Здраво Македонијо - 31.03.2026 - Дејан Петров - Канал 5

Здраво Македонијо - 31.03.2026 - Дејан Петров

Здраво Македонијо - 31.03.2026 - Дејан Петров
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче.

Обвинителството бара притвор за педофил од Штип- нападнал девојче на патеката покрај Брегалница

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило други полови дејствија врз 16-годишно девојче, казниво според член 186 став 7 во врска со став 5 и став 1 од Кривичниот законик.

На 18 јуни, додека жртвата се движела по пешачката патека покрај реката Брегалница во Штип, осомничениот започнал да ја следи. Девојчето, чувствувајќи се непријатно, седнало на клупа, очекувајќи дека тој ќе продолжи да се движи. Но осомничениот седнал до неа и започнал да ја вознемирува и принудува на други полови дејствија. Оштетената исплашена го оттурнала од себе и избегала.

Поради опасност од бегство, оправдан страв дека осомничениот ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетената или дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)

Три момчиња загинаа на плажа во близина на Тарагона во шпанската Каталонија каде што беше подигнато жолто знаме поради високи бранови, објавија денеска властите.

Трагедија во Шпанија: Три момчиња загинаа додека скокале во морето од карпа- прогласена тридневна жалост (ВИДЕО)

Несреќата се случила во петок кога група од 6 момчиња скокнале во морето од карпите. Тројца од нив успеале сами да стигнат до брегот, додека тројца други биле извлечени од спасувачите.

Дванаесетгодишно момче починало на местото на настанот и покрај напорите за реанимација. Две 13-годишници биле однесени во болница каде што починале, соопштија регионалните служби за итни случаи. Претседателот на Каталонија, Салвадор Иља, изјавил дека е „длабоко тажен“. „Во овој момент нема зборови за толку голема болка“, рекол тој на X.

YouTube video

Градската администрација на Тарагона прогласи тридневна жалост. „Не треба да преземате непотребни ризици. Не треба да скокате од карпите под никакви околности“, изјавил градоначалникот на Тарагона, Рубен Винуалес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)

Четири лица загинаа, а 28 се повредени во напад со украински беспилотни летала врз Крим, кој е под руска контрола, изјави рускиот гувернер, додавајќи дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи на полуостровот е суспендирана.

Украинците го нападнаа Крим- прекината е продажбата на руска нафта (ВИДЕО)

Одделно, локалните власти во рускиот регион Краснодар соопштија дека во напад со украински беспилотни летала е убиено едно лице на патнички ферибот и е запален нафтен терминал. Фериботската врска преку Керченскиот теснец, кој го дели Крим од регионот Краснодар, е привремено суспендирана.

Дистрибуцијата на гориво е запрена

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинската војска погодила складиште за нафта во Керч, град во Крим, и објект за транспорт на нафта во регионот Краснодар. Гувернерот на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека дистрибуцијата на гориво на бензинските пумпи во Крим е суспендирана.

„Денес, 21 јуни, почнувајќи од 9:00 часот наутро (6:00 часот по Гринич), продажбата на гориво на бензинските пумпи на Крим е суспендирана за готовински и безготовински плаќања, како и за ваучери наменети за физички и правни лица“, објави Аксјонов.

„Горивото ќе се дистрибуира само до јавните служби кои го обезбедуваат виталното функционирање и безбедноста на Република Крим“, прецизираше тој. Украинската војска речиси секоја недела ги напаѓа рафинериите, цевководите и складиштата за нафта во Русија, во обид да ја лиши Москва од приходи од продажба, забележа агенцијата Франс Прес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер