Почна жетвата- земјоделците се загрижени поради ниските откупни цени - Канал 5

Почна жетвата- земјоделците се загрижени поради ниските откупни цени

Почна жетвата на јачменот а за десетина дена почнува и жетвата на пченицата. Земјоделците загрижени од ниските откупни цени бараат државата да донесе минимална заштитан цена. 

Почна жетвата- земјоделците се загрижени поради ниските откупни цени

Почна жетвата и откупот на јачменот а наскоро комбајните влегуваат и во посевите под пченица. Ниските откупни цени на јачменот ги загрижуваат производителите на лебно жито дека и годинава на откупот ќе ги чекаат ниски откупни цени и заработката од оваа кулутур која е значајна за земјава ќе биде ниско доходовна. Од националната земјоделска мрежа бараат државата да излезе со јасна пресметка колкава е производната цена за пченицата за да се види дека има пореметување на пазарот што по закон е основа за да интервенира државата. Од таму бараат како што има јасна законска обврска да се изготвува производна цена за грозјето до 15 јули така да има државата обврска да пресметува производни цени за сите позначајни кулури со што ќе застане во одбрана на земјоделците да не работат со загуба а воедно ќе има основа за спроведување на законот за нефер трговски практики бидејки ке се знае почетната цена на ској производ и нема да се дозволи драстично поскапување од нива до потрошувач

Од Министерството за земјоделство најавија за претстојаната недела изјава околу пченицата и јачемот а во својот став истакнуваат дека

„Висината на откупната цена на цена на пченицата и јачменот се формираат согласно пазарните услови. Законот за земјоделство и рурален развој предвидува доколку има потреба државата да интервенира на пазарот преку мерки, вклучително и интервентен откуп и утврдување интервентна цена во услови на пазарни нарушувања со цел стабилизација на пазарт и заштита на земјоделските производители. “

Од Министерството за земјоделство за Канал 5 изјавија дека вниматено ќе се следи состојбата и редовно ќе се комуницира со земјоделците и откупувачите а воедно потсетуваат дека на производителите на житарици на располагање им е мерката за складирање во сместувачки капацитети на сметка на државата која можат да ја искористат до средината на септември па потоа да чекаат подобри цени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер