Зарем сме толку наивни? Бугарија со навидум „само“ три услови за македонските преговори, но... - Канал 5

Зарем сме толку наивни? Бугарија со навидум „само“ три услови за македонските преговори, но...

Добрососедските односи е првиот услов, кој не може да се каже дека е единечен - причина е Договорот и барањата на „добрите соседи“- Бугарите кои се многубројни...

Зарем сме толку наивни? Бугарија со навидум „само“ три услови за македонските преговори, но...

Под добрососедски односи , Бугарија со 100% сигурност ќе се реферира на „ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО, ДОБРОСОСЕДСТВО И СОРАБОТКА МЕЃУ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА“, и тука во овој детаљ се крие „ ѓаволчето “.
Имено со овој договор мора да ги уредиме, унапредиме, средиме следниве моменти:
- историјата, економијата , потоа договорот нотира дека двете страни „ќе се стремат да создаваат неопходни правни, економски, финансиски и трговски услови“, потоа туристичката размена ( можеби ако немаме доволно македонски гости во Слнчев Брјаг според нивни критериуми, нема да има старт на преговорите ) , како и дека двете страни „ќе ја поттикнуваат активната и непречена соработка во областа на културата, образованието, здравството, социјалната грижа и спортот...“ и уште многу дополнителни полиња каде можеме да биде „сопнати“.
Постои и уште еден член во самиот договор, кој во јавноста речиси да не е искомунициран а тоа е чл.13 во кој се вели:
„Член 13

1.Овој Договор подлежи на ратификација согласно уставните барања на Договорните страни. Овој Договор влегува во сила на датумот на размената на ратификационите инструменти на двете Договорни страни и останува во сила за неопределен временски период.

2.Овој Договор може да биде изменет со писмена согласност меѓу двете Договорни страни. Измените се договараат по дипломатски пат и влегуваат во сила во согласност со став 1 од овој член.

3.Секоја Договорна страна може да го раскине Договорот со испраќање на писмено известување до другата Договорна страна. Договорот ќе престане да биде во сила една година по датумот на приемот на ваквото известување.“

Ова значи дека двете страни , и Македонија и Бугарија се согласиле дека договорот остава можност за анекс, или некаква измена, но и негово еднострано раскинување!

Ова само покажува дека навидум „првиот“ услов не е единечен, туку е повеќеопционален , кој може да биде непремостива пречка и воопшто да нема потреба да се реализираат и овие други две барања на Бугарија:
- Да се користи официјалното уставно име на државата, а не краткото.
- Формулацијата за јазикот наместо „македонски јазик“ да биде „официјален јазик“ на земјата-кандидат.

Во текст насловен „Софија има голем проблем со Скопје, а не банален спор за историјата“,софиски „Медиапул“, ги објави барањата на бугарската странаповикувајќи се на дипломатски извори. Ден по блокадата, се огласи и бугарскиот вицепремиер Каракачанов, кој вината ја префрли на Македонија.

-Ние немаме како да се поместиме од позиција која е решение на бугарскиот парламент. За жал колегите од Скопје ја потценија ситуацијата и сметаа дека некој друг ќе им ја заврши работата, и дека Бугарија како и секогаш што правела отстапки во името на добрите односи, во името на тоа што имаме братски чувства, дека се сметаме за еден народ - две држави. Но, овој пат нема каде да се отстапува и нема потреба да се отстапува, изјави Красимир Каракачанов – Вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија.

Со коментар за блокадата се јави и претседателот на бугарската страна од комисијата за историски прашања Ангел Димитров. Прашан дали Европа ги разбира бугарските аргументи Димитров вели „историската вистина не може да се наметне со преговори, а компромисите се работа на политичарите“.

Вистината е дека големиот проблем е во Скопје. Ако тоа не се разбере, ако продолжат нашите пријатели таму да сметаат дека работите може да бидат одложувани и да се смета на бугарската добронамерност, јас имам чувство, а тоа го покажуваат и некои анкети, дека кога трпението и довербата ќе се исцрпат тогаш веќе не се прават отстапки, изјави Димитров.

За политикологот Марко Трошановски вчерашниот потег на Бугарија не е изненадување. Сепак, вели среќна околност е што германската дипломатија е активно вклучена и „навива“ за нас, што според него дава надеж дека може да има поместување во ставовите до министерскиот состанок во ЕУ за десет дена.

Македонско-бугарските односи се најдоа и во фокусот на Институтот за блискоисточни и балкански студии. ИФИМЕС од Љубљана анализира дека незамисливо е во 21 век Бугарија да ги оспорува идентитетот и македонскиот јазик. Барањето на Бугарија Македонија да се откаже од постоењето етнички Македонци што живеат во Бугарија е „врв на ледениот брег“, затоа што Бугарија прикрива и врши силен притисок врз етничките Македонци во Бугарија да се декларираат како Бугари“,се наведува во анализата на ИФИМЕС.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последици од растењето покрај родители зависни од мобилен телефон

Родители на кои мобилниот телефон им го одвлекува вниманието додека се со децата, стана вообичаена глетка, но таквото однесување не е без последици.

 Последици од растењето покрај родители зависни од мобилен телефон

Истражувачи анализирале 21 студија која опфатила речиси 15.000 деца на возраст под пет години, со цел да го утврдат колку е штетно да се расте покрај родител кој постојано е со својот телефон.

Тие ги испитувале ефектите од таканаречената „родителска употреба на технологија“ во присуство на дете. Резултатите покажаа дека влијанието врз децата, иако суптилно, сепак е мерливо. Според *YourTango*, децата кои морале да се „натпреваруваат“ за внимание со мобилниот телефон, може да ги развијат овие навики во зрелоста.

Послаби когнитивни вештини

Децата кои се борат за внимание со мобилниот телефон може да покажат послаби когнитивни вештини. Кендра Чери, експерт по образовна психологија, објаснува дека поимот „когнитивно“ се однесува на менталните процеси неопходни за стекнување знаење и разбирање, кои ги опфаќаат размислувањето, помнењето, расудувањето и решавањето проблеми.

Кога вниманието на родителот е насочено на мобилниот телефон, веројатно е дека тој помалку ќе реагира на потребите на детето; ова може да биде штетно, со оглед на тоа што когнитивните вештини се развиваат во рана возраст. Родителите кои ги игнорираат своите деца за сметка на екраните, всушност го попречуваат нивниот развој.

Склоност кон повлекување во себе

Децата кои за внимание се натпреваруваат со мобилниот телефон може да бидат помалку склони кон просоцијално однесување. Ова е однесување насочено кон помагање на другите. Во суштина, тоа опфаќа постапки што поттикнуваат поврзаност, како што се емпатија и пријателство. Децата на кои им недостасува вакво однесување, би можеле поретко да им помагаат на другите.

Децата го учат просоцијалното однесување од своите родители. Тие треба да видат пример од лицето кои се грижи за нив за и самите да станат повнимателни кон другите. Ако родителите сакаат нивните деца да развијат здрави социјални навики, тие мора да бидат присутни и да го демонстрираат таквото однесување преку сопствените постапки.

Емоционална оддалеченост од најблиските

Намалената поврзаност во овој контекст не значи дека децата се помалку зависни од своите родители; туку се однесува на квалитетот на нивната емоционална врска. Детето на кое му недостасува цврста врска со едниот или со двајцата родители, може да се повлече во себе.

Ова е логично, со оглед на тоа што раната поврзаност со родителите влијае врз односите подоцна во животот. Емоционалната поврзаност е клучна за децата да научат како да градат здрави односи, а доколку детето мора да се натпреварува со мобилниот телефон за внимание, тоа природно влијае врз неговиот однос со родителите.

Премногу време поминато на мобилни телефони

Можеби најочигледна последица е тоа што децата кои морале да се натпреваруваат со мобилниот телефон за внимание, веројатно и самите ќе поминуваат повеќе време пред екраните. Децата ги имитираат примерите што ги гледаат, особено оние што ги даваат луѓето најблиски до нив. Ако родителите постојано ги користат своите телефони, веројатно и децата ќе го прават истото.

Иако едно петгодишно дете можеби нема мобилен телефон, другите форми на време поминато пред екран – како што се таблетите, компјутерите и телевизорите – можат да бидат исто толку штетни. Светската здравствена организација препорачува децата на возраст од две до пет години да поминуваат помалку од еден час дневно пред екран.

Иако ова може да изгледа тешко остварливо, важно е да се обидеме заради развојот на детето. Како што растат, децата ќе поминуваат сè повеќе време пред екраните, што може да прерасне во доживотна навика која влијае врз нивната продуктивност и менталното здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да изберете маж за цел живот – Совет на Фројд што секоја жена треба да ги знае

Фројд длабоко ја истражувал природата на човечката љубов, желба и приврзаност – како и причините поради кои избираме одредени партнери, а ги занемаруваме другите. Заклучоците до кои дошол пред повеќе од еден век остануваат впечатливо актуелни.

Како да изберете маж за цел живот – Совет на Фројд што секоја жена треба да ги знае

Навикнати сме да ја гледаме љубовта како импулс, како еден вид магија или како хемиска сила. Сепак, според Фројд, нашите избори се водени од несвесни мотиви, обрасци од детството и несвесни желби.

Да разгледаме некои клучни цитати од Фројд во врска со тоа како да се избере маж за заеднички живот.

1. „Не се избираме едни со други случајно. Ги среќаваме само оние што веќе постојат во нашата потсвест“

Жената честопати не се вљубува во конкретен маж, туку во слика обликувана од родителските фигури, минатите искуства, па дури и од болката што сè уште целосно не ја проживеала.

Ако во детството љубовта била поврзувана со одвоеност, критика или недостапност, тогаш токму таквите мажи ќе ѝ изгледаат привлечно.

Важно е да се препознае овој образец. Дали се заљубивте затоа што видовте вредност кај таа личност, или затоа што емотивно ви делува „познато“ – дури и ако тоа било болно?

Изборот на маж е секогаш личен избор. Колку подобро разбирате што е вградено во вашата потсвест, толку посвесно ќе можете да изградите здрава врска.

2. „Во романтична врска, не можете да се штедите еден со друг, бидејќи тоа може да доведе само до отуѓување. Ако се појават тешкотии, тие мора да се надминат.“

Односите изградени на избегнување конфликти и прикривање на проблемите може навидум да изгледаат хармонични, но често кријат чувство на дистанца и неизвесност. Да по​​штедите некого значи да не сте целосно отворени. А без вистинска ранливост, нема ниту вистинска блискост.

Фројд верувал дека љубовта бара внатрешна зрелост – не само поднесување на тешкотиите, туку и разбирање дека тие се дел од патувањето. Тие не се сигнал за бегство, туку можност за зајакнување на врската.

Важно е да не се плашите да разговарате за тешки теми. Не обидувајте се да ја одржите илузијата за хармонија ако под површина тлее чувство на отуѓување. Вистинскиот пар не е оној што никогаш не се расправа, туку оној што знае како заедно да ги надмине тешкотиите.

3. „Сè што правите во кревет е прекрасно и апсолутно исправно – под услов и двајцата да уживате во тоа. Ако постои таа хармонија, тогаш вие – и само вие – сте во право, а секој што ве осудува е перверзен.“

Фројд како никој друг разбирал дека сексуалноста не е само физички аспект на љубовта, туку длабоко психолошки. Во оваа сфера не постои универзален стандард за „нормално“ или „непристојно“. Она што е важно е искреноста меѓу партнерите, меѓусебната согласност и слободата да бидат она што навистина се. Модерното општество продолжува да се обидува да ја контролира женската сексуалност, диктирајќи што е соодветно и прифатливо. Сепак, само самата жена може да одреди што е исправно за неа. Да се ​​има маж кој ја прифаќа и поддржува – без срам или осуда – значи да се има не само партнер, туку и некој со кого таа може да биде целосно своја.

Изберете некој со кого се чувствувате слободно – некој што не се срами од сопствените желби и ги почитува вашите. Зашто хармонијата во вашиот интимен живот не се состои во прилагодување на надворешните норми, туку на внатрешната автентичност.

4. „Кога ме критикуваат, можам да се одбранам. Но, пред пофалбите сум беспомошен.“

Бурно реагираме на комплименти и пофалби бидејќи сите сакаме да се чувствуваме важно, сакано и потребно. Сепак, токму тука демне опасноста: ја губиме способноста за критичко расудување кога сме прикажани на убав начин.

Во љубовните врски, ова често се манифестира така што жената им верува на ветувањата и на убавите зборови, а притоа не го забележува отсуството на конкретни дела. Или, пак, ги игнорира предупредувачките знаци бидејќи сака да ја зачува илузијата дека е „посебна“.

Пофалбите се убава работа, но не се показател за длабочината на врската. Важно е да не се гледаат зборовите, туку делата. Оние што навистина сакаат, не само што ветуваат – тие и делуваат.

5. „Колку храбар и сигурен во себе станува човек кога ќе сфати дека е сакан.“

Љубовта не е само прашање на емоции. Таа е чувство дека сте прифатени, слушнати и ценети – дека не ве споредуваат, не ве поправаат и не ве принудуваат да ги исполнувате туѓите очекувања. Таквата атмосфера ја поттикнува внатрешната самодоверба и сила. Личноста што се чувствува навистина сакана престанува да се плаши од осаменоста.

Во здрава врска, жената не се губи ниту станува „згодна“, напротив, таа се отвора. И со таков маж таа расте, наместо да венее.

Важно е да не барате некој што ве прави анксиозни, туку некој покрај кого се чувствувате слободни, сигурни и живи. Љубовта не е зависност; таа е поддршка.

6. „Мажот кој бил неоспорен миленик на својата мајка низ животот носи чувство на победа и верба во среќа, што често води до вистински успех.“

Односот со мајката е клучен елемент во развојот на машката личност. Фројд сметал дека детето кое доживува љубов и прифаќање расте со чувство на сопствена вредност. Ова не е „мамино синче“, туку маж кој нема потреба да ја докажува својата важност преку доминација, агресија или љубомора.

Таквиот маж не се плаши од блискост. Тој не ја гледа жената како закана за својата контрола. Знае дека е сакан – и затоа е способен да се сака и себеси. Важно е да обрнете внимание на тоа како тој зборува за својата мајка. Дали неговите зборови се исполнети со топлина, почит и благодарност? Или се исполнети со огорченост, гнев или дистанцираност? Ова ќе открие многу за неговата способност да биде партнер, а не противник, во врската.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Испил 30-40 пива, па украл фламинго од познат хотел, на судењето се расплака (ВИДЕО)

Канаѓанецот Мичел Ферберн (34), обвинет за кражба на фламинго по име Пичи од хотелски комплекс во Лас Вегас и негово повредување, му рече на судот дека немал намера да ја повреди птицата.

Испил 30-40 пива, па украл фламинго од познат хотел, на судењето се расплака (ВИДЕО)

Тој тврди дека инцидентот бил „лоша шега“, откако испил помеѓу 30 и 40 пива, но обвинителството се повикува на видеа на кои, според истражителите, може да се види како грубо се однесува кон птицата.

„Ја преземам одговорноста“

Бизарниот случај доби нов пресврт откако обвинетиот ја презентираше својата одбрана. 34-годишниот претприемач од Онтарио инсистираше на судот дека немал злонамерна намера кога ја однел птицата во неговата хотелска соба.

Тој е обвинет за кражба и злоупотреба на птицата, која живеела во ограден простор со други животни во хотелот Фламинго Лас Вегас, објавува Дејли Меил.

Кога неговиот адвокат го прашал дали некогаш имал намера да ја повреди птицата, тој одговорил негативно. Исто така, негирал дека имал намера да ја убие. Сепак, за време на вкрстеното испрашување признал дека снимката од инцидентот „не изгледа добро“.

„Ја преземам одговорноста“, изјави тој пред судот, тврдејќи истовремено дека „нема поим“ како птицата изгубила дел од пердувите.

Ферберн објасни дека патувал во Лас Вегас за да присуствува на меѓународниот саем за градежна индустрија ConExpo, каде што требало да ја претставува Канада.

Тој истакна дека пораснал на фарми, каде што стекнал искуство во работа со животни. Исто така, изјави дека има кучиња и папагал по име Сони, и дека претходно спасил напуштена лама и шест патки.

Сепак, патувањето во Невада дошло во тежок период за семејството. На неговиот татко му бил дијагностициран рак во декември 2025 година, што, како што рече, го натерало долго време да размислува дали воопшто да го направи патувањето.

Ја однел птицата во својата хотелска соба

Според неговото сведочење, тој го поминал денот на 2 март пиејќи и коцкајќи се. Проценил дека испил помеѓу 30 и 40 пива пред да стигне до живеалиштето за фламинго околу 5 часот наутро следниот ден.

Пијан, лишен од сон и на телефон, забележал птица чии крилја изгледале нерамномерно раширени. Потоа влегол во оградениот простор, иако признал дека не му било дозволено да го стори тоа.

Тврдел дека прво седел до друго фламинго, а потоа го одвел Пичи да се слика со него, опишувајќи го чинот како „лоша шега“.

Според неговата верзија на настаните, ја однел птицата во својата хотелска соба само на „две или три минути“, а потоа ја оставил во ходникот. Рекол дека бил уапсен додека се пресоблекувал, бидејќи имал намера да се врати.

За време на судењето, поротата била заинтересирана за неговото објаснување дека влегол во оградениот простор затоа што забележал нешто погрешно со крилјата на фламингото. Се прашувале како можел да забележи таква аномалија ако птиците биле неподвижни во тој момент.

Ферберн одговорил дека, од неговата позиција, едното крило изгледало повисоко од другото. Тој исто така признал дека фламинго кое спие со главата под крилото може да изгледа како да има нерамномерно поставени крилја.

Кога го прашале дали забележал повреди или крв на кошулата или на ѕидот додека ја носел птицата, тој рекол не. Тој тврдел дека не видел ништо необично на фламингото кога го извадил од оградениот простор.

Пронајден е голем крвав пердув

Тој, исто така, потврдил дека шетал низ грмушки додека ја носел птицата. Објаснил дека ја соблекол кошулата и ја завиткал околу фламингото кога го напуштил оградениот простор, тврдејќи дека не сакал да ги вознемирува другите птици.

Му било поставено и хипотетичко прашање - како би реагирал ако некој влезе во неговата фарма и повреди едно од неговите животни? Ферберн одговорил дека очекува темелна истрага за да се утврди дали лицето кое го зело животното е исто така одговорно за неговата повреда.

Кога го прашале дали алкохолизмот може да оправда повредување на лице или животно, тој кратко одговорил: „Не“. Додал дека бил во домашен притвор од инцидентот и не можел да се врати во Канада.

YouTube video

Сепак, истражителите изнесоа и многу посериозни обвинувања. Според нив, фотографиите и видеата пронајдени на телефонот на обвинетиот наводно го покажуваат како грубо ја фаќа птицата за вратот и ја фрла на земја. На едно видео, според полицијата, може да се слушне како се смее додека вели дека „ја носи птицата дома“.

Истражителите рекоа дека пронашле голем крвав пердув во неговата хотелска соба. Службениците за контрола на животни рекоа дека Пичи претрпел повреда на крилото за која биле потребни конци. Властите, исто така, рекоа дека и други птици биле повредени во инцидентот.

Ферберн се соочува со обвиненија за мачење, осакатување или убивање животни чувани за дружење или задоволство. Поротата сè уште не одлучила дали е виновен.

„Caesars Entertainment“, сопственик на хотелот „Фламинго“ во Лас Вегас, претходно го опиша инцидентот како „длабоко вознемирувачки“ и рече дека Пичи и другите птици ја добиваат потребната грижа од ветеринари и тимот за контрола на животни во хотелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер