Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
МакедонијаМицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалониДо крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на Владата и списокот со измените до 1 јули да се најде пред пратениците, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Вчерашната средба со коалициониот партнер ВЛЕН поминала во конструктивна атмосфера, а за денеска, во 14 часот е закажана средбата со вториот коалиционен партнер – ЗНАМ. Мицкоски денеска остана доследен на соопштението од Владата и не сакаше да изнесува повеќе детали од разговорите, но откри дека се разгледуваат и опции за промена на ресори. – Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент, рече премиерот. По реконструкцијата на Владата, Мицкоски најавува промени и во другите структури и на локално ниво. – На локално ниво имаме прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија и имаме свои мислења за работата на дел од нив. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни, изјави Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаСДСМ: Народот ќе победи! Европска Македонија ќе победи!Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО не сакаат Македонија да влезе во Европската унија. Не затоа што не веруваат во Европа, туку затоа што се плашат од тоа што Европа го носи: независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност за сите оние што ја ограбиле и ја уништиле државата. Мицкоски дојде на власт со лаги. Лажеше за името, за Преспанскиот договор, за националните интереси. Денес е јасно дека сите тие лаги беа само средство за доаѓање на власт. Кога дојде време да се направат реални реформи, тој се повлече и почна да бара изговори. Македонскиот народ јасно кажа што сака. Сака Европа. Сака правда. Сака да живее во нормална, достоинствена европска држава. Но Мицкоски и неговата банда се плашат од тоа. Затоа што за граѓаните Европа значи подобар живот и повеќе пари, висок животен стандард и силна економија поттикната од странски инвестиции и пристап до европскиот пазар. Европа значи квалитетно европско образование, развојни програми за студентите и реални можности за младите да напредуваат дома, наместо да се иселуваат. А за нив Европа значи крај на криминалните тендери и крај на неказнивоста. Европа значи одговорност а одговорност е токму она од кое тие бегаат. Додека може да се задолжува и додека има пари во буџетот, Мицкоски ќе продолжи да ја држи Македонија во изолација. Но кога ќе му се затвори тој простор, ќе се појават нови изговори за предвремени избори, затоа што нема пари. Мицкоски трага по алиби. Потребно му е за да продолжи со своите лаги. Не може да признае дека ја уништил економијата на земјата. Не може да признае дека нема излез, па ќе се врати на старата националистичка кампања за „патриоти“ и „предавници“. Само што овој пат народот знае. Веќе не е наивен. Единствената вистина што ја кажа Мицкоски во сите овие години е кога рече дека „ВМРО е промакедонска партија“. Тоа е точно. Не може да бидеш македонска партија кога половина од твојата влада, министри, пратеници и нивните семејства се со бугарски државјанства и европски пасоши. Едно е сигурно: Народот ќе победи. Народот сака европска Македонија. И народот нема да дозволи една криминална група да ја украде неговата иднина. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканДрама во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомбаМаж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата. Опсадната состојба траеше речиси еден час. Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе. Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата. „Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда. „Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител. Извор: Б92Тагови: Загреб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре попладне ќе има услови за појава на пороен дождУтре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени. Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook