и ги нападнал со нож. Жената била полесно повредена во ногата, а мажот претрпел сериозни повреди на раката, според полицијата. Двајцата туристи биле веднаш однесени во болница.

Реакција на властите

Полицијата го уапсила напаѓачот на местото на настанот. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, а според првите информации, се чини дека станува збор за лице со ментални проблеми. Грчките медиуми јавуваат дека пред нападот, мажот случајно им се заканувал на минувачите, по што еден од граѓаните ја повикал полицијата. И покрај инцидентот, Акрополот и музејот продолжиле да работат според редовниот распоред.

YouTube video

Контекст на нападот

Насилните улични напади се ретки во Грција. Сличен инцидент беше пријавен во април, кога 89-годишен маж отвори оган со пушка во канцеларија за социјално осигурување и судница во центарот на Атина. Во тоа време, тој повреди најмалку четири лица, а проблемите со остварувањето на правата од социјално осигурување се наведуваат како можен мотив.

Ридот Акропол, со речиси 2500-годишниот храм Партенон, е еден од најпосетуваните знаменитости во светот. Минатата година, околу 4,6 милиони луѓе го посетија местото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.

Од Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата

Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5...

Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд.

Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба...

Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка...

Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат

Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано.

Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување.

Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер