Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
БалканТурист направи хаос на Родос: Се соблече гол на плоштадот, па се искачи врз амбулантно возило (ВИДЕО)Турист предизвика необичен хаос во градот Фалираки, на Родос, еден од најубавите грчки острови.Тој одеше сосема гол по улица во центарот на градот пред да се качи врз амбулантно возило. 💢Γυμνός τουρίστας στη Ρόδο σκαρφάλωσε σε ασθενοφόρο και πήδηξε στον δρόμο 🎥 rodos live24news#ingr #ροδος #τουριστας #ασθενοφόρο pic.twitter.com/0CXPGakB04 — in.gr/news (@in_gr) June 24, 2026 Грчкиот портал Прототема објави дека вработените во итната помош ја повикале полицијата за инцидентот. Туристот бил брзо приведен, а властите го сместиле во психијатриска установа. Ρόδος: Τουρίστας βγήκε στον δρόμο γυμνός και ανέβηκε σε ασθενοφόρο (Video) https://t.co/ggCbVYsXeg pic.twitter.com/QO8DsUWmYu — ΤΟ ΠΟΝΤΙΚΙ (@TOPONTIKI) June 24, 2026 По интервенцијата, туристот ќе биде прегледан и лекуван. Нема пријавени повреди во овој инцидент. Полицијата ги истражува околностите на инцидентот.Тагови: Родос туристот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернативаДва месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани. За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива. Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи... За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку. Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки. Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт. Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично. Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини. Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година. На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег Завршија топлите и сончеви денови.. Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 ОктомвриМакедонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата. Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter