Авдулаи: Неопходно итно преместување на Одделот за лекување осуденици со ментални нарушувања во затворот Идризово - Канал 5

Авдулаи: Неопходно итно преместување на Одделот за лекување осуденици со ментални нарушувања во затворот Идризово

Неопходно е итно преместување на Одделот за лекување на осуденици со ментални нарушувања,  од психијатриската болница Скопје во затворот во Идризово, смета директорот на болницата Иса Авдулаи.. 

Авдулаи: Неопходно итно преместување на Одделот за лекување осуденици со ментални нарушувања во затворот Идризово

Одделот за лекување на осудени лица со ментални нарушувања во психијатриската болница Скопје треба итно да се премести во казнено поправната установa Идризово апелира директорот на болницата Иса Авдулаи. Слабоста што овој оддел е во болница, а не во затворска установа Идризово го потврди и случајот со 62 годишниот кумановец со дијагноза шизофренија, а осуден за семејно насилство. Авдулaи објаснува дека тој бил два пати вратен од оваа установа поради тоа што не било наведено во пресудата дека освен лекување требало и задржување во болницата во одделот за лекување на осудени лица, и е чест проблем што го имаат како институција со осудените лица, бидејќи тие не се само пациенти, туку и осуденици и не е само доволно да се наведе дека е потребно само е лекување.

Првиот човек на оваа болница објаснува дека ова одделение има капацитет за 40 легла, а има 78 пациенти кои се сместени во други оддели, но дека тоа е недозволиво, но друго решение нема. Последениот апел за преместување во затворот во Идризово беше пред една година кога Димитар Спасов осуден за убиство со ментално нарушување бил токму на ова одделение. Во оваа просторија го убил својот цимер заради кавга околку креветот во собата. Тој бил насилен и цело време го напуштал објектот и се шетал во населбата Ѓорче Петров. Причина за тоа е немање обезбедувње што треба да го врши затворска полиција во болницата, бидејќи на овој оддел има само еден доктор, сестра и медицински техничар и не можат да бидат и обезбедување.

Пациентите кои направиле кривично дело, најчесто добиваат судски одлуки на неограничен рок, во пресудите нема на колку години се осудени и најчесто остануваат со децении и до крајот на својот живот, раскажува Авдулaи. Во оваа болница се реновира машкиот оддел. Но, најголем проблем е персоналот, 320 пациенити ги лекуваат девет доктори и 90 сестри, засега нема најава за нови вработувње велат од болницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер