Во автомобил затвориле четворица странски работници во Италија и живи ги запалиле (ВИДЕО) - Канал 5

Во автомобил затвориле четворица странски работници во Италија и живи ги запалиле (ВИДЕО)

Вчера во Амендолара беа живи запалени во автомобил четворица странски земјоделски работници, а полицијата уапси двајца осомничени пакистански државјани.

Во автомобил затвориле четворица странски работници во Италија и живи ги запалиле (ВИДЕО)

Три жртви се авганистански државјани, а четвртиот е од Пакистан. Единствениот преживеан, Авганистанец кој се спасил кршејќи прозорец, е клучен сведок во истрагата што се фокусира на конфликти околу работни места во земјоделството, пишуваат италијанските медиуми.

Пожарот избувнал вчера околу 13 часот веднаш до пумпите за гориво на бензинската пумпа, а столбот од црн чад бил видлив на километри. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, нивната прва грижа била да спречат пожарот да се прошири на резервоарите за гориво и да предизвика уште поголема катастрофа. Дури откако пожарот бил изгаснат, телата биле откриени во автомобилот.

Сомневањата на истражителите дека работниците биле живи изгорени беа потврдени со снимки од безбедносните камери од станицата. На видеото се гледаат две лица, едно по друго, како ја блокираат вратата од автомобилот со рацете однадвор, додека од задниот дел се истура нешто што изгледа како запалива течност. Набргу потоа, возилото се запалило, а напаѓачите избегале.

YouTube video

Истрагата е фокусирана на конфликти меѓу работниците

Јавното обвинителство во Кастровилари нареди апсење на двајца пакистански државјани за тешко убиство. Тие беа уапсени по неколкучасовно испрашување во Козенца, а истражителите ги пронајдоа со помош на видеа од бензинската пумпа.

Клучна улога во реконструкцијата одигра еден преживеан од Авганистан, кој ја потврди националноста на жртвите во интервју за калабриската новинска програма TGR. Од 20 април, тој и неговите четворица колеги берат јагоди на фармата во Сканзано Јоника. Секое утро на работа ги носеа истите двајца пакистански посредници. Во раните денови, наводно, им биле плаќани во готово. Подоцна постигнале договор за дневница од 45 евра. „На крајот, ни дадоа сместување, но не и плата“, рече сведокот. „Исто така, ни побараа пет евра дневно за одење до и од работа“, додаде тој.

Тој објасни дека двајцата осомничени за убиство барале пари за превоз, што жртвите не сакале да ги платат. Кога го сфатиле ова, наводно прво ја полеале внатрешноста на возилото со бензин, а потоа вметнале запалка.

„Тоа е мафија, мафија“

Авганистанецот, исто така, рече дека пакистанските државјани му се заканувале нему и на другите со ножеви и пиштоли за да ги принудат да работат и дека не им биле платени. „Не ни дадоа пари. Ни дадоа храна, ни дадоа сместување, но не ни дадоа пари. Тоа е мафија, мафија... Тоа се пакистански мафијаши“, рече тој.

Истражителите се фокусираат на конфликти меѓу групи имигранти кои работат во пошироката област на Сибарската рамнина и Метапонта. Вчерашниот злостор е продолжение на низа насилни акти. Во последните неколку месеци имаше дури 14 палежи на автомобили и комбиња на земјоделски работници, особено во областа Кориљано-Росана.

Борбата, како што објавуваат медиумите во Италија, не е само за работни места, туку и за сè што е поврзано со престојот на странците, од дозволи до сместување, а посредниците за вработување често се самите мигранти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, утврдени се следните малопродажни цени на нафтените деривати: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 99,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 104,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година 5 Изготвил: Јулијана Димоска-Исајловска и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 102,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,835 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,078 ден/кг.

РКЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата

Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи,  владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот.

Од полноќ нови цени на горивата

Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот, но секој чекор ќе зависи од детална анализа на финансиските импликации врз буџетот, вели министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од полноќ се очекуваат нови цени на горивата.. Маја се знае ли какви цени ќе има за горивата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Владината делегација ја продолжува посетата во Њујорк, каде во фокусот се политичкиот дијалог со американската администрација но и европската перспектива на земјава.

 Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, директната комуникација на високо политичко ниво е потврда за важноста на стратегиското партнерство меѓу Скопје и Вашингтон и можност за дополнително продлабочување на билатералните односи.

„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.“- - Христијан Мицкоски.

Околу 130 шефови на држави и влади неделава се во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде главни теми ќе бидат војните во Украина и на Блискиот Исток, глобалната безбедност, климатските предизвици и регулирањето на вештачката интелигенција а генералната дебата главниот дел со обраќања на светските лидери е од 22 до 28 септември.

Првиот човек на ООН, Антонио Гутереш, пред почетокот на генералната дебата повика на разум и на посветеност кон мирот во светот.

-Оваа недела, лидери од целиот свет, ќе се соберат во оваа иста соба, собата на Генералното Собрание на ООН. Мојата порака до нив е јасна: Дојдете за мирот, за достоинството за правдата и за хуманоста. Единствено со меѓународна соработка може да изградиме подобар свет. И никогаш не треба да се предадеме во борбата за тоа. изјави – Генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Мицкоски во четврток треба да се обрати пред светските лидери од говорницата на ОН, со што ќе биде заокружен политичкиот дел од посетата на САД.

Инаку вечерва по македонско време, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, ЌЕ се одржИ состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“. Домаќин е шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, а покрај претставниците на шесте земји од Западен Балкан учествуваат и земјите членки на групата, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Главна тема е забрзувањето на европската интеграција на регионот.

Во меѓувреме, Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретнаа и со македонската заедница во Њу Џерси. Македонската делегација од САД најави продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата-центри и енергетика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер