3СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?
СветИзраелскиот парламент изгласа закон за даночни олеснувања за илегалните доселеници Парламентот на Израел, Кнесетот, денес конечно одобри закон со кој се даваат даночни олеснувања за десетици нелегални населби во окупираниот Западен Брег. Во соопштението за медиумите на Кнесетот се наведува дека пратениците гласале за законот во конечното читање, доделувајќи даночни олеснувања на нелегалните населби лоцирани во таканаречената „зона на источната линија на конфликтот“. Детали за законот Законот го предложија пратениците Цви Сукот од партијата Религиозен ционизам, предводена од министерот за финансии Безалел Смотрич, и Лимор Сон Хар-Мелех од крајно десничарската партија Еврејска моќ на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, заедно со други пратеници. За него гласаа 32 гласа „за“ и 23 „против“. Според законот, жителите ќе имаат право на даночни олеснувања во текот на целата година, а доколку ги исполнуваат условите за повеќе од една бенефиција, ќе можат да изберат една од достапните. Влегувањето во сила на законот е закажано за јануари 2027 година и ќе важи до 31 декември истата година. Законот, исто така, го овластува министерот за финансии да ја продолжи неговата важност за дополнителни периоди до две години, со одобрение од парламентарниот Комитет за финансии. Извештај на „Мир сега“ Израелската невладина организација „Мир сега“, која се спротивставува на политиката на населување, во извештај објавен кон крајот на мај изјави дека законот ќе класифицира десетици нелегални населби како области чии жители имаат право на значителни даночни олеснувања. Организацијата забележува дека првичниот нацрт на законот имал намера да ги прошири даночните олеснувања на сите населби, но неговиот опсег бил стеснет поради високите трошоци и забелешките на експертите. Конечната верзија се однесува на 58 нелегални населби. Според „Мир сега“, ажурираната верзија првенствено ги опфаќа нелегалните населби каде што поддршката за религиозната ционистичка партија е особено силна. Меѓународен статус на населбите Меѓународната заедница ги смета населбите изградени на окупираната палестинска територија за нелегални според меѓународното право и за голема пречка за решение со две држави. Откако ја презеде функцијата кон крајот на 2022 година, владата на Бенјамин Нетанјаху отворено се залага за значително проширување на активноста за населување. Според „Мир сега“, повеќе од 750.000 израелски доселеници живеат на окупираниот Западен Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.Тагови: доселеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБез јасен победник на изборите во Кнесетот. Претстојат преговори за обезбедување мнозинствоПо пребројувањето на гласовите од парламентарните избори во Израел нема јасен победник, двата главни блока се далеку од мнозинство во Кнесетот со 120 места.Блокот предводен од партијата ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху доби 53 места во Кнесетот, додека опозицискиот блок, предводен од партијата Јашар на поранешниот началник на генералштабот на изреаелската армија - Гади Ајзенкот, доби 48. Арапските партии обезбедија рекордни 19 места. Овој резултат значи дека Израел се соочува со веројатно тежок период на преговори за формирање влада, а не се исклучува и влада на национално единство бидејќи голем дел од еврејските партии одбиваат да коалицираат со арапските. Израелскиот претседател Исак Херцог ќе одржи консултации со лидерите на партиите избрани во кнесетот пред да ја додели задачата за формирање на влада на кандидатот за кој верува дека има најдобри шанси да обезбеди доволна поддршка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЖивотВидео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождовиВо познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната. Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу. Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат. Nevşehir Kapadokya'da peribacası çöktü. ▪️Ölü ve yaralılar olduğu bildiriliyor. https://t.co/4Kw3iBNdtV — Notify (@notifyhome) October 29, 2026 Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирењеВо петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио СтојановскиСостојки за денешниот рецепт: 250 гр. шпагети 150 гр. сирење 150 гр. кечап масло сол и малку магдонос Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter