Халанд има чудно хоби- го чини 750.000 евра (ФОТО) - Канал 5

Халанд има чудно хоби- го чини 750.000 евра (ФОТО)

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, направи своја колекција луксузни чанти, кои вообичаено почесто се гледаат во рацете на сопругите и девојките на фудбалерите.

Халанд има чудно хоби- го чини 750.000 евра (ФОТО)

Норвешкиот фудбалер веќе собра импресивна колекција чанти од „Хермес“, чија вредност се проценува на повеќе од 650.000 фунти (околу 754.000 евра), пишува „Дејли меил“.

Колекција вредна стотици илјади фунти

Халанд (25), кој наводно заработува 500.000 фунти неделно (околу 580.000 евра), не ја крие својата страст кон скапите модни додатоци. Највредниот предмет во неговата колекција е исклучително ретката чанта „Хермес Биркин 25 Хималаја Нилотикус крокодил“, проценета на 330.000 фунти (околу 383.000 евра), со која била видена неговата девојка Изабел Хаугсенг Јохансен. Се верува дека истиот модел го поседуваат Ким Кардашијан, Викторија Бекам и Џенифер Лопез. Исто така познат како љубител на модата, Халанд, кога пристигна на состанокот на репрезентацијата, излезе од приватен авион носејќи уште еден редок предмет - чантата „Endless Road“ Haut à Courroies изработена од кожа од Того, вредна 45.000 фунти (околу 52.000 евра). Фудбалерот лежерно ја држеше на врвот од багажникот, а модната комбинација ја комплетираше со капа свртена наназад, официјалното одело на репрезентацијата и очила за сонце.

Во последните месеци, тој беше виден со други модели на Hermès, вклучувајќи ја чантата H Togo HAC Casaque Birkin 40 Palladium од 30.000 фунти, чантата Toile Hac Birkin 40 од 37.000 фунти и чантата Evercalf Toile Cargo Haut À Courroies Birkin од 50.000 фунти.

Богатство што овозможува луксуз

Купувањето чанта Birkin не е лесно. Купувачите прво мора да создадат историја на купување за да докажат дека се редовни клиенти на Hermes. Дури и тогаш, испораката на одреден модел, особено ретки изданија, може да трае со месеци, па дури и години.

Богатството на Халанд, проценето на повеќе од 60 милиони фунти (околу 69,6 милиони евра) по потпишувањето на профитабилен договор со Манчестер Сити, јасно му дава пристап до такви ексклузивни предмети. Што се однесува до заработката, само Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Килијан Мбапе го надминуваат во светот на фудбалот.

Покрај чантите, Халанд поседува и колекција часовници вредна милион фунти (околу 1,16 милиони евра). Неговиот најскап часовник е златниот Royal Oak Jumbo од Audemars Piguet, чија цена е 281.445 фунти (околу 326.400 евра).

Семеен живот во Чешир

Халанд живее со девојката Изабел Хаугсенг Јохансен и нивниот 18-месечен син во селски имот вреден 6,2 милиони фунти (околу 7,19 милиони евра) во Чешир. Имотот вклучува приватно езеро и куќа со десет спални соби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Финансиска независност, посилни надлежности и поголема функционална самостојност на Народниот правобранител. 

Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител

Ова се клучните цели на предложените измени на Законот, за кои денеска се дискутираше во Собранието. Целта е институцијата поефикасно да ги штити човековите права, со соодветни финансиски средства и професионален кадар. Предлогот опфаќа и поголема пристапност за лицата со попреченост и зајакнување на надзорот во одредени постапки што ги водат лица со јавни овластувања.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека за квалитетно законско решение се потребни пошироки консултации со политичките партии и граѓанските организации.

-Ако сме чекале 10 години, можеме да чекаме уште еден месец, уште два месеци, но да ги исцрпиме сите можности, сите знаења, секое искуство кое го имаме во државата да го вклучиме во овој процес,- Африм Гаши, претседател на Собранието .

Народниот правобранител, Фатон Сељами, оцени дека досегашните законски измени не ги дале очекуваните резултати во практиката. Според него, институцијата мора да има предвидливи финансиски средства и доволно професионален кадар за самостојно и ефикасно да ги извршува своите надлежности.

-Нам праксата ни покажа дека токму одредбите кои во 2016 година се изменија или додадоа, а кои беа во оваа насока на исполнување на Париските принципи, не ги дадоа очекуваните резултати во пракса и дека затоа мора истите да се изменат. Фатон Сељами, Народен правобранител.

Зајакнувањето на Народниот правобранител е важно и за европскиот пат на земјата., потенцираше евроамбасадорот Рокас.

-За Македонија зајакнувањето на институцијата Народен правобранител е исто така важен дел од патешествието кон Европската Унија. Во годишниот извештај Европската комисија континуирано ја истакнува потребата за осигурување соодветни финансиски и човечки ресурси за институцијата да може да функционира независно и ефективно,- Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија.

На тематската сесија, каде учествуваа и експерти и претставницие на граѓанскиот сектор Симонида Кацарска од Институтот за европска политика предупреди дека, и покрај долгогодишното постоење, институцијата располага со ограничени финансиски ресурси во споредба со некои земји од регионот.

-Нашиот омбудсман е еден од најстарите во регионот, а ако ги погледнете споредбено буџетите коишто ги има на располагање, ако споредиме со земја како што е и Босна, процентуално од буџетот стоиме многу, многу лошо,- Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Предложените измени треба да поминат низ понатамошни консултации и собраниска процедура. По дискусијата се очекува да бидат усвоени заклучоци за унапредување на законската рамка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела.

Продолжение или крај на ерата на Вучиќ?

Продолжение или крај на ерата на 14-годишната доминација на Александар Вучиќ? Србија го живее последниот ден од кампањата, пред изборите в недела, на кои како никогаш претходно владеачка елита не се соочува со можност за пораз од студентско движење кое прерасна во најсилна опозициска сила. И студентската листа и листата Обедината Србија последните пораки ќе ги испрат од Белград, пред стапувањето на изборниот молк. Александар Вучиќ кој влезе во трката за премиер, синоќа од Ниш ги повика граѓаните на масовност, за како што рече, да докаже дека не стравува од голем одѕив, кој според анализите би им одел во прилог на студентите. Поддршка му дадоа и поранешните претседатели на Србија и на Републкика Српска, Томислав Николиќ и Милорад Додик.

-Кога ќе ги прашате дали ќе ѝ воведете санкции на Русија: „туц“, „мух“, „ух“, „их“, но одговор нема. Ја покажавме разликата меѓу нас и нив, и така треба да се однесуваме во недела. Ајде, победа во недела, убедлива победа, победа во Ниш, победа во цела Србија. , изјави Александар Вучиќ.

И додека Вучиќ го држеше говорот во Ниш, реки студенти и граѓани марширајќи од повеќе српски градови, допатуваа во Белград, пред денешниот главен митинг на плоштадот Славија. Илјадници граѓани френетично ги поздравија на улиците студентите, предводени од носителот на нивната листа, кадиологот Илија Срдановиќ.

-Екслозија на повеќедецениското акумулирање на среќа, на нашата несреќа, гнев, очај, сега конечно излегува на виделина.

-Мислам дека ова е фантастичен настан. Нема веќе назад. Ова е победа и пред гласањето. Мислам дека во недела само треба да потпишеме и тоа да се потврди.

-Немам зборови, затоа сум тука. И мислам дека допрва ќе биде добро. , изјавија жители на Белград.

Анкетите во Србија во изминатиот период покажаа спротивставени бројки. Последното истражување на „Нова српска политичка мисла“, објавено вчера, покажа предност за студентите во однос на Српската Напредна партија на Вучиќ од два процента, но и прогноза за огромна излезеност од 80 проценти. Токму поради тесните бројки во дел од анкетите, експертите по безбедност очекуваат атмосферата да се вжештува во текот на 48-часовниот молк, која би кулминирала на денот на изборите.

-Веројатно некои поединци ќе се одлучат на такви чекори да излезат и да кажат дека изборите се „украдени“ и на некои места да предизвикаат хаос, треба да знаат дека ќе има голем број припадници на безбедносните сили. Тоа е воиграна тактика и тие активности се подготвуваат однапред. , изјави за Курир, Мирослав Беговиќ, професор по безбедносни науки

Изборниот молк почнува на полноќ и ќе трае до 20 часот в недела. За 250 места во Собранието се натпреваруваат 18 изборни листи. Право на глас имаат речиси шест и пол милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Втор ден од вакцинацијата против сезонски грип. Во поликлиниката „Бит Пазар“ вакцинацијата тече без застој, а граѓаните пристигнуваат еден по друг на закажаните термини. 

Вакцинацијата против сезонски грип во „Бит пазар“ се одвива без застој и со строго закажани термини

Вчера се вакцинираше медицинскиот персонал, а денеска граѓаните пред нашата камера кажаа зошто се одлучиле на вакцинација.

Во првите денови од имунизацијата приоритет имаат најранливите категории граѓани. Кој сè има право на бесплатна вакцина и како се одвива процесот, објаснува доктор Соња Ралева.

„Вакцинацијата поминува со уреден тек, закажаните граѓани си доаѓаат во регуларните термини. Од Мој термин се закажани на 10 минути и нема ниту гужви ниту чекања.Во првите неколку дена се закажани најризичните граѓани, возрасни од 65-годишна возраст и во оваа група припаѓаат и ризичните групи, пациентите со хронични заболувања, бремените жени и малите деца од шест месеци до петгодишна возраст – за оваа група вакцинацијата е бесплатна.“- изјава – д-р Соња Ралева.

Доктор Ралева дополнително појаснува дека поради големиот интерес, особено кај повозрасната популација, граѓаните мора претходно електронски да се пријават преку веб-страницата vakcinacija.mk. Без регистрација и закажан термин, не е можно директно да се дојде на вакциналниот пункт и да се прими вакцина.

Интересот за вакцинација е голем. За само една недела се пријавиле над 55 илјади граѓани. Во земјава пристигнаа првите 30 илјади вакцини, а дополнителни количини се очекуваат во ноември. Здравствените работници апелираат граѓаните да немаат страв од вакцинацијата, посочувајќи дека досега не се пријавени сериозни несакани реакции и дека вакцината го намалува ризикот од компликации од сезонскиот грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер