Хутите до поморските компании: Ќе ви ги гаѓаме бродовите, ако ја прекршите нашата забрана - Канал 5

Хутите до поморските компании: Ќе ви ги гаѓаме бродовите, ако ја прекршите нашата забрана

Хутите од Јемен, поддржани од Иран, ги предупредија бродските компании да не товарат или истоваруваат товар во саудиските пристаништа, бидејќи нивните бродови би можеле да бидат цел на напади .

Хутите до поморските компании: Ќе ви ги гаѓаме бродовите, ако ја прекршите нашата забрана

Хутите од Јемен, поддржани од Иран, ги предупредија бродските компании да не товарат или истоваруваат товар во саудиските пристаништа, бидејќи нивните бродови би можеле да бидат цел на напади „на која било локација“, според е-пошта испратена од Хутите до бродските компании.

Хутите прогласија поморска блокада на Саудиска Арабија во понеделник, отворајќи потенцијален нов фронт во војната меѓу САД и Иран и дополнително зголемувајќи ја заканата за глобалните резерви на енергија и меѓународната трговија надвор од Персискиот Залив.

Ројтерс ја виде е-поштата

„На бродовите им е забрането да товарат или истоваруваат товар во или од кое било саудиско пристаниште“, се вели во е-поштата, испратена до неколку бродски компании во понеделник.

„Препорачуваме вашата компанија да покаже должно внимание и максимална претпазливост во сите свои деловни активности“, се вели во пораката од Хутите до бродските компании, која ја виде Ројтерс.

Во е-поштата се вели дека новите мерки стапија на сила вчера во 14:10 часот по хрватско време.

„Секое кршење на забраната би ги изложило бродовите на санкции. Понатаму, ваквите бродови би можеле да бидат насочени кон која било локација во рамките на оперативниот дострел на јеменските вооружени сили“, се вели во пораката, испратена од Центарот за координација на хуманитарни операции (HOCC), тело на Хутите со седиште во Сана.

Хутите извршија напади во знак на солидарност со Палестинците

Сообраќајот низ Црвеното Море сè уште не е целосно обновен откако Хутите почнаа да напаѓаат трговски бродови покрај брегот на Јемен во ноември 2023 година, тврдејќи дека нападите биле израз на солидарност со Палестинците за време на војната во Газа.

HOCC беше главното тело преку кое Хутите издадоа предупредувања до бродската индустрија за време на кампањата на напади врз трговски бродови од 2023 до 2025 година. Таа кампања заврши дури по прекинот на огнот во Газа во октомври минатата година.

„Веруваме дека оваа е-пошта е потсетник за нивното присуство во областа“, рече извор од една од компаниите што ја прими пораката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

„Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ.

Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“.

Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска.

Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

„Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер