МакедонијаГостивар и натаму останува без вода за пиењеГостивар и натаму останува без вода за пиење сѐ додека не се докаже дека водата е безбедна. Засилени инспекциски надзор и контроли се спроведуваат во градинки, болници, ресторани и други објекти каде што се користи вода.Во меѓувреме, Владата испрати јасна порака - нема да има селективност и секој што ќе има утврдена одговорност за случајот ќе одговара. Директорот на АХВ, Оливер Миланов, на прес-конференција потенцираше дека забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод останува во сила сè додека лабораториските анализи не потврдат дека таа е безбедна за употреба. Во однос на поставените пумпи директорот на АХВ рече дека тие биле поставени без одобрение. -Со надзорот беше утврдено дека од главниот цефковод на водоводната мрежа на диво без одобрение се поставени пумпи кои директивно вбризгуваат вода во овој водноснабнителен систем. Стручни лица на Институтот за јавно здравје, земаа четири мостри од водата од резервоарот, капнажата од површинската вода и од јавна чешма во џамија. Целта на засилените инспекциски мерки е прцизно да се утврди изворот на контаминација, степенот и обемот на загаденоста како да се обезбедат нови релевантни лабараториски резултати врз основа на кои ќе бидат превземени сите понатамошни мерки.- изјави - Оливер Миланов - Директорот на АХВ . Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на одговорноста, рече утрово министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа. Тој додаде дека Општините се првата линија на одговорност за безбедноти функцонирање на водоводните системи. -Очекуваме, брза темелна и транспарентна истрага. Целосно расчистување на случајот и соодветна одговорност за сите инволвирани – изјави Хоџа. Според првичните информации што ги соопшти директорката на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Ивана Гиновска, спорното земање вода во Гостивар е направено од отворен канал кој воопшто не е дел од официјалната дозвола за водоснабдување. -Уште еднаш ќе ви кажам и ќе потенцирам дека ова што се случи е надвор од целиот опсег којшто го има дозволата на некои 800 до 900 метри на главниот цефковод. Не станува збор дека во заштитните санитарни зони се случило нешто – изјави Гиновска. Случајот е предмет и на истрага на Јавното обвинителство, кое треба да утврди како било возможно незаконски да се постават пумпи во главниот цевковод на системот за водоснабдување. Надлежните институции очекуваат лабораториските анализи во најкус можен рок да покажат кога водата повторно ќе биде безбедна за користење. Дотогаш, забраната останува во сила, а инспекциските контроли продолжуваат на терен низ цело Гостиварско. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМЕ: Минералното богатсво на Македонија со долгорочна развојна рамка до 2046 годинаМакедонија преку долгорочен план ќе создаде услови за подобро искористување на својот геолошки потенцијал и негово претворање во инвестиции, индустриски развој, нови работни места и поголема додадена вредност за домашната економија.Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини за периодот 2026–2046 година ги утврдува приоритетите за современи геолошки истражувања, одговорно користење на минералното богатство и создавање услови за долгорочни вложувања. Македонија располага со разновиден геолошки потенцијал, меѓу кој се олово, цинк, бакар, злато, антимон и никел, како и мермер, травертин, гранит и варовник. Еден од главните приоритети е поголем дел од економската вредност да се создава во земјата. Тоа подразбира поголема поврзаност на рударството со домашното производство, развој на преработувачки и други индустриски капацитети и примена на современи технологии. Подобреното геолошко истражување ќе овозможи попрецизно утврдување на потенцијалот и навремено планирање на идните вложувања. Со тоа се отвора простор за нови деловни активности и јакнење на домашните производни капацитети. Паралелно, се поставуваат повисоки стандарди за заштита на животната средина, транспарентност и заштита на јавниот интерес. Стратегијата е усогласена со европските политики, вклучително и Европскиот акт за критични суровини, што создава можности за поголемо вклучување на Македонија во европските индустриски синџири. Документот е подготвен преку стручна соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со учество на експерти и консултации со релевантни институции и стручната јавност. Стратегијата е донесена од Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, и претставува долгорочна рамка за развој на геолошките истражувања и рударството до 2046 година. Со овој документ се создава основа минералното богатство да не биде само предмет на експлоатација, туку двигател на домашната индустрија, инвестициите и долгорочниот економски развој, со одговорно управување и зачувување на животната средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНадал најави враќање на теренот! Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Шпанецот, Рафаел Надал би можел повторно да заигра на тенискиот терен, иако по завршувањето на својата професионална кариера призна дека не му недостига премногу тенисот.По повод десетгодишнината од неговата тениска академија на Мајорка, Шпанецот минатата сабота организираше ревијален турнир на кој учествуваа Енди Мареј, Карлос Моја, Доминик Тим, Марат Сафин, Давид Ферер, Ришар Гаске и Фабио Фоњини. Легендарниот Шпанец, освојувач на 14 титули на „Ролан Гарос“, повторно го зеде рекетот в раце по тој повод и навести дека би можел да се врати на теренот преку ревијални мечеви. „Во одреден момент повторно ќе играм ревијални мечеви, сакам да го сторам тоа. Подготовките бараат одреден напор, бидејќи телото треба да се доведе во соодветна состојба. Мислам дека е тоа нешто што треба да го пробам, но сакам да живеам ден за ден и да не размислувам премногу однапред“, изјави Надал, а пренесе „Л'Екип“. Иако неговото тело претрпе бројни повреди во текот на кариерата, Надал очигледно не ја затворил целосно вратата за враќање на теренот, па макар и на ревијални натпревари. „Сè уште чувствувам блага болка секој ден; исто така е точно дека имав операција и морав да вградам мала протеза во раката – тоа не е пријатно, но морав да го направам. Сепак, точно е и дека силната болка што долго време ме мачеше целосно исчезна, а тоа имаше многу позитивно влијание врз мојата ментална состојба. Психолошки се чувствувам подобро, имам помалку проблеми од порано и повеќе уживам во животот. Сето тоа е многу важно“, заклучи Надал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе урна таван во супермаркет во Јужна Кореја, десетици повредениНајмалку 38 лица се здобија со полесни повреди откако дел од гипсениот таван се урна во супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу, соопштија денеска локалните противпожарни служби.Тие потврдија дека уште 66 лица биле евакуирани од објектот по уривањето, за кое било пријавено во 10:16 часот по локално време, пренесува „Јонхап“. „Девет лица се пренесени во болници на лекување. Иако постои можност бројот на повредени да се зголеми, итните служби на терен проценија дека е малку веројатно некој да се здобил со сериозни повреди“, изјави претставничката на противпожарната служба, Јун Џонг-ми. Кабинетот на јужнокорејскиот претседател Ли Џе-мјунг соопшти дека на официјалните лица им било наложено да вложат максимални напори за спасување на луѓето и да обезбедат детален и брз одговор на оваа несреќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо разговорот со Трамп, Путин ја отфрлил идејата за завршување на војната09:11Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20