Украинците тестираа опасен проектил: Треба да биде исто толку добар, но поевтин од американскиот - Канал 5

Украинците тестираа опасен проектил: Треба да биде исто толку добар, но поевтин од американскиот

„Фајер Поинт“, најголемиот украински производител на ракети и беспилотни летала, спроведе пробен лет на балистичка ракета што ќе биде основа за нов проект за систем за ракетна одбрана.

Украинците тестираа опасен проектил: Треба да биде исто толку добар, но поевтин од американскиот

„Фајер Поинт“, најголемиот украински производител на ракети и беспилотни летала, спроведе пробен лет на балистичка ракета што ќе биде основа за нов проект за систем за ракетна одбрана, изјави директорката на компанијата, Ирина Терек.

„Неодамна спроведовме исклучително важен тест: целосно контролиран маневар на летот на ракетата FP-7.X, што ќе биде основа на идниот пресретнувач на антибалистички ракети „Фреј“, објави Терек на платформата X, пренесува Ројтерс.

FP-7.X е варијанта на пресретнувачот на балистички ракети FP7 на „Фајер Поинт“, кој моментално е во фаза на развој и, според раководството на компанијата, ќе може да погодува и копнени цели.

Коосновачот на „Фајер Поинт“, Денис Штилерман, во април изјави за Ројтерс дека компанијата е во преговори со „некои европски компании“ за лансирање на нов систем за воздушна одбрана способен да соборува суперсонични балистички ракети, создавајќи поевтина алтернатива на американскиот систем за воздушна одбрана „Патриот“.

Самата ракета е само еден дел од системот за воздушна одбрана, а аналитичарите посочуваат дека најсложените делови од системот се копнената радарска мрежа и системот за водење инсталиран во проектилот.

Од почетокот на војната во Украина во 2022 година, Русија често извршува напади со балистички ракети.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Европа мора да ја забрза својата програма за антибалистичка ракетна одбрана.

Официјален Киев со месеци се жали на критичен недостиг на пресретнувачки ракети за системот за воздушна одбрана „Патриот“, единственото сигурно оружје за одбрана од балистички закани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.

РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат

Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените на нафтените деривати согласно Методологијата, утврдени се следните малопродажни цени на нафтените деривати: Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 99,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 101,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 104,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година 5 Изготвил: Јулијана Димоска-Исајловска и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 102,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 1,835 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.09.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 50,078 ден/кг.

РКЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата

Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи,  владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот.

Од полноќ нови цени на горивата

Ако дојде до драстичен раст и ескалација на цената на нафтата на светските берзи, владата е подготвена да преземе мерки за да го ублажи ризикот, но секој чекор ќе зависи од детална анализа на финансиските импликации врз буџетот, вели министерката за енергетика Сања Божиновска.

Од полноќ се очекуваат нови цени на горивата.. Маја се знае ли какви цени ќе има за горивата?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Владината делегација ја продолжува посетата во Њујорк, каде во фокусот се политичкиот дијалог со американската администрација но и европската перспектива на земјава.

 Мицкоски во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во Њујорк разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио. Според него, директната комуникација на високо политичко ниво е потврда за важноста на стратегиското партнерство меѓу Скопје и Вашингтон и можност за дополнително продлабочување на билатералните односи.

„Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.“- - Христијан Мицкоски.

Околу 130 шефови на држави и влади неделава се во Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде главни теми ќе бидат војните во Украина и на Блискиот Исток, глобалната безбедност, климатските предизвици и регулирањето на вештачката интелигенција а генералната дебата главниот дел со обраќања на светските лидери е од 22 до 28 септември.

Првиот човек на ООН, Антонио Гутереш, пред почетокот на генералната дебата повика на разум и на посветеност кон мирот во светот.

-Оваа недела, лидери од целиот свет, ќе се соберат во оваа иста соба, собата на Генералното Собрание на ООН. Мојата порака до нив е јасна: Дојдете за мирот, за достоинството за правдата и за хуманоста. Единствено со меѓународна соработка може да изградиме подобар свет. И никогаш не треба да се предадеме во борбата за тоа. изјави – Генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Мицкоски во четврток треба да се обрати пред светските лидери од говорницата на ОН, со што ќе биде заокружен политичкиот дел од посетата на САД.

Инаку вечерва по македонско време, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, ЌЕ се одржИ состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“. Домаќин е шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани, а покрај претставниците на шесте земји од Западен Балкан учествуваат и земјите членки на групата, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола. Главна тема е забрзувањето на европската интеграција на регионот.

Во меѓувреме, Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски се сретнаа и со македонската заедница во Њу Џерси. Македонската делегација од САД најави продлабочување на стратешкото партнерство со Вашингтон, инвестиции во антимон, дата-центри и енергетика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер